Мислам дека Мартин (а и еден коментатор од идивиди) се до негде во право. Едниот печали на содржините на другиот, а другиот бара премногу пари за возврат и се исклучува (ради преголемата сума што ја бара). Ова е на штета на двата. Значи се установи дека е прашање на цена (можда и малце политика) е сега е време да се направи пазар и да се утврди цената. Убаво би било секој од страните (било Сител, било Тиме.мк) да објавуваат финансиски информации (профит, трошоци итн) затоа што тоа е и во нивен интерес како медиуми (да прикажат колку се успешни или не) што би ги направило уште поуспешни (слично како компании на берза), и после да се види која е реалната цена, но мислам дека тешко ова кај нас.
А решение би можело да биде PayPerClick односно агрегаторот да плаќа по клик (ако јас кликнам на Сител, тиме.мк плаќа на сител некоја симболична сума за тоа). И после тоа нека си вади пари од реклами, битно да запази дека ќе плати по клик на медиумот и дека ќе отвори директен линк до него (а да го задржи правото за топ банер со Х за затварање и реклама на него).
Пошто РСС како РСС е оставен за користење на секој, лично (јас може да си штиклирам вести од овај, онај и тој медиум и тие само сакам да ги читам), но мислам дека (во зависно од желбата на медиумот) се коси со авторските права ако се реемитува. Тајм мк тоа го прави, реемитува. Слично како со музиката, радиото треба да плати ако пушти одредена песна, (по број на емитувања), така и овде.
Брат, ова е еден од поиздржаните постови шо ги читам на темава само имам една мала забелешка.
Значи. PayPerClick ти е ептен интересен бизнис модел во случајов па така да и едните и другите би биле среќни АМА не заборавај со кој си имаш работа.
Се сомневам дека некој како иван мирчевски (македонскиот руперт мурдок

) разбира што значи некој да ти билда трафик, ниту па знај како да го искористи. Па затоа и сме сведоци на вакви моронски ситуации.
Искрено мислам дека телевизииве треба да плаќаат за да се промовираат на ваков сајт и да се тепаат меѓу себе кој ќе биди порелевантен, а не обратното.
Луѓето во свето фрлаат тешки пари за SEO промоција а нашиве во Бедрок сити се како фред каменко.
не дека ова прави смисла туку сметам дека то е македониш менталитет.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 18:59 ---
Не, бидејки се намалува обемот на информации кои ќе бидат пренесувани на Тајм.мк. Ко што реков не е ова решение што го направија ама кога администраторот се прави наудрен и воопшто не понудил барем некој мал скромен процент ова е единствено решение .. и јас би направил исто да бев сопственик на некој од сајтовите/телевизите. Јас да се мачам и да вложувам ресурси а некој на “готово“ профит да си прави.
Обострано губат со ова “решение“ сепак оние што се откажале и онака се добро финансиски потковани па нема да го осетат ова многу ..
Не губат обострано,
бизнисот на Сител и Канал5 речиси и да не се потпира на вебстраните така да ич не им е гајле за трафикот, ако ги прашаш шо е алекса, мислам дека ќе падни некој креативен одговор.
Курир се друга приказна кога Тајм е онај шо ги напрај популарни па ептен ме интересира шо ќе стани со нивната соработка со тајм.
а Нетпрес пошто се новинска агенција донекаде им ја разбирам постапката.
се на се загубата на медиумиве е „незначителна“ бидејќи нивните придобивки и онака не им значеја ништо.
А онај шо губи е Тајм поради изгубените неколку извори, особено ко ќе ми текни колку/кои медиуми остануваат.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 19:04 ---
хах, најјак ми е твитов на новинаркава од Сител...
time.mk generira pomalku od 1% od posetite na sitel.com.mk.. Mojot fb profil im nosi povekr
па фала Богу дека ќе носи помалку од 1%, кој е будала при 10 различни извори за иста вест, да кликне за да ја прочита баш на Сител !?
Ја лично, секогаш ги одбегнувам линковите кои се од Сител и ПлусИнфо... а ми се чини дека има и многумина други како мене...
Брат, да не беше тајм ќе ја забораев дека постој сител. Поради нивната професионалност одамна ја имав исфрлено од каналник