Според тебе која агенција е најдобра за тоа. Јас америка бев преку Коузон, ама викаат заебани биле за данок враќање. Вистина ли е дека најдобро е преку Наром да си ги земеш парите? И до кога најкасно треба да се заврши оваа работа.
И јас бев преку Коузон и денес аплицирав преку нив за данокот. Не знам која агенција е најдобра, слушнав и јас за Наром дека е добро со нив, ама сепак се решив за Коузон. За Наром знам дека плаќаш 1500 ден а во Коузон 500 ден. Во Коузон ти ги враќаат парите преку rttax и за износ на данокот над $800 земаат 10%, за под $800 мислам дека беше 5%. Во Наром го враќаат целиот износ на Federal tax а за State tax не беа сигурни дали го враќаат цел износ.
Постапката со rttax трае од 3 до 4 месеци а има и две опции за побрзо враќање, едната е да ти го вратат данокот во рок од 45 дена а другата во рок од 7 дена. И двеве опции се наплаќаат дополнително.
Инаку треба да си поднесеш до крајов на месецов зошто после тоа можеби ќе треба да ја чекаш наредната година, бар така прочитав на нет.