Pirate Bay: Нема веќе торенти

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ПИРАТИТЕ ЈА МЕНУВААТ СТРАТЕГИЈАТА...
Pirate Bay: Нема веќе торенти
Текст: Д.П.
Софтвер | 14 февруари 2012
Најпопуларната светска страница за разменување на мултимедија, Pirate Bay соопшти дека го менува начинот на преземање на фајловите. Соочени со глобалниот притисок и силната борба против пиратеријата, најголемата светска интернет страница за разменување на торенти, соопшти дека на 29-ти февруари го менува начинот на преземање на содржините.
pirate-bay-nema-vekje-torenti-73898.jpg
Од следниот месец размената на филмовите, музиката, игрите или софтверот ќе се разменуваат преку магнет линкови.
На нивниот блог се појави соопштение: „Одлучивме да ги прескокнуваме торент фајловите во иднина, а првиот чекор во таа насока ќе се случи на 29-ти февруари кога ќе ги укинеме торентите за сите датотеки што имаат повеќе од 10 пиери“.
Торент датотеките ќе бидат заменети со магнет линкови, што значи дека торентите сега ќе се симнуваат од компјутерите на корисниците, а не од страницата Pirate Bay. Очекувањата се дека тоа ќе донесе побавно преземање на содржини.
Минатата недела BTJunkie престана со работа, а Pirate Bay го смени доменот, па сега место .org нивната адреса завршува со .se за да ги спречат евентуални обиди за нивно затворање или цензура.

Штом овие мењаваат тактика, па што да очекуваме од другите...(n)
 
Од следниот месец размената на филмовите, музиката, игрите или софтверот ќе се разменуваат преку магнет линкови.
Значи неписмени сте... жими Мајкл.

Ова со магнетните линкови значи дека наместо торент фајл, за да симнеш еден филм на пример сега ќе ти биде доволен само еден линк. Нешто ко на eMule.
 
Ништо ново, ова се најавуваше од поодамна а и постои на некои сајтови како опција да бирате магнетен линк или торент фајл.

У секој случај ја има максимално да го оптеретам интернетов у наредни 2-3 месеци 24/7 ќе симињам :D
 
ne ttresi ziti se
koa mozele da ja sjebaat thepiratebay najgolema torrent zaeenica pa so ostalo za zmunda
koa ke se stavi na magnet tpb togas zamunda ke ja zapalat a ne zatvorat
kids

Кој филм ти е тебе бе? Шо ми е гајле која е најголема заедници?

Јас си кажав за мене од кај симињам, смири живци
 
Не скокајте одма, дали ќе шеруваме преку торенти или директни линкови па после нив преку некоја сосема нова технологија и се тоа нема многу да ни менува, се додека не се ратификува АСТА, до тој момент можат што сакаат да прават. Овие ќе сменат пак локација на сервери, ќе се кријат низ цел свет, нема туку така да замине преку ноќ пиратеријата. Сепак најголема закана ќе ни бидат провајдерите доколку секако се оствари договорот.

Ништо ново, ова се најавуваше од поодамна а и постои на некои сајтови како опција да бирате магнетен линк или торент фајл.

У секој случај ја има максимално да го оптеретам интернетов у наредни 2-3 месеци 24/7 ќе симињам :D

Се најавуваат и микрочипови наместо лични карти, за поголема контрола врз глобалното население, зарем мислиш дека од денес за утре ќе исчезне шерувањето, пиратски страни постоеле и ќе постојат без разлика преку кој метод ќе се шерува, па дури и денес во САД има правни последици за пиратерија, сепак се шерува, дури и провајдерите кои би го контролирале секој бајт пак ќе постои можност за некакво заобиколување, ние се земаме здраво за готово, и овој пишан текст како и милиони пред него не значат автоматски крај на торент.
 
Не скокајте одма, дали ќе шеруваме преку торенти или директни линкови па после нив преку некоја сосема нова технологија и се тоа нема многу да ни менува, се додека не се ратификува АСТА, до тој момент можат што сакаат да прават. Овие ќе сменат пак локација на сервери, ќе се кријат низ цел свет, нема туку така да замине преку ноќ пиратеријата. Сепак најголема закана ќе ни бидат провајдерите доколку секако се оствари договорот.

Се најавуваат и микрочипови наместо лични карти, за поголема контрола врз глобалното население, зарем мислиш дека од денес за утре ќе исчезне шерувањето, пиратски страни постоеле и ќе постојат без разлика преку кој метод ќе се шерува, па дури и денес во САД има правни последици за пиратерија, сепак се шерува, дури и провајдерите кои би го контролирале секој бајт пак ќе постои можност за некакво заобиколување, ние се земаме здраво за готово, и овој пишан текст како и милиони пред него не значат автоматски крај на торент.

тоа е тоа

иначе сите се уплашени http://www.demonoid.me/ мака нема а и никој го нема спомнато еден од нај големите торент тракери
 
Кој филм ти е тебе бе? Шо ми е гајле која е најголема заедници?

Јас си кажав за мене од кај симињам, смири живци
И шо мислиш ти ако ги затворат сите познати торент страни, замунда ќе функционира како што треба, а?
 
Токму така, ако искочи нешто додека дојде на замунда потребни ќе бидат месеци...Што значи ако другиве торент тракери ова им го направат, замунда нема од кај да се “храни“...
 
Решение веќе постои и се вика tribler, комплетно децентрализиран торент клиент кој што овозможува директно пребарување на торентите на неговите корисници. Го тестирав пред едно пола година и може да кажам дека е ептен солидна ствар.
 
Напредна верзија на емуле и останати срања кои беа користени пред 10тина години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom