- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Стадионот е одличен, тоа никој не го оспорува...Прашањето е дали имавме потреба...Џабе ни е ваков стадион кога нема кој да игра и кога нема публика да го наполни...
Стадионот е репрезентативен објект и не за џабе е национална арена.
Замислете што мислеа за нас Шкотланѓаните, Англичаните, Ирците, Холанѓаните, Хрватите и другите репрезентации кои кога идеа на гостување ги праќавме на ливада, без асална трева, без посебни влезови за фудбалерите, без парно, без тоалети како што треба. Што мислеа гостинските навивачи кога гледаа стадион во распаѓање кој беше најголемиот стадион во државата.
Значи стадионот е ИМИЏ на државата и затоа мислам дека е многу позитивно што се среди и што се средува. Осен тоа покрај за фудбал може да служи и за друга намена и на крај на краевите е одличен украс на Скопје, уште да небеше Кинескиот ѕид.
--- надополнето: 11 февруари 2012 во 13:57 ---
Како може да се прогласи за најубав кога уште не е завршен. Факт е дека се надгради и прошири капацитетот, но надворешниот изглед (фасадата) сеуште не е готова. Врз основа на кој критериум е најубав ? Ајде архитектите на форумот да објаснат малку.
Убав е и вака, а сигурно кога ќе се заврши фасадата ќе рипне некое место понагоре на листата.