H
Hip.Hop_MKD
Гостин
ПИРАТИТЕ ЈА МЕНУВААТ СТРАТЕГИЈАТА...
Pirate Bay: Нема веќе торенти
Текст: Д.П.
Софтвер | 14 февруари 2012
Најпопуларната светска страница за разменување на мултимедија, Pirate Bay соопшти дека го менува начинот на преземање на фајловите. Соочени со глобалниот притисок и силната борба против пиратеријата, најголемата светска интернет страница за разменување на торенти, соопшти дека на 29-ти февруари го менува начинот на преземање на содржините.
Од следниот месец размената на филмовите, музиката, игрите или софтверот ќе се разменуваат преку магнет линкови.
На нивниот блог се појави соопштение: „Одлучивме да ги прескокнуваме торент фајловите во иднина, а првиот чекор во таа насока ќе се случи на 29-ти февруари кога ќе ги укинеме торентите за сите датотеки што имаат повеќе од 10 пиери“.
Торент датотеките ќе бидат заменети со магнет линкови, што значи дека торентите сега ќе се симнуваат од компјутерите на корисниците, а не од страницата Pirate Bay. Очекувањата се дека тоа ќе донесе побавно преземање на содржини.
Минатата недела BTJunkie престана со работа, а Pirate Bay го смени доменот, па сега место .org нивната адреса завршува со .se за да ги спречат евентуални обиди за нивно затворање или цензура.
VIA KAJGANA.com: http://kajgana.com/pirate-bay-nema-vekje-torenti
Штом овие мењаваат тактика, па што да очекуваме од другите...