Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Стигматичарите се подвижници, кои, живеејќи во прелест, сметаат дека до таа мера станале подобни на Христа Бога, што од таа нивна „сличност„ со Творецот, ги стекнуваат раните Христови од ковањето на крстот на своите тела.

Ставот е негативен, разбира се, а појавата на раните се смета за демонско дело, кое е последица не од подобноста од стигматичарите кон Бога, туку од нивната гордост, која (гордост) му е блиска на лукавиот, исто колку што таа гордост Му е одвратна на Бога.

Стигматичарите редовно ја користат релацијата „...јас и Бог...„, но не и обратно, „...Бог па јас...„, ставајќи се така себе си пред Бога.

Хмм, сакаш да кажеш дека нивните рани се поради опседнатост од рогатиот?

И на нив ли треба д аим се врши егзорцизам?

Јас имав впечаток дека тие би требало да се "одбрани" ид Христос.
 
Хмм, сакаш да кажеш дека нивните рани се поради опседнатост од рогатиот?
.

Да, раните се реални, а се последица од нивната демонска опрелестеност.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 09:48 ---
И на нив ли треба д аим се врши егзорцизам?

Треба, но не на начин кој сме го виделе по филмојне...:icon_lol:
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 09:55 ---
Јас имав впечаток дека тие би требало да се "одбрани" ид Христос.

Од Христос се одбрани само оние кои се во Црквата Христова и кои со Христа ќе останат се‘ до својата смрт. Не постои гаранција дека некој „е„ или „не е„ Христов, се‘ дур е жив и смртен. Ниту еден смртник не може да предвиди кога ќе падне (духовно) и колку силен ќе биде тресокот од тој пад.

Жртвата Христова на крстот Голготски е уникатен и неповторлив настан, кој има длабока смисла и цел. Желбата од живите смртници да станат не слични, туку дури и идентични со Христа, закован на крстот, е безобразна дрскост, со цел да се биде идентичен со својот Творец и да се имитира она кое е исклучиво Божјо, а не човечко.Таква желба веќе изрази ангелот Деница, кој од гордост, посака да се изедначи со својот Творец па таква е и желбата од стигматичарите: да станат идентични со Христа и Неговите крсни рани, сметајќи се себе си за достојни да ја трпат и повторат крсната жртва Христова.
 
А на кој начин се врши егзорцизам? Можеш ли да објасниш или да посочиш литература за тоа?

Јас искрено не мислев дека стигматичарите имаат желба да ги здобијат тие тешки рани, за да бидат до Христа. Зошто некој би сакал со помош на болка да се изедначи со Христа, и како се знае дека е тоа нивна желба?
Нели тие рани доаѓаат туку така, сами од себе?
 
А на кој начин се врши егзорцизам?

Преку пост и молитва, онака како сам Христос ни‘ одреди.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:05 ---
Можеш ли да објасниш или да посочиш литература за тоа?

Не барај и не очекувај вршење егзорцизам преку литература, оти може да биде опасно. Такво нешто се врши на пример, во нашите манастири, каде има монаси со висок духовен опит, кои точно знаат што чинат.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:07 ---
Јас искрено не мислев дека стигматичарите имаат желба да ги здобијат тие тешки рани, за да бидат до Христа.

Напротив: стигматичарите го добиваат она кое самите го бараат, но не го добиваат од Христа, оти Он не ни‘ вети дека ќе ни‘ допушти стекнување рани, туку Он ни‘ го вети Царството Небесно.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:10 ---
Зошто некој би сакал со помош на болка да се изедначи со Христа, и како се знае дека е тоа нивна желба?

Желбата за себе изедначување со Христа е последица од личната гордост и личната вообразеност за наводната лична достојност да се биде ист со Христа Бога.

Кога велиме дека некој е „свет„, тоа значи дена таквиот подвижник станал сличен со Христа. Стигматичатите одат чекор понатаму: нејќат да бидат слични, туку сакаат да бидат идентични со Христа!
 
Преку пост и молитва, онака како сам Христос ни‘ одреди.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:05 ---

Не барај и не очекувај вршење егзорцизам преку литература, оти може да биде опасно. Такво нешто се врши на пример, во нашите манастири, каде има монаси со висок духовен опит, кои точно знаат што чинат.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:07 ---

Напротив: стигматичарите го добиваат она кое самите го бараат, но не го добиваат од Христа, оти Он не ни‘ вети дека ќе ни‘ допушти стекнување рани, туку Он ни‘ го вети Царството Небесно.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:10 ---

Желбата за себе изедначување со Христа е последица од личната гордост и личната вообразеност за наводната лична достојност да се биде ист со Христа Бога.

Кога велиме дека некој е „свет„, тоа значи дена таквиот подвижник станал сличен со Христа. Стигматичатите одат чекор понатаму: нејќат да бидат слични, туку сакаат да бидат идентични со Христа!

Ако демонската опседнатост делува и физички врз нашето тело, тогаш секако не се доволни само ПОСТ и МОЛИТВА. Или се? Ако некој ги има раните од Христос на рацете и нозете, тогаш медицината ќе му помогне да му ги смали болките.
Претпоставувам дека молитвата и постот би требало да го тргнат демонот од човекот, и не дозволат повторно отварање на истите рани, или? Ако е вака тоа би значело дека сите стигматичари се молеле и постеле ли?

Хмм, како знаеш дека стигматичарите сами си го бараат тоа? Откај се наметнал овој заклучок? Од нивните искази ли?

Зошто е толку лошо да сакаш да бидеш идентичен со својот создател, татко, ако навистина го сакаш и цениш истиот?
 
Ако демонската опседнатост делува и физички врз нашето тело, тогаш секако не се доволни само ПОСТ и МОЛИТВА. Или се?

Демонската опседнатост, првично е духовна, а пошто духот е интегрален дел од човековото битие, преку духот, делува и на телото, физчки/материјално.

Молитвата и постот се тамам доволни, оти ако не би биле, тогаш Христос би ни‘ навел „уште нешто„ како начин за оттргнување на демоните од нас.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:22 ---
Ако некој ги има раните од Христос на рацете и нозете, тогаш медицината ќе му помогне да му ги смали болките.

Стигматичарите не се жалат на физички болки од стигмите, туку напротив: се фалат со нив.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:25 ---
Претпоставувам дека молитвата и постот би требало да го тргнат демонот од човекот, и не дозволат повторно отварање на истите рани, или?

Постот и молитвата се пред се‘, наменети за она кое Светиите го нарекуваат „мали демончиња„, кои демнат во секого од нас, а тоа се: гордоста, суетноста, страстите и похотите. Кој не успеал да ги смири тие „демончиња„, лесно паѓа под реално демонско влијание.

[quotе] Ако е вака тоа би значело дека сите стигматичари се молеле и постеле ли?
[/quote]

Да, стигматричарите навистина се молат и постат,па дури чинат и „вратоломии„, но се обраќаат кон погрешниот бог и се подвизуваат надвор од Црквата, надевајќи се исклучиво на самите себе.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:31 ---
Хмм, како знаеш дека стигматичарите сами си го бараат тоа? Откај се наметнал овој заклучок? Од нивните искази ли?

Да, од нивните искази и нивните записи, но и во нивното „вратоломно„ однесување, од кои јасно се гледа дека тие се во тешка прелест, затоа што кога, на пример, тие се обраќаат кон Бога, Му се обраќаат лично, на „ти„, а не посредно, преку Црквата, а при тоа обраќање, подвижниците себе си се поставуваат пред Христа, како што претходни напишав, редовно користејќи ја фразата „...јас и Бог (Христос)...„.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 10:36 ---
Зошто е толку лошо да сакаш да бидеш идентичен со својот создател, татко, ако навистина го сакаш и цениш истиот?

Лоша е самата намера за себе изедначување со Христа Бога. Имено, Бог има своја непренослива природа, со која (природа) Он јасно става на знаење дека Он, како Творец, не се изедначува со Неговите творенија, туку дека Он, како Творец, е над сите творенија. Од тука, јасна е дистинкцијата на „творец„ и „творение„.

Како напишав пред малку, таква желба за себе изедначување со Творецот, најдобро ја покажа самиот демон, наумувајќи да се изедначи себе си со Творецот, иако и демонот е творение а не творец. Секоја лична желба за изедначување со Твоерецот, има потекло од демонската сугестија, преку гордоста од оној кој сака да биде ист со Бога.
Така, гордите луѓе се блиски и „компатибилни„ со демонот, оти гордоста им е заедничка страна.
 
