Според ова:
http://www.niemanlab.org/2010/09/wh...w-report-on-the-risks-and-the-best-practices/ , ако прочитате во Фер Употреба делот (кој знае англиски), вика дека ако агрегаторот "обично" ја крши фер употребата со тоа што има реклами кај повеќето агрегатори (што е апла во случајот со тајм.мк), значи има комерцијална природа, а не само агрегаторски настроен (пример, јас на сафарито имам агрегатор на вести кој ги збира сите вести од светските медиуми, ама нема реклами). Значи, според ова, ако сител и канал 5 и кој било друг медиум смета дека за да бидат нивните содржини на таков агрегатор кој вади пари од реклами треба да имаат нешто за возврат, тогаш тие се во право. Исто така, ако агрегаторот ги менува содржините на некој начин (прпеку додавање дополнителен текст, вадење од контектст итн) исто така ја крши Фер Употребата (пред судот, и како тоа се гледа).
Лично мое мислење, медиумите кои побараа да се тргнат од листата на тајм.мк се во право (оти тајм.мк печали бајги пари според коментари по интернетов) за многу мал труд. Но ако ова е само од комерцијална природа, тогаш треба да спроведат исти услови и за кон другите агрегатори. Вака апла делува на политичка одлука.
Исто така (според мене) тајм.мк нема право да се лути и да објавува деловни информации како тоа колку му побарале да плати (ако веќе го прави тоа, нека објави и тој негови деловни и финансиски информации, колку заработува месечно/годишно итн) па да процениме а не само да ја видиме едната страна. Според мене, ако ја видите Маркетинг страната и ги видите цените таму, цената од 5000 евра месечно ќе ви делува "нормална" сума за тоа што му побарале. Е сега, тој има право да смени начин на работа (да го направи агрегаторот непрофитен) со тоа што би дозволил минимални реклами колку да не е во загуба со сервери и други срања и да си остане тоа што е. Тогаш нека рече "Еве сега не земам пари повеќе, вратете се" па ако не се вратат, тогаш дефинитивно е политичка одлуката да го избегаваат.
А искрено, го користам тајм.мк, и досега освен за рекламите (кои некогаш се ептен инвазивни, и мразам флешови), имам мали забелешки, од технички аспекти, но сепак тоа не ми сметаше за да го посетувам. Исто ако голем дел од "едната страна" на медиумите ги снема, нема смисла да читаме "друга страна" за споредба, што се губи и смислата на тајм.мк. Ќе продолжам и понатаму да го посетувам, но ако видам дека ми тежи накај "некоја страна" (заради немање вести од другата), не планирам да бидам мета на маркетинг и перење на мозок ако ме сфаќате.