Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Како тоа некој Македонец од село Цвирипичино по крв е поврзан со тебе?
А зар не треба да чувствуваш припадност кон сите, затоа што се пред се луѓе?
И повторно, што ти делиш со македонец од село Свирипичино, а не делиш со албанец од Скопје? Ако е само до место на живеење, тогаш дали сите етнички заедници во државава ги соживуваш еднакво?
Не зборев во моментов дека имам роднинска врска туку низ вековите. Заедничкиот јазик, култура не се создале туку-така и чувство за припадност не се создале со декрет (освен ако не веруваш на бугарската теорија за создавањето на македонската нација). Инаку силното чувство за припадност на една нација не го попречува чувството за припадност на човештвото. Само е прашање на приоритет кај еден човек. Јас себеси се сметам за националист, ја ставам нацијата пред се. нација во етничка смисла. Со селанецот од Свирипичино (твоето виртуелно село) делам тоа што споменав и претходно национална припадност (како најбитна), јазик, култура, историја. 1903 се бореа и луѓе од Скопје и луѓе од "Свирипичино" но пред се Македонци. Местото на живеење особено во денешно време е релативно кога се полека слабее моќта на националните држави, додуша кај нас не ни постоела национална држава. Мене ми е поблизок Македонец од Сандански отколку Албанец од Бит Пазар. Со него можам да врзам муабет на македонски јазик, да испееме заедничка македонска песна а на крај може и да испаднеме роднини. Со Албанец тешко да направам нешто од тие работи. Може и ќе излезе нешто ама не е тоа тоа.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549

Значи за тебе поделбата на луѓе со кои можеш да испееш македонска песна или не е поважен од поделбата на добри и лоши луѓе без разлика на националната припадност?
Без разлика дали имаме исти јазик, култура и историја, се се сведува на добри и лоши луѓе, на поштени и користољубиви, и се се сведува на луѓе, тука етникумот нема никакво значење.
Да ти објаснам со хипотетичка ситуација.
Имаш ќерка и време е да ја жениш, таа се мисли помеѓу двајца, едниот е Албанец, вреден, поштен, културен, од образувано семејство и добра егзистенција, другата опција е македонец, пијаница, коцкар, лажго кој ја изневерува ќерка ти со други.
Со кој попрво би сакал ќерка ти да се ожени?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Патриотизмот и национализмот се најголемото зло за човештвото, еуфорична и вештачка комфорност под етикетата на мнозинството, кое ја прави индивидуата да се чуствува повозвишено, поидеалистички и да наоѓа лажна утеха за некоја вредност во идеалите со кој ќе се храни суетата на поединецот дека е нешто посебно и вредно.
Патриотизмот е вроден колку што е вродена и љубовта кон Јувентус, Милан, Наполи.....и останатите фудбалски клубови.
Сите конфликти, војни и поделби во својата срж како причина го имаат менталниот склоп на "Патриотот" или "Националистот".
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Ако е вродено чувство ќе го поседува секој.
Ај да направиме една ваква анализа.
Кога човекот ќе направи нешто неочекувано , како на пример нема да помогне на некого, а за истото се очекува да помогне и секој човек би помогнал, велиме ова што го направи не е човечки. Значи се очекува од човекот да се однесува човечки во сите ситуации кои го опркужуваат. Или кога ќе речат за некого ти не си од мајка роден, значи дека се чудат како не постапува онака како што постапуваат луѓето. Значи човекот поседува такви чувства во мозокот кои во текот на животот се развиваат и се манифестираат во зависност од развитокот. Чувството за заеднички живот со другите луѓе, чувството за солидарност, , чувството на дефанзива кога доваѓа опасност по егзистенција, дефанзивно однесување кога се загрозени луѓето кои го опркужуваат човекот и неговите најмили, чувството за припаѓање некаде. Она што човекот го бара во животот е да се признае неговата припадност онаму каде што тој сака и мисли дека припаѓа и се осеќа најкомотно. Човекот се раѓа за да биде свој и различен од другите, а се групира онаму каде што има такви како што мислат како него Така настанале племињата, така настанале религиите, така настанале државите. Коренот на племето е заедничката припадност и солидарноста меѓу нив. Сите тие заедно обработувале, заедно јаделе, заедно живееле, заедно се бранеле. Религиите настанале со стварање колектива, заедничка припадност и солидарност. Таа солидарност кој ја има секој човек во себе за да опастане во човештвото, да го покаже она човечкото во него. Како луѓето се развивале нивните заедници оделе на повисок степен. Дошле на ред државите. Таа заедничка организација, од обична работничка организација настанала организација која се занимавала со многу други работи. Со духовно задоволство на човекот, освен егзистенцијално. Она заедничкото што го имале можеби било помало за разлика од порано, имајќи во предвид дека бројот на заедничарите се зголемил и сите се делеле на на области што ги занимаат. Како се зголувал кругот на занимливости и стил н живот во државите така се променувале и луѓето. Чувството за припадност еволуирало, не било исто како во првобитните заедници, а тоа е сосема нормално. Светот е голем и нормално дека луѓето ќе се делат по многу држави, во зависност од нивната култура, религија, начин на живот и уште многу други нешта. Тоа не е нешто негативно, тоа е природно.
Патриотизамот е дел од таа солидарност меѓу луѓето, потребата од припаѓањето во заедница и потребата од општење и соработување со луѓе за заедничка егзистенција. На човекот му е потребен човек. Така градено со генерации, генерации останала таа потреба на луѓето. Таа е сосем природно. Затоа човекот граѓаните во својата држава ги осеќа поблиски од оние на другиот крај во светот. Тоа не е поради тоа што се ширела пропаганда за да биде така, туку тоа е тоа чувство на припадност и желба за чување на истото. Човек сака да околината да му е безбедна, да го чува и негува она што е негово и да има блиски околу него. Луѓето се чувствуваат поблиски кога јја делат својата култура, имаат заеднички живот организиран во, една денес модерна држава, и чувството за заедничка припадност и солидарност е нормална.
Нормално не може сите да го имаат истото, не се роботи, секој не е добар, секој не помага, некој не почитува постари, некој нема морални вредности такви што имаат другите, некој убива, некој краде.
Ако човечноста е вродена во човекот, зошто сите ја немаат?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Мене ми е поблизок Македонец од Сандански отколку Албанец од Бит Пазар. Со него можам да врзам муабет на македонски јазик, да испееме заедничка македонска песна а на крај може и да испаднеме роднини. Со Албанец тешко да направам нешто од тие работи. Може и ќе излезе нешто ама не е тоа тоа.
"Програмирање". Наместо во традиционално македонско семејство, човек да е посвоен и израснат во Сиракуза, Шипковица, Малме или Јонкопинг ќе го испрограмираат малку поинаку.
 
