- Член од
- 14 април 2010
- Мислења
- 628
- Поени од реакции
- 219
Имам забележано,скоро секоја жена обично-кога отвара профил на некој на фејбук-гледа кога е роден,или што е во хороскоп.И повеќето луѓе,не само жените.Или со други зборови,да го стави горе доле во категорија,тоа е одлика скоро на секој човек.Кога имаш однапред информации за некого,демек"посигурно да се чувствуваш",да знаеш со шо си имаш работа ![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Ако е Овен е лош,остар ако е Вага е фин,џенталмен и слично.Дали сте се запрашале,колку има вистина во хороскопот/астрологијата?
Секој човек кога е изнервиран,знае да се налути,да се издере и слично.Секој кога е среќен-тоа го покажува на ваков или таков начин.Според мене,како битен,ако не и најбитен елемент е социолошкиот елемент.Кој,како е растен.Пример,ако некој како дете е тепан од татко пијаница,шо и да е во хороскоп,сигурно кога ќе порасне ќе избие неговиот бес на ваков или на таков начин.Ако е па и превише лигавен,ќе биде некое педерастично феминизирано типче и.т.н.
Еве,пример за мојот знак.Читам –анти хороскоп,лошите страни на хороскопскиве знаци. Овен- злобни гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање.
Од овоа,само ми погодија-ги нервира чекање
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Од 7 милијарди луѓе,583 000 000 се овен во хороскоп по проста пресметка. И значи според овој текст,сите луѓе на планетава земја што се во хороскоп овен треба да се пронајдат тука?И некој ќе одговори,ама зависи што е во подзнак и во месечина
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Многу интересна работа.Дали се запрашал некој,како тоа влијае некоја планета,звезда или соѕвездие на луѓето?Како магнет,гравитацијата ?Која заблуда..
Еве пример од годишен хороскоп шо читав за Овен..како тоа – “Особено е важен периодот од 8 февруари до 6 март, кога Венера ќе престојува во вашето соѕвездие и ќе има најдобро влијание на вашата љубовна среќа”. КАКО тоа -Венера,како една обична вжештена планета составена од лава/магма,ќе ми решава работи со љубовта-I mean,come on.А што правиме ако некој е тотален лузер,и не испаѓа од дома-како Венера ќе го реши тоа ?
ќе му прати комшика на кафе да се заљубат
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Венера,зрачи ли со љубов?Марс со воиственост/ароганција?Ако си под Јупитер,сречко си бил?Итн..Сакам објаснување на ФИЗИЧКИОТ дел од тоа,како планетите/ѕвездите дејствуваат врз луѓето.
По прифатливо ми е да верувам во тоа дека-во Април и Мај се раѓаат по “активни” деца,а во ладните месеци како Декември/Јануари по мирни и по “пасивни” деца.Значи ова е од гледна точка на годишните времиња на Земјата.
Како тоа,никој не сака да си го објасни хороскопот/астрологијата а скоро секој верува?
![Подмолен :sneaky: :sneaky:](/styles/default/xenforo/smilies/sneaky.png)
Посебно ми се интересни,тие шо толкуваат : на 12.8.2012 Нептун ќе влезе во твојот знак и тоа значело дека ќе се издигнете повеќе на духовно ниво
Или,Јупитер и Уран ќе бидат у линија со Марс,така да пазете се,може да ви се десат бедови !
![](http://www.thebestpageintheuniverse.net/images/gfy_tot3.gif)