- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.880
- Поени од реакции
- 1.092
Пакетот што е на маса значи дека нашата земја би требало да добие покана за влез во алијансата на самитот во мај, но решение за спорот мора да се најде во рок од една година, оти во спротивно Грција нема да ја ратификува одлуката за членство
Македонија во Чикаго да добие покана за членство во НАТО, под услов во рок од една година заедно со Грција да се договори за име со географска одредница. Ова е планот за фазно решавање на прашањето за името што се турка по дипломатски канали, дознава „Дневник“. Пакетот што е на маса значи дека нашата земја би требало да добие покана за влез во алијансата на самитот во мај, но решение за спорот мора да се најде во рок од една година, оти во спротивно Грција нема да ја ратификува одлуката за членство. На тој начин властите во Атина ќе може да ја смират својата јавност дека ветото им останува како оружје, ако не се најде решение за спорот.
Според нашите информации, ваквата идеја била кованица на Вашингтон, а во Атина ја туркале социјалистите. Она што останува проблем е - кога би се распишал референдум во Македонија. Нашите извори велат дека во контекст на фазното решавање на спорот треба да се стави и вчерашната посета на Атина од страна на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Сепак, за пакетот нема потврда од властите во Македонија и во Грција.
Левицата е подобра за решение
Власис Власидис, грчки професор во одделот на балкански студии при Универзитетот на Западна Македонија во Северна Грција, вели дека решавањето на прашањето за името е врзано за изборите во Грција.
- С` зависи од изборите. Претходно не верувам дека ќе има радикални промени во надворешната политика, бидејќи тоа има влијание врз рејтингот на партиите. Во моментов, секој предлог, па дури и да доаѓа од САД, не е приоритет - вели Власидис.
Според него, дали ќе може да има решение на спорот до мај, зависи од два услова: кога ќе има избори и дали ќе победи левицата или десницата.
- Во Грција, по изборите ќе имаме нова политичка сцена. Решавањето на спорот за името зависи од распоредот на силите. Постојат две можности - ПАСОK и Нова демократија да бидат во заедничка влада, слично како што е сега, но со нов премиер, или пак влада што ќе ја сочинува левицата - анализира Власидис.
Според него, промени во позицијата на Грција за името може да има доколку левицата биде дел од власта.
- Ако има влада во која би биле ПАСОK, Демократската левица и Нова демократија, постои можност Грција да ја смени политиката за името, т.е. да прифатат нешто, да има напредок во преговорите. Тогаш би можело да се очекува попозитивен став за затворање на фронтовите со соседите - вели Власидис, кој објаснува дека с` уште не е сигурно дали изборите ќе се одржат во април. Според него, ќе биде тешко ако гласовите се насочат кон Нова демократија и кон ЛАОС.
Пападимас ја темпира средбата со Груевски пред избори
Оптимизмот дека грчката страна во моментов е спремна за компромис не постои по одговорот на грчкиот премиер Лукас Пападимас, кој му одговори на писмото на својот македонски колега Никола Груевски, со предлог да се сретнат во март.
Дипломатски извори велат дека грчката страна ја темпира средбата со цел да создаде перцепција дека се конструктивни, а непосредно пред изборите.
- Целата меѓународна заедница е свесна дека во вакви околности, со оваа техничка влада, невозможен е напредок - велат нашите извори. Од Владата, пак, не сакаат да коментираат ништо додека не помине средбата и не видат дали ќе има суштински преговори.
- Сепак, ја поздравуваме одлуката за средба која доаѓа по сериозно наше инсистирање и серија повици - велат од Владата.
Расмусен ги израдувал Грците
Прво решение за името, а потоа покана за Македонија за членство во НАТО, е пораката што ја испрати генералниот секретар на алијансата, Андерс Фог Расмусен, вчера од Атина. Повторувајќи го она што го кажа во декември по пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, Расмусен доби пофалби од грчките домаќини за својата позиција, но и барање од нив да помогне во надминување на проблемот.
- Kога ќе се реши името, ќе бидеме подготвени за преговори со владата во Скопје и оваа одлука с` уште важи – изјавил Расмусен во интервју за грчки медиуми.
Но, со оглед дека решение уште не е најдено, Расмусен додава дека ги поттикнува сите страни да сторат с` што можат за да го решат проблемот. Според него, тоа ќе биде подобро и за Грција, но и за сите сојузници од Западен Балкан кои сакаат да се приклучат во евро-атлантските структури.
Расмусен во Атина престојуваше по повод 60-годишнината од членството на Грција во НАТО и беше примен од грчкиот државен врв. Претседателот Папулјас му се заблагодарил на Расмусен за пренесените ставови. Грчкиот шеф на државата, како што изјавил, дури и се пошегувал со упорноста на Македонија во „менувањето“ на историјата и обидот Александар Велики да се претстави како „скопјанец“.
- Ја разбирате нашата чувствителност за ова прашање, со оглед дека нашиот северен сосед го задржува тврдиот став, иако ние пруживме рака и се однесуваме како добри соседи - се пожалил Папулјас пред првиот човек на НАТО.
Во рамките на престојот во Атина, Расмусен, заедно со министерот Димас, учествуваше и се обрати на конференцијата „Сегашни и идни перспективи за Грција и за НАТО“. И таму, а потоа и на конференцијата со новинарите не го споменал прашањето за името, но и тој и Димас јасно кажале дека начинот на одлучување во алијансата, за што ќе се зборува и во Чикаго, останува ист, со консензус и дека и Грција и НАТО ја поддржуваат интеграцијата на земјите од Западен Балкан откако ќе ги исполнат условите, вклучувајќи ги и добрососедските односи.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=34887D3D82369F498317D5EA20C1F431
Абе и НАТО и ЕУ нека идат во п.м.