M

Moon Child

Гостин
Патриотизмот и национализмот се најголемото зло за човештвото, еуфорична и вештачка комфорност под етикетата на мнозинството, кое ја прави индивидуата да се чуствува повозвишено, поидеалистички и да наоѓа лажна утеха за некоја вредност во идеалите со кој ќе
Човек што нема ништо најлесно е да му продадеш идеали и да му наметнеш било каква пропаганда, па нека е и патриотизмот. Тој што нема ништо секогаш ќе се теши колку била убава земја Македонија, ќе се чука во гради дека е негова, а освен дворно место јадниот нема ништо друго што е на негово име. До душа некои ни тоа го немаат. Патриот не е оној кој не оди во Грција/Бугарија на одмор, тој е партиска овца пошто така му кажуваат надлежните и така го стрижат.

Прст не мрднале да променат нешто во државава, сите се свесни дека нешто труе овде, а никој не превзема ништо конкретно, а ми се кажуваат патриоти. Не бе брате, не си патриот ако имаш книшка вмро и се дереш по митинзи за патриотот грујо (намерно е со мала буква). Кој бе патриот си ти чоивече, што имаш ти придонесено за овој народ, имаш ли излезено на протест и да викаш гласно против она што труе во државата за доброто на цел народ а не за доброто на поединци од партијата?
Излезе ли да протестираш кога го убија детено на плоштад?
Излезе ли да протестираш кога ги помилуваа терористите летото?
Си излегол ли еднаш да протестираш против покачувањето на горивата/храната/лебот/парното итн?
Излезе ли лани да протестираш со тутунарите/лозарите и останатите како знак на солидарност?
Ма немој да ме јебеш бре, патриоти... Ако имаше патриоти секојдневно ќе имаше кој да каже НЕ на некои работи, затоа што патриоти се оние кои сочувствуваат со цел народ и на овој или оној начин се грижат за него, не седат удобно во администрациската фотеља која ја добиле по пат на врескање по митинзи и лепење плакати, додека други умираат за леб!
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Значи за тебе поделбата на луѓе со кои можеш да испееш македонска песна или не е поважен од поделбата на добри и лоши луѓе без разлика на националната припадност?
Без разлика дали имаме исти јазик, култура и историја, се се сведува на добри и лоши луѓе, на поштени и користољубиви, и се се сведува на луѓе, тука етникумот нема никакво значење.
Да ти објаснам со хипотетичка ситуација.
Имаш ќерка и време е да ја жениш, таа се мисли помеѓу двајца, едниот е Албанец, вреден, поштен, културен, од образувано семејство и добра егзистенција, другата опција е македонец, пијаница, коцкар, лажго кој ја изневерува ќерка ти со други.
Со кој попрво би сакал ќерка ти да се ожени?
Извади од контекст што кажав и ја потенцираше песната...Значи никаде не стана збор за добар или лош човек. Јас ти викам вака ти доаѓаат двајца непознати (освен националност) едниот е Македонец другиот икс и ти викаат помогни ми (можеш само на еден да му помогнеш), му помагам на братот се разбира :). Се тепаат Македонец и Албанец на улица не ги познавам ни двајцата, се обидувам да ги смирам ако не бива застанувам на страна на македонецот. Тоа е тоа. А иначе дека се сведувало на добрината...човек во својот животен век нема можност да одредува карактер на стотици луѓе со кои е во контакт во текот на животот, па врз основа на тоа да гради пријателства. Тој најчесто се определува за тие што се од неговиот вид, некои со кои дели нешто заедничко. Македонец ќе видам многу побрзо дали е добар или лош. За Албанец ќе ми треба бааги време и да се разбереме, да го сфатам неговиот менталитет и тн. пред да оценам. Затоа и не ни навлегувам во такви авантури. Што се однесува до хипотетичката ситуација со ќерката пред се оставам на неа. Мое е да ја воспитам и да и го кажам моето мислење, а се надевам нема да има таков избор во животот. Мојот одговор би и бил со ниеден.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако човечноста е вродена во човекот, зошто сите ја немаат?
Е зошто де? :)
Непостои дефиниција за "човечност" со која секој човек ќе се согласи. За еден тоа се морални начела, за некој друг се религиозни, за некој петнаесетти се лични принципи и согледувања!
Точно дека луѓето имаат природна потреба да се организираат и да се социјализираат, но тоа не треба да биде врз основа на некоја етикета која ќе биде олицетворение на вештачки создадена вредност.
Ако човекот има потреба да се социјализира и да припаѓа некаде, зошто тоа да небиде врз основа на тоа што е заедничко помеѓу него и останатите како него? А не врз основа на догма која сите по автоматизам ја прифаќаат и никој не ни знае зошто е толку добро да си Азербејџанец а не Таџикистанец или обратно?!

Тезата дека луѓето кој се поблиску (физички) до тебе, автоматски ти се поблиски и по се останато е ноторна глупост! Да беше така, немаше да има поговорки од типот: "да му цркне козата на комшијата....море нека цркне и комшијата!"
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
"Програмирање". Наместо во традиционално македонско семејство, човек да е посвоен и израснат во Сиракуза, Шипковица, Малме или Јонкопинг ќе го испрограмираат малку поинаку.
Упорно го заобиколуваат овој факт, прееска дадов сличен пример.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Патриотизмот и национализмот се најголемото зло за човештвото, еуфорична и вештачка комфорност под етикетата на мнозинството, кое ја прави индивидуата да се чуствува повозвишено, поидеалистички и да наоѓа лажна утеха за некоја вредност во идеалите со кој ќе се храни суетата на поединецот дека е нешто посебно и вредно.
Патриотизмот е вроден колку што е вродена и љубовта кон Јувентус, Милан, Наполи.....и останатите фудбалски клубови.
Сите конфликти, војни и поделби во својата срж како причина го имаат менталниот склоп на "Патриотот" или "Националистот".
конфликтите и војните се случуваат далеку пред концептот на национализам...па и патриотизам. Тоа што луѓето ги користат различностите за да започнат конфликт е нивни личен проблем, ако не е националноста ќе биде маалото ќе биде дали е некој дебел или слаб...агресивните луѓе бараат повод.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 00:57 ---
"Програмирање". Наместо во традиционално македонско семејство, човек да е посвоен и израснат во Сиракуза, Шипковица, Малме или Јонкопинг ќе го испрограмираат малку поинаку.
Да но на крајот се зависи од него самиот. Тој нема да може да го избегне фактот дека е тоа што е според крвта.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Е зошто де? :)
Непостои дефиниција за "човечност" со која секој човек ќе се согласи. За еден тоа се морални начела, за некој друг се религиозни, за некој петнаесетти се лични принципи и согледувања!
Точно дека луѓето имаат природна потреба да се организираат и да се социјализираат, но тоа не треба да биде врз основа на некоја етикета која ќе биде олицетворение на вештачки создадена вредност.
Ако човекот има потреба да се социјализира и да припаѓа некаде, зошто тоа да небиде врз основа на тоа што е заедничко помеѓу него и останатите како него? А не врз основа на догма која сите по автоматизам ја прифаќаат и никој не ни знае зошто е толку добро да си Азербејџанец а не Таџикистанец или обратно?!

Тезата дека луѓето кој се поблиску (физички) до тебе, автоматски ти се поблиски и по се останато е ноторна глупост! Да беше така, немаше да има поговорки од типот: "да му цркне козата на комшијата....море нека цркне и комшијата!"
Тоа е човечката потреба за моќ, доминација и каде што треба и не треба. Човекот по природа е идеалист. Човекот цел живот гради свои идеали, од историјата па се до денес, тоа му е потребно на човекот затоа што е таков. Така се гради и политиката во државите. Таа е невозможно да се укине се додека природата на човекот е ваква.
Таа потреба од припадност и солидарност на луѓето е искористена за да се возвиши она што е создадено од луѓето, а тоа е државата. Преку неа тие ја изразуваат својата доминација и моќ, го нагласуваат патриотизмот, се створа нешто појако за да се има единство, нешто појако за со други зборови луѓето да може да се курчат :).
Нормално, патриотизмот се изобличува за да се постигне она што треба. Единството и таа потреба од патриотизам за да се собере колективата за потребата на оние големите во секое општество.
Се слагам дека се шири пропаганда на име на патриотизмот. Но цело време сакам да потенцирам дека тој има природни корени, а човекот со неговата способност се да усере, го усра.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да но на крајот се зависи од него самиот. Тој нема да може да го избегне фактот дека е тоа што е според крвта.
Ако никогаш не научи кое му е вистинското потекло?

И кон кого треба да има вродени чувства дете родено од татко Американец и мајка Русинка?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Извади од контекст што кажав и ја потенцираше песната...Значи никаде не стана збор за добар или лош човек. Јас ти викам вака ти доаѓаат двајца непознати (освен националност) едниот е Македонец другиот икс и ти викаат помогни ми (можеш само на еден да му помогнеш), му помагам на братот се разбира :). Се тепаат Македонец и Албанец на улица не ги познавам ни двајцата, се обидувам да ги смирам ако не бива застанувам на страна на македонецот. Тоа е тоа. А иначе дека се сведувало на добрината...човек во својот животен век нема можност да одредува карактер на стотици луѓе со кои е во контакт во текот на животот, па врз основа на тоа да гради пријателства. Тој најчесто се определува за тие што се од неговиот вид, некои со кои дели нешто заедничко. Македонец ќе видам многу побрзо дали е добар или лош. За Албанец ќе ми треба бааги време и да се разбереме, да го сфатам неговиот менталитет и тн. пред да оценам. Затоа и не ни навлегувам во такви авантури. Што се однесува до хипотетичката ситуација со ќерката пред се оставам на неа. Мое е да ја воспитам и да и го кажам моето мислење, а се надевам нема да има таков избор во животот. Мојот одговор би и бил со ниеден.
Болдот е клучното.
Одлучуваш да игнорираш очигледно подобра опција само заради патриотизмот.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ако никогаш не научи кое му е вистинското потекло?

И кон кого треба да има вродени чувства дете родено од татко Американец и мајка Русинка?
Луѓето во принцип не треба да се мешаат, а доколку веќе го прават тоа треба да бидат од малку од малку компатибилни нации (јазично,верски и од општ цивилизациски аспект). Кога ќе се роди дете од таков брак многу е битно родителите да имаат консензус во каков дух ќе го воспитуваат детето. Едната националност треба да доминира (најчесто во зависност од државата на живеење). Значи погрешно се изразив чувството на патриотизам и национализам се природни не вродени.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
конфликтите и војните се случуваат далеку пред концептот на национализам...па и патриотизам. Тоа што луѓето ги користат различностите за да започнат конфликт е нивни личен проблем, ако не е националноста ќе биде маалото ќе биде дали е некој дебел или слаб...агресивните луѓе бараат повод.
Точно дека конфликтите се случувале далеку пред концептот за нации и народи, но патритизмот е како масло во огнот! Тој е она што од конфликтот прави војна! Што на агресивните луѓе им станува совршена алатка за да ги вовлечат со себе и останатите! Опиум за умовите на широките маси!
Кој и што му даде сила и начин на Хитлер да го направи тоа што го направи? Дали сите Германци во тоа време беа агресивни и бараа повод да убиваат? Што беше тоа што Хитлер го искористи, за да во нивните очи стане големиот фирер? Дали е случајно што неговата партија со која ја освои власта се викаше Национал социјалистичка?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom