Самоопределување или наметнување?

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Во ред е пријателе, и многу ми се допаѓа кога го користиш поимот "Него"...
Тоа дека безкрајниот универзум е поврзан преку тајна врска и дека има намера да се врзи.... Дирекно ќе те демантирам од фактот дека веќе постојат докази видливи со око што укажуваат дека тој постојано се шири во бесконечност, и нема намера да се спојува. Но другпат за ова.
Е сега, дали со зборови можеш да ми створиш една слика и претстава од "Него", за уште појасно да ми е - што е тоа уствари?
Длабоко употребија фантазијата и логиката, за јас како атеист да можам барем малку да го доловам чуството - како е да се верува во "Него"..
И те молам, немој со оние финтине - ти мора да веруваш за да дознаеш, ти не мора да гледаш, да слушаш, да допираш... само верувај!... едноставно безусловно со кратки зборови (не мора прости, може и сложени) објасними што подразбираш под поимот "Него" ?
Отецот, синот и светиот дух?

п.с. И не би сакал да ја деформисам темава со атеистичко-теистички препукувања, ќе прочитам ако ми реплицираш, и не пишувам повеќе. Поздрав
.


Недостижно голема и секој ден се’ поголема е Тајната *над нас, *околу нас и *во нас која сведочи за Творецот и никогаш човекот не ќе може да Ја дознае, се’ додека со детско срце не И’ верува и не И’ се радува!


ОД ЉУБОВ световите ги создаде
Од ЉУБОВ и ги одржува
Од ЉУБОВ Христа ни го даде
Преку Него ги повржува
.
За Него пеам
За Него мислам
За БОЖЈИОТ Христос живеам
И Неговиот Совршен Ислам



.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 11:47 ---
Еве сега прочитав пасус ... и не видов некое сведоштво за Њега...

Ти верувам.


Без Духот *Светол БОЖЈИ (во дечјото срце) не е возможно да се “види“ сведоштвото на Првородената и Се’опфатна *Света Мудрост БОЖЈА, а уште помалку Совршено *Светиот БОГ - Творецот на Небото и земјата1



Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев. Матеј 11:25-27)


.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.


Без Духот *Светол БОЖЈИ (во дечјото срце) не е возможно да се “види“ сведоштвото на Првородената и Се’опфатна *Света Мудрост БОЖЈА, а уште помалку Совршено *Светиот БОГ - Творецот на Небото и земјата1

.
А ако на некој му пресадат срце се пресадува и Духот Свет*тм БОЖЈИ?
На прмер тој шо немал дух, докторо ќе му го пресади, или ако имал порано срце со дух божји па ќе му пресадат срце без дух, па после ќе го нема??
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Ама како кога твојата вера или невера ја сметаш за вистина, дали сакаш да ризикуваш твото дете да одбере погрешен пат.
Тоа е нормално, колку и да се обидуваме да одбегнеме децата да се однесуваат како нас (мислам на родители) тие сепак ќе се однесуваат како нас, речиси сосема во првите 10тина години од животот. Тоа е затоа што децата секогаш учат по модели - а најзначајни за нив како модели се родителите. Без оглед дали ги учиме да бидат верници, тие Бог го поистоветуваат со нас.

Не можеме, а и не смееме, да ги лишиме децата од тоа да учат од нас. Тие самите, во пубертетот и после него, ќе се трудат да се разликуваат од нас, често во адолесценцијата и ќе поставуваат прашање и ќе преферираат одговори кои можеби не се согласуваат со нашите ,вредности, , единствено што треба да се направи е да не се убива таа потреба од различност кај детето. Односно, можеби мајката и таткото се доктори, и се очекува детето да продолжи со таа професија, но тоа одбира да биде професор по некој јазик, да не се омаловажува и понижува изборот.

Бидејќи, не е тешко да натераш свое дете, да се однесува како што ти сакаш, посебно ако детето во тебе гледало ,,бог,, толку долго време. Заради својата совест, ќе те послуша, на сметка на тоа да не се послуша самото себе, но, подоцна, тие ,твои, избори, многу често ќе му донесат незадоволство и несреќа, а многу ретко ќе мислат дека направиле правилен избор.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Одлично поставена тема. Категорично сум за наметнуење и тоа уште пред да се роди детето по могуќност. Од тоа самоопределуење види шо параспурија стана омладинава. Затоа, треба обавезно наметнување и тоа по поише пути дневно. Нормално, ќутекот е васпитна мерка која дава најбољи (и најбрзи) резултати. И брате има да се облака ја како ќе кажам а не да ми тера моди. Излазак до 9 пм максимум. Добро, ако е мушко до 10 пм. Аздисуење, препичуење, акање нааму-натаму као глуво куче по цели ноќои, јок! Прибирање на време, помагање дома, слушање постари, копање у бавча, се знае. Миничи, голи стомаци, пупаци, нема теорија. Се знае, спастрено, скромно, долично. Ја шо ќе им одберам тоа ќе носат. Док не се омужат/оженат. Некои као вас шо многу се јачаат овде, дошле кај мене дома да ми дрват како да се васпитава дете. Парчињата од безбол палиците шо им ги искршив од глаа ене ги ја, уште стојат у гаража.
Чекај сега, ти сакаш да му наметнеш на детето религија или твој личен начин на диктатурско воспитување?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Чекај сега, ти сакаш да му наметнеш на детето религија или твој личен начин на диктатурско воспитување?
Да го споредиш доброто старо конзервативно воспитување кое создало генерации и генерации здрави индивидуи со диктатура е криминал. Инаку на детето треба да му се наметне се, од бојата на чорапите што ќе ги носи до религија. Без исклучок.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Да го споредиш доброто старо конзервативно воспитување кое создало генерации и генерации здрави индивидуи со диктатура е криминал. Инаку на детето треба да му се наметне се, од бојата на чорапите што ќе ги носи до религија. Без исклучок.
Јас го ценам тоа конзервирано старо воспитување, но во овде ти наметна многу повеќе од тоа.
Да не дозволуваш скитање по цела ноќ туку враќање навреме за наредниот ден да се посветат на обврските разбирам, скромно облекување разбирам, но не разбирам тепање како воспитна најбрза мерка, нивно облекување по твој избор, копање бавча по твој избор, приморани да слушаат постари не разбирам иако разбирам нивно почитување и применување нивни совети поради нивното поголемо искуство и мудрост.
Дали сакаш децата да те слушаат оти сакаат и оти мислат дека е корисно или сакаш да те слушаат оти мораат и оти се плашат?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Да го споредиш доброто старо конзервативно воспитување кое создало генерации и генерации здрави индивидуи со диктатура е криминал. Инаку на детето треба да му се наметне се, од бојата на чорапите што ќе ги носи до религија. Без исклучок.
Јас не би рекла дека ,воспитувањето, било толку добро. Иако сум родена 91, моите родители се родени во предходниот систем, и доста јасно ми е како се одвивале работите.

Нема потреба никому ништо да се наметнува, кога има толку избори. Почитувањето на родителот било големо, но повеќе било стравопочит, од почит.
Јас не сакам сестра ми да го изеде ручекот, зошто ќе остане гладна ако не го изеде тоа, или зошто ќе добие шамар, или зошто потоа нема да добие чоколадо. Туку зошто треба да разбере дека здравиот ручек е важен за нејзиното здравје.

Не сакам да го натерам детето да напише домашно затоа што ќе добие единица, или ќе биде искарано од мене или наставникот. Туку затоа што самото треба да сфати дека образованието го прави попаметна, поснаодлива и поуспешна личност.

Од 1-4 одделение, имавме учителка која ако не напишевме домашно не бркаше од час или не удираше со прачка по рацете.
Во средно, имавме професорка по македонски, која ако видеше дека некому нешто не е јасно, го нарекуваше ,,ретардиран,, , а во случај да не носеше учебник, го запишуваше и во забелешка ставаше дека е ,,непристоен,,.

Што добија? Првата да не и кажуваме добар ден на улица, и да имаме аверзија према сите идни наставници (дури и оние кои добро си ја работеа работата, не беа пречекувани со задоволство од одделението), а втората, сите до еден, во знак на протест да не се појавиме на ниту една писмена/тест цела учебна година.

Нормално, дека треба ученикот да пишува домашно, да носи учебници - и нормално, тоа е заради него, не заради наставникот. Но педагошките мерки, се оние кои биле погрешни.

Од друга страна, во 7 одделение, на замена ни дојде млада наставничка по македонски, беше секогаш добро расположена, секогаш имаше време за нас и баш секогаш, часот беше интересен. Одделението наше, не само што почна да чита лектири и да учи по нејзиниот предмет, општо, почнаа дури и најслабите ученици да учат и по др. предмети.

НИКОГАШ силата нема да донесе убавина. Никогаш.

Кучето ќе научи да седи, зошто ќе добие весник по глава ако не седне. Но човекот не е куче, и од човекот не треба да пробуваме да направиме само послушник, некој кој следи нечии правила.

Некомформистите го носат напредокот на една генерација.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Вие изгледа сериозно помисливте дека го поддржувам безбол-палка воспитувањето. :) Се исмевам со тоа, а убеден сум дека и Петар го правеше истото. Сега ми е јасно зошто тој употребува србизми во вакви ситуации. :)
Јас знам дека Петар се шегуваше. Но, првиот дел од твојот пост делуваше сериозно :)
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Од тоа наметнување излегоја многу несакани нус-појави во општествово. Целам на луѓе кои гордо го носат крстот на издепилираните, набилдани гради, (или за женските, крстот им е меѓу ц*цки, и секогаш одговара на деколтираната маичка или фустанче) им читаат на внучињата Библија и се во први борбени линии (за физичка, или во најмала рака за вербална пресметка која во себе содржи навреди и само навреди, а никаков пристоен аргумент) против „еретиците“ кои едноставно не почитуваат свештенство, а можеби ниту мејнстрим религијата во општеството и си фураат свој филм. Важно не постои никаква желба за подобро запознавање со сопствената религија, а уште помалце живеење по нејзините начела.. но, тоа не е важно, важно е на челото и на листот да пишува дека си христијанин --> зашто така ТРЕБАЛО!

Среќа што моите родители не се опседнати со религија и традиција, па имам целосна слобода да бирам. Искрено, не се ни замарам да одберам религија, ниту пак атеизам... не ми значи ништо. На крај краева, to define means to limit! Некогаш треба, но некогаш пожелно е да го оставиш изброт отворен за во некои други времиња, кога некои животни прашања навистина ќе те засегнат, што не е случај кај мене, сеуште. Дотогаш, секој човек ќе има доволно време да собере доволно информации од се’ она што го опкружува, и на крај да ги одбере оние кои одговараат на неговата природа.
Гласам за самоопределување :) а може и за неопределување... не секогаш е навистина потребно.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Чекај сега, ти сакаш да му наметнеш на детето религија или твој личен начин на диктатурско воспитување?
Дај бе научете сарказам и иронија да му се невиди... :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Добро, не секој ги знае Let3 и Петре.... :)
Не, ти да видиш што се дешаваше на една тема пред 2-3 недели, заборавв која ама нема врска. Пишам јас нешто апла саркастично, и ме цитира еден тип, уште што не почнал да ме пцуе зошто сум го навредил некако. Го цитирам јас и му викам „дечки, сарказам“, а тој ми вика „биди си ти што сакаш само не јади...“ :pos:

Тоа ти е како оној вицот со полицаецот кога се возел во такси. Таксистот му вика „шефе, да ти пуштам еркондишн“, а овој му вика „не фала, јас сум по народново“...
 
L

Ligeia

Гостин
Религија=ментална манипулација.Те манипулираат добро,си се наметнуваш постепено првен сам врз себе и на својата совест а потоа им переш мозок и на другите.Несакајќи.Манипулираш добро,си се наметнуваш постепено првен врз сите други освен на својата совест и се самоопределуваш да имаш моќ и да бидеш the master of manipulation.Се друго треба да се потчини.Или убие.За да можеш на раат да си манипулираш.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Јас го ценам тоа конзервирано старо воспитување, но во овде ти наметна многу повеќе од тоа.
Да не дозволуваш скитање по цела ноќ туку враќање навреме за наредниот ден да се посветат на обврските разбирам, скромно облекување разбирам, но не разбирам тепање како воспитна најбрза мерка, нивно облекување по твој избор, копање бавча по твој избор, приморани да слушаат постари не разбирам иако разбирам нивно почитување и применување нивни совети поради нивното поголемо искуство и мудрост.
Дали сакаш децата да те слушаат оти сакаат и оти мислат дека е корисно или сакаш да те слушаат оти мораат и оти се плашат?
Ако цениш конзервирано васпитање, не знам шо се буниш. Како може производ да се расипе ако е конзервиран? Исто и со деца -- чим ги конзервираш, нема расипуење. Од васпитна гледна точка мислам.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 17:09 ---
Чекај сега, ти сакаш да му наметнеш на детето религија или твој личен начин на диктатурско воспитување?
Ја мислев јасен сум, али еве уше еднаш. Ја му наметнујам на мое дете све у комплет уште пред да се роди. Религија, начин на исхрана, облакање, работни навики, како се поштуе постар, со која рука се јаде, како се диплат алишта, како правилно се диши, све. Тоа се вика превентивно наметнуење, или наметнуење за сваки случај. Се докажало кроз историја дека од такви фамилии параспур не искача.

А диктатурско васпитање е сасвим друга ствар. На пример ако некој диктатор живее у турско време, онда може да збориме за диктатурско васпитање. Ја лично не сум љубимец на диктатурско васпитање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom