Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ај да прашам јас нешто, пошто гледам па се палиме со НАТО.

Албанциве ги разбирам зошто инсистираат на НАТО, пошто од таму ја црпат силата за остварување на нивната национална идеја.
Што барамае ние Македонците во таа организација ?

Да потсетам.
Западот е менаџер на новата територијална поделба како и на рамковниот договор со кои е срушен АСНОМ но и земјата е поделена по национална линија како предчекор кон федерализација и отцепување и тоа во моментот одма одкако ќе го стабилизираат Косово.

Ако е тоа бенефит за нас Македонците, аферим на науката, НАТО и само НАТО до последен.
Знаеме де, Русија му е мајката.

:icon_lol:
 
shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
НАТО e единствената организација што ни гарантира територијален интегритет, затоа сакаме таму. Во превод, ако влеземе во НАТО нема делење на државата.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.124
Поени од реакции
9.544
НАТО e единствената организација што ни гарантира територијален интегритет, затоа сакаме таму. Во превод, ако влеземе во НАТО нема делење на државата.
Егзекли. Тоа е се што ме интересира. Јебеш ЕУ, али кога ке влезеш во нато сите други членки ти ги признаваат границите (пред се Албанија и Бугарија пошто не верувам дека Португал може да му текне нешто околу нашата територија)
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
НАТО не те брани од внатрешни немири.
Македонија се чува самата себе, тука се судараат различни интереси и се неутрализираат истите.
Главната опасност по Македонија се проектите кои се вградија во неа, а тоа се новата територијална поделба која ќе еволуира во федерална единица и која ќе добие системска подршка од внатре, од рамковната администрација. Тоа не се мои проекти, тоа се проекти на западната заедница која е и креатор на НАТО.
Ако имате во тоа сигурност и среќа, така нека биде.

Да, преродена Русија и преродени словенски народи се спасот за Македонија, Русија, Србија, Украина, Белорусија, Црна Гора, Босна, Чешка, Полска, Словачка итн итн...
Нели во демократија треба да има судар на идеи и проекти.
Или НАТО и ЕУ е алфа и омега за се, дури и Бог треба да молчи пред нив.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257

Што? Русија? незнам колку ги пратиш вестите,но пред неколку дена Путин изјави дека Алкесандар Македонски бил Грк, а со тоа автоматски се покажа за кого навива,кога е во прашање Грција и Македонија..
Русија никогаш не беше пријател на Македонија, и разберете веќе еднаш засекогаш во политиката има само интереси,а не и пријателства..:tapp:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Егзекли. Тоа е се што ме интересира. Јебеш ЕУ, али кога ке влезеш во нато сите други членки ти ги признаваат границите (пред се Албанија и Бугарија пошто не верувам дека Португал може да му текне нешто околу нашата територија)
Сека една држава во светот,коjaто е признала вашата независност е признала и вашиот интегритет и териториална целост.
 
H

HITCH

Гостин
Сека една држава во светот,коjaто е признала вашата независност е признала и вашиот интегритет и териториална целост.
Не, вашата држава не` признава како Македонија, но не го признава народот. Ако нешто му спориш некому, тогаш значи дека не го почитуваш неговиот интегритет.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Што? Русија? незнам колку ги пратиш вестите,но пред неколку дена Путин изјави дека Алкесандар Македонски бил Грк, а со тоа автоматски се покажа за кого навива,кога е во прашање Грција и Македонија..
Русија никогаш не беше пријател на Македонија, и разберете веќе еднаш засекогаш во политиката има само интереси,а не и пријателства..:tapp:
Во политиката има традиција, култура, економија, интереси.
На Путин нит му беше поентата Александар ниту да го престави како Грк. Го читав целото негово интервју, а тоа што тука така е пренесено не е ни чудно, тука континуирано се моделира македонското јавно мислење во полза на НАТО и ЕУ, а ни велат излеговме од едноумието.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не, вашата држава не` признава како Македонија, но не го признава народот. Ако нешто му спориш некому, тогаш значи дека не го почитуваш неговиот интегритет.
Това са ваши фантазии. Териториалната целост и границите са признати от сите држави,които са признали независноста на РМ.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 15:06 ---
Во политиката има традиција, култура, економија, интереси.
На Путин нит му беше поентата Александар ниту да го престави како Грк. Го читав целото негово интервју, а тоа што тука така е пренесено не е ни чудно, тука континуирано се моделира македонското јавно мислење во полза на НАТО и ЕУ, а ни велат излеговме од едноумието.
А не е едноумие да гледаш само ком Русиja?
 
H

HITCH

Гостин

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Това са ваши фантазии. Териториалната целост и границите са признати от сите држави,които са признали независноста на РМ.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 15:06 ---

А не е едноумие да гледаш само ком Русиja?
Мор фми, иако се боревме против едноумието во комунизмот испадна дека западното едноумие е десет пати бетер од комунистичкото.
Јас од 1990 слушам само за НАТО и ЕУ, Русија е спомната само во делот на број на мртви од алкохол и други црни вести.
Они го моделираат нашето мислење, нема судар на идеи, на концепти, па да видиме во една здрава дискусија што значи денеска НАТО што значат евроазиските интеграции кои ги водат Русија и Казахтсан.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Стефани Бабст: НАТО ќе се држи до одлуката во Букурешт

14.02.2012 - 11:36 |
НАТО ќе се држи до одлуката во Букурешт. И покрај правната победа во Хаг, функцонерката задолжена за јавна дипломатија на НАТО ја отфрли можноста на престојниот Самит во мај да биде ревидирана актуелната одлука за Македонија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/stefani-babst-nato-ke-se-drzi-do-odlukata-vo-bukuresht
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Замислете одлуката од Хаг да беше обратна, односно Македонија да се осудеше.
Главата тука ја ставам дека секоја недела ќе имавме реденка од виткање часовници пред Собрание на РМ + соросоиди со наведнати кичми.

Што бараме во клуб каде сме рангирани како третокласен народ рз кои се дозволени етнички чистења, експериментални проекти итн.

Касно да не ни биде свестувањето, голем дел од земјите заземаат страна, да не биде после дека и во евроазија не не сакаат.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Касно да не ни биде свестувањето, голем дел од земјите заземаат страна, да не биде после дека и во евроазија не не сакаат.
А сега не сакаат? Имало некоја посета од Путин или било кој друг политичар да понуди нешто?
Имаат они некој предлог? Која е алтернативата на НАТО?
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
А сега не сакаат? Имало некоја посета од Путин или било кој друг политичар да понуди нешто?
Имаат они некој предлог? Која е алтернативата на НАТО?
Дали се сеќавате некои големи и познати политичари во светот да ја посетат Македонија???
Например, Барак Обама,Никола Саркози, Ангела Меркел, или ако сакате и поранешните председатели да ги спомнам? Џорџ Буш,Тони Блер, Жак Ширак итн,??
Македонија уште од кога стана независна земја уште од 1991,јас не се сеќавам некои големи и познати политичари да не посетат? Сем Турскиот премиер Ердоган, и тој е голем политичар,ама освен него јас не се сеќавам некој да дојде кај нас, барем Русите да не посетат,ево например Путин или Медведев да дојдат, што е ова работа?? Навистина сме заобиколени!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom