Јакинта си гази
Одлична игра вчера, Касерес ѕвер, на десен бек ќе си има слатки маки Конте кого да избере. Падоин ко за прва утакмица добар впечаток ми остави, мислам дека ќе биде многу подобар од Пациенца и добар потег направи Конте што го зема, добар е за замена и нема да се буни ако не игра прв тим. Јас мислам дека треба Конте да му даде шанса на наредниве утакмици пред Видал бидејки овој не е баш во форма, или пак може да го одмори Пирло малце и Маркизио да ни игра плеј а овој на негово место.
Ме изнервира само што примивме глуп гол, грешка на Естигарибија беше тоа. Го остави сам на втора статива Ибра или кој и да беше тоа. Правеше и доста грешки во напад многу слабо центар-шутевите. Незнам зошто Конте не го играше Елиа пред него или пак да го сменеше, малце да го видиме црнчето.
Сега да ги изиграме наредниве утакмици во првенство без кикс и решавачки да биде дуелот со Милан. Мислам дека ако бидеме на +4 пред таа утакмица и доколку победиме со +7 би било се решено. Иако ние имаме уште неколку дерби утакмици до крај знеме како ги играме нив и не ме плашат толку колку оние против малите екипи.
И да може овој Хернанес од Лацио да го лапнеме летоска би било топ, што голче закачи сеа со Чезена.