Kина има раст од 10%...Западна Европа од патетични 1-2%. Целиот животен стандард во Западна Европа е илузија се е на сметка на раст и задолжувања.
Кога ќе имам шатор и кога на него ќе му ставам дрвена подлога да не седам на кал сум си го подобрил живеалиштето за 100%.
Кога ќе живеам во палатата на Хју Хефнер и кога ќе додадам нови прозори исти к ми е се.
Или друг пример....кога од 1 крава ќе купам уште една wow раст од 100%.
Кога на стадо од 100 крави ќе купам една нова мизерен раст од 1%.
Башка го забораваш фактот дека популацијата во Европа стагнира.Едно е милион луѓе да купат по 1 леб од 20 денар и да направат 20.000.000 денари БДП,а друго е кога 2ца ќе купат коли од 10.000.000 денари.
Тоа нема да трае вечно. Западна Европа има акумулирано капитал од времето кога имаа прав Капитализам и од крадење од колнии.
Да и од тоа време им останаа големите корпорации и гигантските фирми.Тие се денес тие што настапуваат на светскиот пазар,не државите.
БМВ има фабрики низ целиот свет,но седиштето е во Германија и сите главни истражувачки центри.
Во Германија се донесуваат сите важни одлуки,во Германија се носат заработените пари, во Германија се дизајнираат колите и се прават изумите,а во Египет се склопуваат колите (пример....има десетици фабрики низ целиот свет БМВ).
Сега тие ги јадат залихите сало. Кина има голем раст на плати во САД и европа тие стагнираат. Кина за 2-3 децении од 15% средна класа стигна на 65% се благодарение на капиталистичките реформи. Луѓето пополека во Кина од производители се префрлаат на потрошувачи. САД и Европа го изгубија производството и се само паразитии на светската економија. Секој може да троши ама секој неможе да произведува. Во САД 70% од БДП е потрошувачка во превод илузија која треба некогаш да се плати и врати назад. Тие живеат на купено време на кредит. До таму ги дотераа социјаните бенефеции и желбата за живот на вересија.
Прв болд.
Тоа е замката во која Кина лека полека влегува и пробува да ја избегне.Тоа е замка на среден доход.
Стануваат од производители и потрошувачи,но за разлика од западњаците таа нивна транзиција почнува за само 20 години од почетокот на индустријализацијата.
Западњаците век и половина беа производители пред да станат потрошувачи и натрупаа огромно богатство во тој период.Кинезите веќе ги покажуваат првите знаци на транзиција (погледнете си ја облеката,се почесто е шиено тоа во Бангладеш и Пакистан,а не во Кина) и немаа доволно време да натрупаат богатство.Сега тие пробуваат што повеќе да ја одложат трансформацијата.
Втор болд.....глупости.Да произведе може секој,да продаде е проблемот.На крајот од краиштата некој мора да троши за да се има производство.Само производство без продажба нема цел.Продажбата - трошењето е целта на производството.