Има Петар, како нема...Погледни го само Откровението Јованово, полно е со предвидувањата Божји.
Настрана што Он предвидел и нешта, кои им ги отркива само на достојните.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 09:06 ---

Јас и не велам што предвидел Бог, ставајќи се себе си на Негово место, туку велам што Он самиот ни‘ открил, по Неговото човекољубие, а не по човечкото славољубие.
Мики, те разбирам многу добро и се согласувам со твојот одговор. Меѓутоа, такви муабети се прават со оние кои го делат твојот светоглед и религиска пракса. Значи, според мене, треба да имаш заеднички базични премиси и опит врз кои ќе го водиш понатамошниот разговор за концепти и/или пракси како созерцание, причест, покајание, безмолвие, откровение. Основната премиса е дека постои Бог, онаков каков што ти и православните исповедаат. Ако таа премиса не е заедничка, муабетот неминовно ќе се претвори во разговор на глуви, или визуелно илустрирано, како две совршено паралелни линиии кои се протегаат во бесконечност и никогаш нема да конвергираат во заедничка точка. За атеисти (а богами и многу други) бибилиските митови (вклучително и откровението) изгледаат смешно, апсурдно и, како што многу пати се потврдува на форумов, предмет на масовен курташак. Која е поентата да бидеш punching bag и да се обидуваш да објаснуваш нешто што во старт твојот соговорник го негира? Башка, религиските искуства во основа се приватни, и, (според мене), се споделуваат со истомисленици. Та затоа ти реков, седи си, топли се, уживај. Со добра намера, а не со презир или потсмев. А ти терај како мислиш.
 
Како напишав пред малку, таква желба за себе изедначување со Творецот, најдобро ја покажа самиот демон, наумувајќи да се изедначи себе си со Творецот, иако и демонот е творение а не творец. Секоја лична желба за изедначување со Твоерецот, има потекло од демонската сугестија, преку гордоста од оној кој сака да биде ист со Бога.
Така, гордите луѓе се блиски и „компатибилни„ со демонот, оти гордоста им е заедничка страна.
Самата библија вели дека човекот е создаден според "образот" (особините) божји.
Секој човек без исклучок има една особина, а тоа е желбата или потребата да се поистоветува и да се стреми да биде како авторитетот кој бил негов заштитник, создател и пример олицетворен во неговиот родител.
Секое дете, чии родители го третирале со љубов, се труди да биде како нив.
Според кажаново, демонот кој посакал да биде како неговиот творец, постапил како и секое дете кое сака да биде како и неговиот татко! На кој начин тоа е лошо?! На кој начин таа особина (со која бил создаден според особините кој и самиот творец ги имал), е лоша и погрешна?

Зарем родителот треба да го уништи своето дете што посакало да стане како него? Ако одговорот е НЕ, за родителот кој е само човек и кој немал моќ да ги бира особините на своето дете, како може да биде ДА за семоќно битие, кое го создал своето творение со особини кој самиот сакал да ги поседува тоа творение?
 
Абадон,

ко ќе разбереш шо значат изразите „...образ Божји..., и „..подобие Божјо...„, веруј дека све ќе Ти станит појасно.

Ова се разбира нема никаква врска со дискусијата за нетемпоралноста на Бог и слободната воља. Ако, биди жив и здрав...
 
.

...
...
Зарем родителот треба да го уништи своето дете што посакало да стане како него? Ако одговорот е НЕ, за родителот кој е само човек и кој немал моќ да ги бира особините на своето дете, како може да биде ДА за семоќно битие, кое го создал своето творение со особини кој самиот сакал да ги поседува тоа творение?

Не е Совршениот БОГ Тој кој што уништува , туку неверата и кривоверата!

... бидете совршени, како што е Совршен вашиот Отец Небесен!

(Ев. Матеј 5:48)

п.с. Спасението не е во сознанието (самобендисано) човечко, туку во Телото и Крвта на Љубовта БОЖЈА, чија (над)природа е Милост!

Ти благодарам Спиросе, сега ми е се појасно, незнам само дали поради тебе или поради совршениот ислам на Христа....:)
 
Ти благодарам Спиросе, сега ми е се појасно, незнам само дали поради тебе или поради совршениот ислам на Христа....:)

или поради совршениот будизам на Христа....:)
 
Спиро вика да бидеме совршени, како што е нашиот Отец на небото.... значи, Спиро е совршен, како нашиот Отец на небото... значи, ние треба да се трудиме да станеме совршени како Спиро... :)
 
Спиро вика да бидеме совршени, како што е нашиот Отец на небото.... значи, Спиро е совршен, како нашиот Отец на небото... значи, ние треба да се трудиме да станеме совршени како Спиро... :)
All Hail Spiros!!! The Ultimate Jewish-orthodox Lama of the Singular & All-encompassing Islam!
:cuc:
 
.

... бидете совршени, како што е Совршен вашиот Отец Небесен!

(Ев. Матеј 5:48)

.

Не може да биде совршен оној бог кој го заробија, врзаа, судеа, осудија (и тоа пагани) камшиковаа, навредуваа и распнаа и убија како некој коњокрадец на дивио запад. Тоа е далеку од совршенстрво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom