Ако демонската опседнатост делува и физички врз нашето тело, тогаш секако не се доволни само ПОСТ и МОЛИТВА. Или се?
Демонската опседнатост, првично е духовна, а пошто духот е интегрален дел од човековото битие, преку духот, делува и на телото, физчки/материјално.
Молитвата и постот се тамам доволни, оти ако не би биле, тогаш Христос би ни‘ навел „уште нешто„ како начин за оттргнување на демоните од нас.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:22 ---
Ако некој ги има раните од Христос на рацете и нозете, тогаш медицината ќе му помогне да му ги смали болките.
Стигматичарите не се жалат на физички болки од стигмите, туку напротив: се фалат со нив.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:25 ---
Претпоставувам дека молитвата и постот би требало да го тргнат демонот од човекот, и не дозволат повторно отварање на истите рани, или?
Постот и молитвата се пред се‘, наменети за она кое Светиите го нарекуваат „мали демончиња„, кои демнат во секого од нас, а тоа се: гордоста, суетноста, страстите и похотите. Кој не успеал да ги смири тие „демончиња„, лесно паѓа под реално демонско влијание.
[quotе] Ако е вака тоа би значело дека сите стигматичари се молеле и постеле ли?
[/quote]
Да, стигматричарите навистина се молат и постат,па дури чинат и „вратоломии„, но се обраќаат кон погрешниот бог и се подвизуваат надвор од Црквата, надевајќи се исклучиво на самите себе.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:31 ---
Хмм, како знаеш дека стигматичарите сами си го бараат тоа? Откај се наметнал овој заклучок? Од нивните искази ли?
Да, од нивните искази и нивните записи, но и во нивното „вратоломно„ однесување, од кои јасно се гледа дека тие се во тешка прелест, затоа што кога, на пример, тие се обраќаат кон Бога, Му се обраќаат лично, на „ти„, а не посредно, преку Црквата, а при тоа обраќање, подвижниците себе си се поставуваат пред Христа, како што претходни напишав, редовно користејќи ја фразата „...јас и Бог (Христос)...„.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:36 ---
Зошто е толку лошо да сакаш да бидеш идентичен со својот создател, татко, ако навистина го сакаш и цениш истиот?
Лоша е самата намера за себе изедначување со Христа Бога. Имено, Бог има своја непренослива природа, со која (природа) Он јасно става на знаење дека Он, како Творец, не се изедначува со Неговите творенија, туку дека Он, како Творец, е над сите творенија. Од тука, јасна е дистинкцијата на „творец„ и „творение„.
Како напишав пред малку, таква желба за себе изедначување со Творецот, најдобро ја покажа самиот демон, наумувајќи да се изедначи себе си со Творецот, иако и демонот е творение а не творец. Секоја лична желба за изедначување со Твоерецот, има потекло од демонската сугестија, преку гордоста од оној кој сака да биде ист со Бога.
Така, гордите луѓе се блиски и „компатибилни„ со демонот, оти гордоста им е заедничка страна.