Ако е вродено чувство ќе го поседува секој.
Ај да направиме една ваква анализа.
Кога човекот ќе направи нешто неочекувано , како на пример нема да помогне на некого, а за истото се очекува да помогне и секој човек би помогнал, велиме ова што го направи не е човечки. Значи се очекува од човекот да се однесува човечки во сите ситуации кои го опркужуваат. Или кога ќе речат за некого ти не си од мајка роден, значи дека се чудат како не постапува онака како што постапуваат луѓето. Значи човекот поседува такви чувства во мозокот кои во текот на животот се развиваат и се манифестираат во зависност од развитокот. Чувството за заеднички живот со другите луѓе, чувството за солидарност, , чувството на дефанзива кога доваѓа опасност по егзистенција, дефанзивно однесување кога се загрозени луѓето кои го опркужуваат човекот и неговите најмили, чувството за припаѓање некаде. Она што човекот го бара во животот е да се признае неговата припадност онаму каде што тој сака и мисли дека припаѓа и се осеќа најкомотно. Човекот се раѓа за да биде свој и различен од другите, а се групира онаму каде што има такви како што мислат како него Така настанале племињата, така настанале религиите, така настанале државите. Коренот на племето е заедничката припадност и солидарноста меѓу нив. Сите тие заедно обработувале, заедно јаделе, заедно живееле, заедно се бранеле. Религиите настанале со стварање колектива, заедничка припадност и солидарност. Таа солидарност кој ја има секој човек во себе за да опастане во човештвото, да го покаже она човечкото во него. Како луѓето се развивале нивните заедници оделе на повисок степен. Дошле на ред државите. Таа заедничка организација, од обична работничка организација настанала организација која се занимавала со многу други работи. Со духовно задоволство на човекот, освен егзистенцијално. Она заедничкото што го имале можеби било помало за разлика од порано, имајќи во предвид дека бројот на заедничарите се зголемил и сите се делеле на на области што ги занимаат. Како се зголувал кругот на занимливости и стил н живот во државите така се променувале и луѓето. Чувството за припадност еволуирало, не било исто како во првобитните заедници, а тоа е сосема нормално. Светот е голем и нормално дека луѓето ќе се делат по многу држави, во зависност од нивната култура, религија, начин на живот и уште многу други нешта. Тоа не е нешто негативно, тоа е природно.
Патриотизамот е дел од таа солидарност меѓу луѓето, потребата од припаѓањето во заедница и потребата од општење и соработување со луѓе за заедничка егзистенција. На човекот му е потребен човек. Така градено со генерации, генерации останала таа потреба на луѓето. Таа е сосем природно. Затоа човекот граѓаните во својата држава ги осеќа поблиски од оние на другиот крај во светот. Тоа не е поради тоа што се ширела пропаганда за да биде така, туку тоа е тоа чувство на припадност и желба за чување на истото. Човек сака да околината да му е безбедна, да го чува и негува она што е негово и да има блиски околу него. Луѓето се чувствуваат поблиски кога јја делат својата култура, имаат заеднички живот организиран во, една денес модерна држава, и чувството за заедничка припадност и солидарност е нормална.
Нормално не може сите да го имаат истото, не се роботи, секој не е добар, секој не помага, некој не почитува постари, некој нема морални вредности такви што имаат другите, некој убива, некој краде.
Ако човечноста е вродена во човекот, зошто сите ја немаат?