Медиумите се повлекуваат од Time.mk

Не можам да разберам каде е проблемот.. никаде не е преземена цела вест. Од друга страна, не ја разбирам ни потребата од постоење на лентата горе кога се клика некој линк.. нема ставено реклами од кои би правел пари, туку само линкови до вести од другите медиуми со ист или сличен наслов, нешто што веќе постои на насловната страница. Така да, слободно може да се тргне тоа.

Нити ќе "реемитува", нити ништо.. директен линк до веста на сајтот на медиумот, и крај, тие што се бунат ќе го изгубат и тој (мизерен) аргумент.
 
Слично како DDL сајтовите, само што варез страните сами си постираат... но секако нив им треба посети, за да направат повеќе данлоади. Е сега, тука е малце друга ситуацијата, за повеќе читатели... но финтата е што тука најмногу е во корист TIME.MK затоа што пак преку е дојдена вестта, па нормално дека ќе се рекламираат кај нив (time.mk).

Јас ги сфаќам овие луѓе кој се повлекуваат и мислам дека сепак е правилен потег. Замислите, агрегатор беше прогласен за најдобар информативен сајт :confused:
 
Како што кажаа и повеќето на оваа тема, корисниците на Тајм.мк ќе се отерасат од бедната пропаганда на турско-монголските мегафони-коалициски партнери.

Добра вест за сите корисници на Тајм.мк.
 
Ти ако си сопственик на ваков сајт, воопшто нема да поставуваш RSS фид, социјални plug-in-и и ќе блокираш Google да ти ја индексира страната за да некој не може да ја линкува веста, секој што ќе сака да линкува ќе треба да користи некој твој сервис преку кој ќе наплаќаш. Во основа агрегатските сајтови тоа и прават ги зема вестите од RSS фидот на сајтот и после ги сортира и класифицира кај него и само ја линкува веста.
Изгледа не го разбираш начинот на работа на агрегаторот па за тоа вакви заклучоци даваш

Во право си не се разбирам во RSS фидови и како функционираат точно НО ти кажувам јас од аспект на тоа како одприлика мислам дека размислуваат сопствениците/манаџерите на сајтовите кои се повлекоа од генераторот. Значи они како веке моќни сајтови и прилично усогласени со другите кои се повлекоа мислиш дека неможат да направат ист таков генератор од кого они ќе ја делат заработката ? давам само пример и верувај ако го направат тоа и подобро ќе го изрекламираат/прошират истиот а тајм.мк ќе го снема за брзо време или ќе има ептен мал дел посети.
 
Најглупа причина што ја прочитав е демек им крадат посетеност. Агрегаторите даваат наслов, слика и 1 реченица од веста. За да прочиташ треба да влезеш на нивниот сајт пак. А и ако некој сака да им ги чита работите, ќе си влезе на сајтот и без тоа. Причината е јасна зашто се повлекоа ама барем да измислеа боље пречина...

Ама ајде да преминам на вистинската причина, сите што ја знаеме. Малце е политичката али фак ит, каде нема политика кај нас? (за жал) Им одговара вака. Нема дискусии, чисти поделби се ствараат и им се влева страв на тие што се бунат да не ги етикетираат и после тоа обвинат дека се опозиција и дека би збореле против нив само зашто они не се на власт. Цела факинг држава на тој принцип е. Излез? Тешко во брзо време.
 
Приметливо беше дека сајтовите како sky.mk и plusinfo.mk правеа пречесто апдејти на истите вести и доаѓаа погоре од другите. А истите тие сајтови скоро и да немаат нивни вести туку ги превземаат од другите и само додаваат "како што јавува сител" или "како што дознавме од алфа тв". Гуд бај time.mk
 
Приметливо беше дека сајтовите како sky.mk и plusinfo.mk правеа пречесто апдејти на истите вести и доаѓаа погоре од другите. А истите тие сајтови скоро и да немаат нивни вести туку ги превземаат од другите и само додаваат "како што јавува сител" или "како што дознавме од алфа тв". Гуд бај time.mk

Читај што пишав погоре и размисли дали си поинаков од тие медиуми што збориш ти, дека направиле добро што се тргнале од агрегаторите.
 
хах, најјак ми е твитов на новинаркава од Сител...

time.mk generira pomalku od 1% od posetite na sitel.com.mk.. Mojot fb profil im nosi povekr

па фала Богу дека ќе носи помалку од 1%, кој е будала при 10 различни извори за иста вест, да кликне за да ја прочита баш на Сител !? :icon_lol:

Ја лично, секогаш ги одбегнувам линковите кои се од Сител и ПлусИнфо... а ми се чини дека има и многумина други како мене...
 
Читај што пишав погоре и размисли дали си поинаков од тие медиуми што збориш ти, дека направиле добро што се тргнале од агрегаторите.
Мислиш и дека светските медиуми се под влијание на нашиве партии, пошто овие кавги и тужби меѓу сајтовите за вести и легачките агрегатори како што е тајм.мк траат со години. Еве ти една вест за Асошиејтед Прес.
The Associated Press board voted Monday to "pursue legal and legislative actions" against aggregators who use content without permission, a new shot across the bow of internet news sites in the war over how little use is "fair use."
aggregators who scrape a headline and a paragraph are taking something of value, if not outright stealing, and not operating
under a fair use exception

even if they drive traffic to the source.
http://www.wired.com/epicenter/2009/04/ap-to-aggregato/
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 17:48 ---
хах, најјак ми е твитов на новинаркава од Сител...

time.mk generira pomalku od 1% od posetite na sitel.com.mk.. Mojot fb profil im nosi povekr

па фала Богу дека ќе носи помалку од 1%, кој е будала при 10 различни извори за иста вест, да кликне за да ја прочита баш на Сител !? :icon_lol:

Ја лично, секогаш ги одбегнувам линковите кои се од Сител и ПлусИнфо... а ми се чини дека има и многумина други како мене...
Зависи. Колку и да се глупи вестите од Plusinfo.mk јас ги читам. Сакам да видам што мисли(пропагира) Геро и компанија. Со тоа не им правам никаков промет. Ако една вест е интересна ја проверувам на 3-4 сајтови така си градиш некаква пореална слика...
 
А другиве што останале? Им се зголемил рејтингот? Радио Слободна Европа 360 место во Македонија а на time.mk нивните вести се стално у врвот. Глупости.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 18:12 ---
Смешни се и медиумиве било кои. Значи два клика ме делат од еден сајт и друг сајт. Јас ги читам и двата, не ме кошта ништо. Не можеш во време на интернет да скриеш или извртиш нешто иако пробуваат сите од време на време.
 
хах, најјак ми е твитов на новинаркава од Сител...
time.mk generira pomalku od 1% od posetite na sitel.com.mk.. Mojot fb profil im nosi povekr
па фала Богу дека ќе носи помалку од 1%, кој е будала при 10 различни извори за иста вест, да кликне за да ја прочита баш на Сител !? :icon_lol:
Изгледа новинарката смета дека орањето со дрвен плуг е подобро од орањето од механизација, всушност и таа е споредбата, таа механички ги постира линковите на фб, додека агрегаторот автоматски го прави тоа и плус веста се поврзува веднаш кога ќе се појави на сајтот.
И плус сител и плаќа нејзе за маркетинг промоција или тоа го прави во слободно време или и е дел од работните обврски?
 
Верувам дека на time.mk и нејзиниот сопственик ќе им биде полесно и поисплатливо да прекинат да прикажуваат вести од Македонските медиуми туку да си работат со останатите од другиве држави. Горе лево на страната има избор за дури шест држави, сите од балканот, а и не верувам дека некогаш би правеле вакви проблеми.
 
Мислам дека Мартин (а и еден коментатор од идивиди) се до негде во право. Едниот печали на содржините на другиот, а другиот бара премногу пари за возврат и се исклучува (ради преголемата сума што ја бара). Ова е на штета на двата. Значи се установи дека е прашање на цена (можда и малце политика) е сега е време да се направи пазар и да се утврди цената. Убаво би било секој од страните (било Сител, било Тиме.мк) да објавуваат финансиски информации (профит, трошоци итн) затоа што тоа е и во нивен интерес како медиуми (да прикажат колку се успешни или не) што би ги направило уште поуспешни (слично како компании на берза), и после да се види која е реалната цена, но мислам дека тешко ова кај нас.

А решение би можело да биде PayPerClick односно агрегаторот да плаќа по клик (ако јас кликнам на Сител, тиме.мк плаќа на сител некоја симболична сума за тоа). И после тоа нека си вади пари од реклами, битно да запази дека ќе плати по клик на медиумот и дека ќе отвори директен линк до него (а да го задржи правото за топ банер со Х за затварање и реклама на него).

Пошто РСС како РСС е оставен за користење на секој, лично (јас може да си штиклирам вести од овај, онај и тој медиум и тие само сакам да ги читам), но мислам дека (во зависно од желбата на медиумот) се коси со авторските права ако се реемитува. Тајм мк тоа го прави, реемитува. Слично како со музиката, радиото треба да плати ако пушти одредена песна, (по број на емитувања), така и овде.

Брат, ова е еден од поиздржаните постови шо ги читам на темава само имам една мала забелешка.

Значи. PayPerClick ти е ептен интересен бизнис модел во случајов па така да и едните и другите би биле среќни АМА не заборавај со кој си имаш работа.
Се сомневам дека некој како иван мирчевски (македонскиот руперт мурдок :facepalm: ) разбира што значи некој да ти билда трафик, ниту па знај како да го искористи. Па затоа и сме сведоци на вакви моронски ситуации.
Искрено мислам дека телевизииве треба да плаќаат за да се промовираат на ваков сајт и да се тепаат меѓу себе кој ќе биди порелевантен, а не обратното.
Луѓето во свето фрлаат тешки пари за SEO промоција а нашиве во Бедрок сити се како фред каменко.

не дека ова прави смисла туку сметам дека то е македониш менталитет.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 18:59 ---
Не, бидејки се намалува обемот на информации кои ќе бидат пренесувани на Тајм.мк. Ко што реков не е ова решение што го направија ама кога администраторот се прави наудрен и воопшто не понудил барем некој мал скромен процент ова е единствено решение .. и јас би направил исто да бев сопственик на некој од сајтовите/телевизите. Јас да се мачам и да вложувам ресурси а некој на “готово“ профит да си прави.

Обострано губат со ова “решение“ сепак оние што се откажале и онака се добро финансиски потковани па нема да го осетат ова многу ..

Не губат обострано,

бизнисот на Сител и Канал5 речиси и да не се потпира на вебстраните така да ич не им е гајле за трафикот, ако ги прашаш шо е алекса, мислам дека ќе падни некој креативен одговор.
Курир се друга приказна кога Тајм е онај шо ги напрај популарни па ептен ме интересира шо ќе стани со нивната соработка со тајм.
а Нетпрес пошто се новинска агенција донекаде им ја разбирам постапката.
се на се загубата на медиумиве е „незначителна“ бидејќи нивните придобивки и онака не им значеја ништо.

А онај шо губи е Тајм поради изгубените неколку извори, особено ко ќе ми текни колку/кои медиуми остануваат.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 19:04 ---
хах, најјак ми е твитов на новинаркава од Сител...

time.mk generira pomalku od 1% od posetite na sitel.com.mk.. Mojot fb profil im nosi povekr

па фала Богу дека ќе носи помалку од 1%, кој е будала при 10 различни извори за иста вест, да кликне за да ја прочита баш на Сител !? :icon_lol:

Ја лично, секогаш ги одбегнувам линковите кои се од Сител и ПлусИнфо... а ми се чини дека има и многумина други како мене...
Брат, да не беше тајм ќе ја забораев дека постој сител. Поради нивната професионалност одамна ја имав исфрлено од каналник
 
Значи, не би требало да бараат авторски права. Исто како и кај www.novini.mk , така и кај останатите агрегатори на вести, се прикажува насловот од веста и многу кратка содржина од истата, по што корисникот одлучува од кој медиум ќе ја прочита веста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom