Медиумите се повлекуваат од Time.mk

Супер, ќе се растерети медиумскиот простор од пропагандата.
Сѐ додека стојат РС Европа, DW и еРепортер, ќе кликам на Time.mk до последен ден.
 
Браво за потегот на Канал 5, Сител, Курир и останатите.

Му заштедија на тиме.мк време за креирање персонализирана верзија на сајтот каде би можел сам да ги одштиклираш..
 
Во право се сајтовите што се повлекоа, оној што го поседува тиме.мк сака да заработува на нив притоа да не плаќа ништо. Знам дека истиот носеше посети но ако сакаат и они заеднички ќе направат таков генератор и ќе го делат профитот од истиот а верувајте лесно е ако сакаат да го реализираат тоа. Значи требаше фино оној што го има тиме.мк да даде увид во неговите приходи од генератор па да се договорат со останатите сајтови за делба на средствата и колку реално он може да им исплати, ако се луѓе ќе се сложеа.. за авторизиранитие содржини ќе добиеа нешто.
 
Ама не ги краде содржините од нивните сајтови, па да ги прикаже на неговиот сајт. Не ги чува текстовите и сликите од вестите во некоја негова база, па од таму да им ги прикажува на посетителите. Секој клик од посетител на time.mk е клик кон некој од медиумите чии вести ги има на time.mk (и изложеност на нивни реклами). И тоа не цели вести, туку само наслов и по пола реченица.

Врската меѓу нив е симбиотска, не паразитска - time.mk ја исполнува функцијата за која е создаден (и добива некој денар), а медиумите добиваат кликови и посетители кои апсолутно не би ги добиле поинаку (и добива некој денар плус).
 
Значи поентата е многу јасна, Time.mk кога прикажува една содржина дава и слични. Е сега кај про-владините медиуми тоа не им одговара пошо ако тие прикажат нешто како топ ќе се најде слична содржина што ќе го каже спротивното па рајата ќе ја открие вистината.

Вака е подобро, барем ќе читаме не-обоени вести
 
Е дека вака посебно ја ке читам од сајт на сајт мало морген ...
Кај им носи човекот гага трафик па уште малце им е.
 
Мислам дека Мартин (а и еден коментатор од идивиди) се до негде во право. Едниот печали на содржините на другиот, а другиот бара премногу пари за возврат и се исклучува (ради преголемата сума што ја бара). Ова е на штета на двата. Значи се установи дека е прашање на цена (можда и малце политика) е сега е време да се направи пазар и да се утврди цената. Убаво би било секој од страните (било Сител, било Тиме.мк) да објавуваат финансиски информации (профит, трошоци итн) затоа што тоа е и во нивен интерес како медиуми (да прикажат колку се успешни или не) што би ги направило уште поуспешни (слично како компании на берза), и после да се види која е реалната цена, но мислам дека тешко ова кај нас.

А решение би можело да биде PayPerClick односно агрегаторот да плаќа по клик (ако јас кликнам на Сител, тиме.мк плаќа на сител некоја симболична сума за тоа). И после тоа нека си вади пари од реклами, битно да запази дека ќе плати по клик на медиумот и дека ќе отвори директен линк до него (а да го задржи правото за топ банер со Х за затварање и реклама на него).

Пошто РСС како РСС е оставен за користење на секој, лично (јас може да си штиклирам вести од овај, онај и тој медиум и тие само сакам да ги читам), но мислам дека (во зависно од желбата на медиумот) се коси со авторските права ако се реемитува. Тајм мк тоа го прави, реемитува. Слично како со музиката, радиото треба да плати ако пушти одредена песна, (по број на емитувања), така и овде.
 
Мислам дека ова е заради инает, ништо друго.
Дали навистина им носи посети, оти онаа линијата горе откако ќе отворам линк кажува дека се уште сум на time.mk?
 
Мислам дека ова е заради инает, ништо друго.
Дали навистина им носи посети, оти онаа линијата горе откако ќе отворам линк кажува дека се уште сум на time.mk?

Им носи посети.

Ако на одреден сајт му пречи што останува банерот, лесно може да постави Exit JS.
Ама не е во тоа проблемот. Зошто да прават пари и едните и другите кога може НИ едните НИ другите.

Проклета Македонштина.
 
Ама не ги краде содржините од нивните сајтови, па да ги прикаже на неговиот сајт. Не ги чува текстовите и сликите од вестите во некоја негова база, па од таму да им ги прикажува на посетителите. Секој клик од посетител на time.mk е клик кон некој од медиумите чии вести ги има на time.mk (и изложеност на нивни реклами). И тоа не цели вести, туку само наслов и по пола реченица.

Врската меѓу нив е симбиотска, не паразитска - time.mk ја исполнува функцијата за која е создаден (и добива некој денар), а медиумите добиваат кликови и посетители кои апсолутно не би ги добиле поинаку (и добива некој денар плус).

Не ги краде ама ги “позајмува“ значи позајмува труд што некој друг се мачел да го направи и на нивни “грб“ си прави профит. Логично е да дава дел од тој профит и на тие од кај што позајмува ама лакомо Македонче зошто да давам кога се може сам да земам, е сега баш ќе го видиме истиот ..

Исто лакоми се и телевизиите но бар трошат они ресурси труд, пари итн за тие содржини.. затоа заеднички договор/поделба и готово :D
 
Им носи посети.

Ако на одреден сајт му пречи што останува банерот, лесно може да постави Exit JS.
Ама не е во тоа проблемот. Зошто да прават пари и едните и другите кога може НИ едните НИ другите.

Проклета Македонштина.
Не се грижат тие за посети. Партиските членови на партиите имаат задолжение секој ден да кликаат по неколку пати на некои страни.
 
Не ги краде ама ги “позајмува“ значи позајмува труд што некој друг се мачел да го направи и на нивни “грб“ си прави профит. Логично е да дава дел од тој профит и на тие од кај што позајмува ама лакомо Македонче зошто да давам кога се може сам да земам, е сега баш ќе го видиме истиот ..

.. бидејќи сајтот / бизнисот ќе му пукне затоа што нема да има провладино ориентирани медиуми?

:pos:

Има на нет, прочепкај малце и ќе најдеш статистики за посети на дадените сајтови во последните неколку дена откако се исклучија. Хинт - исклучително негативни.

Исто така може да се најде и процентот на кликови кои воделе кон истите сајтови од други агрегатори. Сите кога ќе се соберат заедно прават едвај 20%.
 
.. бидејќи сајтот / бизнисот ќе му пукне затоа што нема да има провладино ориентирани медиуми?

:pos:
.

Не, бидејки се намалува обемот на информации кои ќе бидат пренесувани на Тајм.мк. Ко што реков не е ова решение што го направија ама кога администраторот се прави наудрен и воопшто не понудил барем некој мал скромен процент ова е единствено решение .. и јас би направил исто да бев сопственик на некој од сајтовите/телевизите. Јас да се мачам и да вложувам ресурси а некој на “готово“ профит да си прави.

Обострано губат со ова “решение“ сепак оние што се откажале и онака се добро финансиски потковани па нема да го осетат ова многу ..
 
и јас би направил исто да бев сопственик на некој од сајтовите/телевизите. Јас да се мачам и да вложувам ресурси а некој на “готово“ профит да си прави.
..
Ти ако си сопственик на ваков сајт, воопшто нема да поставуваш RSS фид, социјални plug-in-и и ќе блокираш Google да ти ја индексира страната за да некој не може да ја линкува веста, секој што ќе сака да линкува ќе треба да користи некој твој сервис преку кој ќе наплаќаш. Во основа агрегатските сајтови тоа и прават ги зема вестите од RSS фидот на сајтот и после ги сортира и класифицира кај него и само ја линкува веста.
Изгледа не го разбираш начинот на работа на агрегаторот па за тоа вакви заклучоци даваш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom