Арената „Филип Втори“ прогласена за најубав стадион на Балканот!

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Aбе ќе давам негативни коментари.Такви и се настаните.Не може некој глупав да ме прави.Според мене не само што е најубав туку од балканот е меѓу најлошите.

За Максимир незнам но Маракана полоша????Уф не би рекол дали воопшто можеме и да се споредуваме со Маракана.Барем не сега.

:pos::pos::pos:
 
А од кога Монте Карло е на Балканот ? :facepalm:

Секој објективен човек би се сложил дека КОНЕЧНО добивме стадион кој наликува на стадион со кој можеме да се гордееме и кој од обична ливада е претворен во грандиозно дело,
Тој стадион е направен од пари на сите граѓани на Македонија и претставува имиџ на една држава.
Незнам зошто е потребно да се мрчи по секоја цена, ако нема - зошто нема, ако има - не ни е потребен.
А кај виде дека сум пишал дека Монте Карло е на Балканов???Само пишав како е можно да е пред Луј Втори.Нашиов стадион е "грандиозно дело" затоа што претходниот беше ливада.И таму некојси весник пишал дека нашиот е најубав на Балканот и сите се возбудивте.А стадионот уште нема ни фасада ни атлетска патека.Мислам слободно радвете се ,неам ништо против,ама реалноста е подруга.Стадионот е нормален и просечен.Грандиозен е кога ќе го споредиш со ливадата претходно.
Ајт...
 
Абе важно е најубав на Балканот,просечен или не.

Хејтерите на шипкава да се лулаат.

:P
 
Aбе ќе давам негативни коментари.Такви и се настаните.Не може некој глупав да ме прави.Според мене не само што е најубав туку од балканот е меѓу најлошите.

За Максимир незнам но Маракана полоша????Уф не би рекол дали воопшто можеме и да се споредуваме со Маракана.Барем не сега.

Филип Втори за Маракана е Кока Кола
 
Aбе ќе давам негативни коментари.Такви и се настаните.Не може некој глупав да ме прави.Според мене не само што е најубав туку од балканот е меѓу најлошите.

За Максимир незнам но Маракана полоша????Уф не би рекол дали воопшто можеме и да се споредуваме со Маракана.Барем не сега.

Немора да значи дека ако некој стадион е поголем од друг автоматски е поубав.
 
Арената „Филип Втори“ прогласена за најубав стадион на Балканот!

Ало, се зборува за НАЈУБАВ, а не за дека сме дрва у фудбалов.

67ba851c4853c32253f5cf3d996e152e.jpg
 
Вака како што е, не е ништо посебно, ако го дотераат до крај можеби ќе биде најдобар.
 
Вака како што е, не е ништо посебно, ако го дотераат до крај можеби ќе биде најдобар.

Ќе ја дотерат како не..еве сега нова трева се става,со греење се по закон..и атлетската патека исто се прави..и на крај уште и од надвор фасадата и тоа е тоа.
 
Ах, рече Бах...:facepalm:

Ајде сега сите уздружно, да пратиме протестна нота до оние кои го правеле ранкирањето. Срам да им е, они ќе го прогласувале нашиот стадион за најубав.:facepalm:

Тоа што одредени ликови (Шшшш...) играат за репрезентација, не ја намалува вредноста на стадионот, да не кажам нема врска со тоа дали е убав или не. Во ред, има уште некои доработки кои треба да се направат, НО ФАКТ, НЕПОБИТЕН и тоа, е дека стадионот одлично изгледа.

Македонските експерти за се и сешто сигурно подобро знаат од стручњаци кои навистина се разбираат од тие работи. Па Камп Ноу да го преместат во државава пак ќе најде некој што ќе мрчи.

Бреее... ќе отвори човек тема, ќе се израдува од тоа што ќе прочита и после мора да му се расипе расположението со коментари.

Дали е убав стадионот или не - нема врска со економијата на државата, процентот на невработеност, инфлација, монетарна политика или проблемот со името.

Бил меѓу најлошите стадиони... ах, со маки сум се родила, со маки и ќе си умрам.
Боље беше кога Хрватите цртаа стрипови со свињи како живеат на стадионот...
 
Јас лично кога одев на натпревари со реномирани репрезентации на стариот градски, срам ме фаќаше. Тоа што го изградија е добро чисто да не се резилиме. За утакмици ќе дојде време кога ќе го наполниме, сум бил на пријателска утакмица со Босна на зима по студови и имаше 17000 гледачи, да не зборам за Вардар со ЦСКА и Спарта кога немаше игла каде да падне. Кога тогаш ќе се искористи. Сега имаме и убав предуслов за концерти, до сега немаше теорија да дојде реномирана група пошто немаше каде.

Тоа што не е завршен нема врска за оние кои правеле избор, тие имаат слики и по нив се раководат. Исто не треба да ве чуди што нашиот изгледа најубаво на балканот - стадионите во Белград, Загреб, Сплит и Сараево се застарени, во Бугарија и Романија исто, нема објект што фаќа око. Во Словенија Марибор има убаво стадионче но тоа е мало, не е во ранг на овие. Остануваат Грците и Турците, вторите знам дека имаат неколку убави стадиони.
 
Aбе ќе давам негативни коментари.Такви и се настаните.Не може некој глупав да ме прави.Според мене не само што е најубав туку од балканот е меѓу најлошите.

За Максимир незнам но Маракана полоша????Уф не би рекол дали воопшто можеме и да се споредуваме со Маракана.Барем не сега.

:eek:

Па не можеме фала богу, оти Филипчо е дветристотини пати поубав. Си ја видел каква е Маракана сега !? Руинирана. Србите постојано се жалат дека и треба реконструкција. Маракана моментално е на степен на Тумбе Кафе. Исто е и со Максимир.
 
Во Максимир фрлија многу повеќе пари отколку за Градски и мафијата се испра, нешто ситно средија и уште е истата грдосија. Пољуд е веќе опасен по живот. Маракана исто е за реновирање.

На Филип II ги заебаа само седиштата. Требаше се црвено да си биде со некои нијанси на жолто или испишан текст на жолто. Сега е шарам-барам малку...
 
Коментар за трибините на Маракана: :D

"Фино родило ове године а и трибине су прилично начете."

slika1357.jpg
 
Тој што ја пишувал статијава, знае дека Балканот не е само Србија и Македонија?

Прашајте го каде се играше Финалето на Лигата на Шампионите во фудбал помеѓу FC Liverpool и AC Milan во 2007 година.

Можеби ќе налета на стадион кој ќе му го измени мислењето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom