Toecutter
Biafran Baby
Не би се согласил. Странците се прифатливи се додека не почнат да ги земаат „убавите“ работни места. Во тој момент стануваат мета за отстрел, доколку во меѓувреме не се асимилираат кон доминантната заедница, нормално.
Па да, на пример NAFTA договорот или outsorcing-от во НР Кина, Индија, Бангладеш и Индонезија...странците сепак ги земаат работните места, поточно работните места одат кај странците.
Stars, stripes & sweatshops.
Можеби, ама многу корисна алатка. Секогаш можеш да ја искористиш, за на одредена група на луѓе им ги разбудиш нагоните што природно ги имаат. Нагоните тешко дека некогаш ќе изумрат, па така и национализмот. Затоа, од практични причини, е подобро да научиш да го користиш, отколку да се трудиш да го победиш. Ова второво е борба со ветерници.
Национализмот не е нагон.
Не постои такво нешто.
Ако се запрашаш кој има практична корист од национализмот ќе дојдеш до одговор и зошто постои.
Каква корист би имал просечен граѓанин, надвор од навивачки еуфории и слични инфантилизми?
И за ТБЦ немало лек па умирале милијарди низ историјата.
Смртта е смрт, страдањето е страдање, дали поради бактерија или поради замислено другарче во главите на рајата програмирана да има емоционална реакција на имагинарни креации...е сеедно.
Балканот/екс-Ју земјите се класичен пример.
се знае кој го водел главниот збор одметнатите англичани друг не. Иначе на пример и ние кога ја создадовме оваа денешна Македонија во 1991 година, не бевме сами. Имаше и Албанци. Турци, Срби и тн. но факт е дека доколку не беше волјата на мнозинството Македонци по род оваа држава можеше и да не постои. Албанците на пример беа воздржани во тој процес. Муабетот е дека и историски гледано не можеме ги вреднуваме исто напорите на сите граѓани без оглед на потеклото во создавањето на една држава. Тоа е процес кој трае со години и докажување на лојалноста. Затоа сега имаме конфликти, затоа што не е лесно да се премине преку фактот дека татко му или дедо му на некого се борел против твојот дедо или татко во 1945, 2001 или ако си од западна Македонија раниот 20 или 19 век. Затоа треба луѓето да бидат искрени и да кажат што чини што не чини и да си расчистат со историјата и со тоа што сакаат во иднина.