Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Зашо бе па така кажав уште од претходно :mad::mad::mad::mad:
И веќе заборавивме за што зборуваме стигнавме до САД и до ујгурите во кина :) Ај да живее Македонија, Македонија на Македонците!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

И кај тебе се јави чуство на патриотизам :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Зашо бе па така кажав уште од претходно :mad::mad::mad::mad:
И веќе заборавивме за што зборуваме стигнавме до САД и до ујгурите во кина :) Ај да живее Македонија, Македонија на Македонците!
Морам да ти признаам дека си фајтер :)

Не мора да зборуваме за Македонија, темава е општо за патриотизмот.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Зашо бе па така кажав уште од претходно :mad::mad::mad::mad:
И веќе заборавивме за што зборуваме стигнавме до САД и до ујгурите во кина :) Ај да живее Македонија, Македонија на Македонците!
Не се лути де, го гледам Јанко Буреков на патеи затоа имам инспирација со вакви клипови. :D
Ти викаш дека секој кој е Македонец би требало да го има тоа чуство и дека е тоа вродено и ненаметнато од пропаганда, од друга страна за Питу Гули викаш дека нема врска што не бил Македонец и не можеш да го објасниш како може да ее тоа чуство кај него природно кога не е Македонец.
Фала што ме љубиш многу и покрај тоа што те нервирам. По документ сум од нашите. :D
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 13:10 ---
Освен да си ја сакаш мајка ти нема ниедно друго вродено чуство.
Дарвинисту еден, ами Бог?
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Не се лути де, го гледам Јанко Буреков на патеи затоа имам инспирација со вакви клипови. :D
Ти викаш дека секој кој е Македонец би требало да го има тоа чуство и дека е тоа вродено и ненаметнато од пропаганда, од друга страна за Питу Гули викаш дека нема врска што не бил Македонец и не можеш да го објасниш како може да ее тоа чуство кај него природно кога не е Македонец.
Фала што ме љубиш многу и покрај тоа што те нервирам. По документ сум од нашите. :D
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 13:10 ---

Дарвинисту еден, ами Бог?
Сега јас не го знам личниот мотив за учеството на Питу Гули, но Илинденското востание прераснало во нешто повеќе од чисто создавање национална држава на Македонците. Тоа бил и општ револт против системот на угнетување па затоа Македонците се надевале и на поддршка дури и од Турците. Друг факт е дека Власите се мала етничка група која не можела да создаде ниту пак имала амбиции да создаде своја држава.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89

Сите тие востаници што се обидувале да ја ослободат Македонија преку Илинденското востание се бореле да создадат мултиетничка независна држава Македонија, а сите внатре ќе бидат сметани за македонци. Тоа не значело дека се создава национална држава Македонија. Во Македонија никогаш немало идеја да се создаде национална држава. Тоа можеш секаде да го провериш. Еве Питу Гули и останатите се класични патриоти кои се бореле да ја ослободат државата, но не националисти кои се бореле за создавање нивна национална држава. Благодарејќи на тој патриотизам тие го достигнале она што го достигнале.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 13:18 ---
Само реков дека е природно, а не резултат на некаква пропаганда како што сакаат да кажат некои.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 12:55 ---

Сега нели зборувавме за модерни национални држави? :) Инаку не спорам дека секој може да се декларира како сака, но времето покажува дали е тоа нешто вештачки создадено или реално.
Што е повештачко според тебе, национална држава или држава потпрена на мултинационалност?
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Сите тие востаници што се обидувале да ја ослободат Македонија преку Илинденското востание се бореле да создадат мултиетничка независна држава Македонија, а сите внатре ќе бидат сметани за македонци. Тоа не значело дека се создава национална држава Македонија. Во Македонија никогаш немало идеја да се создаде национална држава. Тоа можеш секаде да го провериш. Еве Питу Гули и останатите се класични патриоти кои се бореле да ја ослободат државата, но не националисти кои се бореле за создавање нивна национална држава. Благодарејќи на тој патриотизам тие го достигнале она што го достигнале.
Охо теоријата на Бугарите? Значи во регион со национални држави само Македонците биле "далекугледи" и заборавиле на зулумите од своите соседи и сакале мултикулти држава? И уште повеќе да не биле националностите Македонците немале ни да подигнат востание ниту пак да имаат држава? уау.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Охо теоријата на Бугарите? Значи во регион со национални држави само Македонците биле "далекугледи" и заборавиле на зулумите од своите соседи и сакале мултикулти држава? И уште повеќе да не биле националностите Македонците немале ни да подигнат востание ниту пак да имаат држава? уау.
А, кога тоа на балканов имало идеи за создавање национални држави? Теоријата за такво создавање на држави не се појавува секаде во светот односно Европа.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
А, кога тоа на балканов имало идеи за создавање национални држави? Теоријата за такво создавање на држави не се појавува секаде во светот односно Европа.
Како тоа кога имало идеи? Па каква држава е денес во 21 век Грција? Па таму не се признаваат малцинства. Е само ние Македонците сме биле такви космополити уште во 19 век па сме сакале граѓанска држава. Не заебавај овие се комунистички теории. И упште едно прашање, дали си ти чист Македонец? :)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Како тоа кога имало идеи? Па каква држава е денес во 21 век Грција? Па таму не се признаваат малцинства. Е само ние Македонците сме биле такви космополити уште во 19 век па сме сакале граѓанска држава. Не заебавај овие се комунистички теории. И упште едно прашање, дали си ти чист Македонец? :)
Прочитај го Крушевскиот Манифест. Таква мултикултурност нема да има во Грција ни за 100 години.
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода...
 
Добро нели имаше и тема за валидноста но тој документ, но еве и да е вистинит. Нема ништо лошо во него, но едно се декларации друга е ситуацијата на терен. Дали некој има податоци колку Власи, Турци, Албанци учествувале во Илинденското востание? За власи сум чул ама другиве некако на прсти се бројат ако воопшто ги има.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Како тоа кога имало идеи? Па каква држава е денес во 21 век Грција? Па таму не се признаваат малцинства. Е само ние Македонците сме биле такви космополити уште во 19 век па сме сакале граѓанска држава. Не заебавај овие се комунистички теории. И упште едно прашање, дали си ти чист Македонец? :)
Тоа дали Грција ги почитува правата на малцинствата е многу различно од желбата да создадат држава на нацијата грци каде што другите ќе бидат подредени народи. Класичен пример за национална држава е поранешната Нацистичка Германија и видовме како заврши. Но, тоа е кога сакаш да ги уништиш и експлоатираш сите други народи.
Чист сум, дали се посомнева поради тоа што не сакам национална држава и подредување на останати народи?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Добро нели имаше и тема за валидноста но тој документ, но еве и да е вистинит. Нема ништо лошо во него, но едно се декларации друга е ситуацијата на терен. Дали некој има податоци колку Власи, Турци, Албанци учествувале во Илинденското востание? За власи сум чул ама другиве некако на прсти се бројат ако воопшто ги има.
Македонија денешна и Илинденското Востание е во основа етничко Македонско други биле во многу помали броеви. И тогаш имало етнички поделби и национализми.
 
--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Globalizacijata i Multikulturalizmot se otideni tolku napred, sto vekje e nevozmozno da se vrati vremeto nazad vo sredniot vek t.e. povtorno da postojat nacionalni drzavi !
Spored mene Nacionalizmot i Patriotizmot se vestacki nametnati raboti od sredinata, kako i od samata drzava i sistem, no ne se prirodni raboti, koi bi se pojavile samite kaj sekoj eden poedinec !
Sozdavanjeto na nacii se slucuvalo vo 18 vek, pred toa ne postoele nacii, tuku samo teritorii i pleminja !
E sega kako se sozdale naciite ?!!
Naciite se vestacki tvorbi, a se nepraveni na princip na zaednicki belezi pomegju odredena pogolema grupa na lugje, na pr. na edna opredelena teritorija ziveat povekje pleminja, no zborat na ist/slicen jazik, imaat isti/slicni obicai, kultura, imaat ista religija i op ete ti edna nacija !
No na toj princip bile vestacki kreirani naciite pred dva-tri veka, deneska rabotite se promeneti !
Deneska vo sekularizmot, religijata ne igra vekje nikakva uloga, starite narodni obicai/tradicii izumiraat poradi modernoto vreme i poradi brziot razvoj na naukata, tehnologijata... sekoj covek si ima sopstven nacin na zivot, sopstveni razmisluvanja, sopstven zivot, e sega edinstveno vrz baza na istiot jazik, nacija !!!
Sekoj covek si bara lugje slicni sprema sebe, bez razlika od koja nacija ili religija se i moze nekoj sto e pripadnik na druga nacija, da ti bide podobar prijatel, otkolku nekoj sto ete vrz baza na nekoi "zakoni" ti e brat po krv t.e. po nacija(vestacka tvorevina) !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom