Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Следната утакмица или некоја друга...немојте да сте плукале по Касерес не дека од сега може што сака да прави туку дека го величате а утре една да згреши а човек е па ќе го плукате...Честитики за победата, многу е слатка :)
 
Несакам никого да омаловажувам ама Финтата на Пирло според мене не може да ја направи ни Меси ни Роналдо.Едноставно тоа е Пирло,човекот кој на најпрост начин ги врши можеби најтешките работи во фудбалот,тоа го прави со прекрасен стил,смиреност и елеганција со еден збор неговиот надимак доволно говори за тоа Моцарт.

Иначе морам да им честитам на сите Јувенташи кај и да се наоѓаат.Денеска беше прекрасен ден.Во Њу Јорк атмосферата одлична се осеќаме како дома веќе таму.За играта што да кажам Перфекција,во ниеден момент не се плашев дека можеме да изгубиме тоа е Стиле Јуве тоа е тоа што се бараше,еден Џакерини и еден Естигарибија кои што 90 минути трчаат напред назад без престан,Еден Маестро Дел Пиеро кој со своите 37 години им ја крије топката на противниците и се уште е опасенн за голот,Еден Барѕаљи кој што моментално може да се мери со било кој стопер на светот,Еден Касерес кој во своето второ деби во светиот дрес постигнува повторно гол овој пат 2 гола со кој што вториот вистинско ремек дело.И секако Лавот Џорџо Киелини морам да го спомнам,не само него туку ситее а најзаслужен за ова Мистер Конте.Јувентус е на прав пат ова е веке сила и моќ,не е веќе среќа,моментална форма или што ти ја знам.Бидете ми поздравени сите сеуште сум под импресии.
 
Рутинска победа, читам фан клуб Милан дечкиве се многу реални ТОА Е ТОА се враќа СТАРАТА ДАМА...
 
Пред натпреварот добив поклон од еден другар што навива за милан...маица од јуве што на него му ја поклонил братучед од италија...после натпреварот ми се јави и ми рече да му ја вратам маицата утре...ама тешко:D:D Дечки нема што,честитки за победата едноставно НЕЛИ многу сме јаки сезонава...FORZA JUVEDSC06704.JPGDSC06705.jpgDSC06711.jpg
 
Одличен натпревар одигравме, се гледа дека Конте треба да им дава и на резервите шанса.Мое мислење е дека Маркизио, Видал, Пепе се уморни и заситени, во продолжение не е лошо да ги погледаме повеќе Естигарибија, Џакерини, Елија.

Многу ми се допадна играта на Џакерини со мали пари одличен играч.
За Касерес немам зборови, добивме Ѕвер.
Бонучи пак некако ми се губеше на моменти но има потенцијал, добро е да го задржиме.
Пирло, Дел Пиеро класа немам зборови иако капитенот можеше подобро да изреагира во неколку шанси.
За Падоин рано е да се зборува ќе видиме во иднина иако мислам дека и да останеше Пациенца добро ќе беше, незнам што добивме а што изгубивме со оваа замена.
Барцаљи и Киело одлични, се надевам ќе ги гледаме во тандем на Европското.
Бориело го оставив за крај, не изигра толку лошо колку што ми е одбивен.Неколку пати одглуми и се сплетка сам со себе, мислам дека немаше потреба да го носиме, вишак ни е очигледно.
Го заборавив Сторари, ништо за него, требаше да му ја учука една на Нослович.:sneaky:

Одиме со Болоња во недела на победа, доста беше поклони а и ни должат овие.


Вендетос друже, немој да му го враќаш маичето и јас не би му го вратил :свиркам::D

Forza Juve
 
Ќе може ли некој да ми го преведе текстот што миланезите го извадија пред почетакот на натпреварот, имаше нешто напишано за Конте
 
Дали ја видовте реакцијата на Конте после двата постигнати гола ... непроценливо ... од километри може да се види дека овој тренер е најдобриот потег на управата ... овој човек срцето го дава за Јувентус , секоја чест. Фантастична игра нема што , Касерес одлично враќање ...

од фан на Милан : Најзаслужено ќе биде Јуве да биде шампион,зошто греота е да освои Милан а некој да фрла по 100 милиони и да гради нов стадион ... :D ...
Поздрав ...
 
Само напред !!!!!!!!!!
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 11:49 ---
Официјално Мартин Касерес е изложен пред судот во Милано затоа што ги отепа пајаците кои се наоѓаа во голот на Амелиа!!!
 
Финтата на Пирло :cuc: Ставете видео ако ја најдете ;)
_2c001755b531fb60a9dd16b79a960bfc.gif


:sneaky:
 
Одличен натпревар одигравме, се гледа дека Конте треба да им дава и на резервите шанса.Мое мислење е дека Маркизио, Видал, Пепе се уморни и заситени, во продолжение не е лошо да ги погледаме повеќе Естигарибија, Џакерини, Елија.

Многу ми се допадна играта на Џакерини со мали пари одличен играч.
За Касерес немам зборови, добивме Ѕвер.
Бонучи пак некако ми се губеше на моменти но има потенцијал, добро е да го задржиме.
Пирло, Дел Пиеро класа немам зборови иако капитенот можеше подобро да изреагира во неколку шанси.
За Падоин рано е да се зборува ќе видиме во иднина иако мислам дека и да останеше Пациенца добро ќе беше, незнам што добивме а што изгубивме со оваа замена.
Барцаљи и Киело одлични, се надевам ќе ги гледаме во тандем на Европското.
Бориело го оставив за крај, не изигра толку лошо колку што ми е одбивен.Неколку пати одглуми и се сплетка сам со себе, мислам дека немаше потреба да го носиме, вишак ни е очигледно.
Го заборавив Сторари, ништо за него, требаше да му ја учука една на Нослович.:sneaky:

Одиме со Болоња во недела на победа, доста беше поклони а и ни должат овие.


Вендетос друже, немој да му го враќаш маичето и јас не би му го вратил :свиркам::D

Forza Juve

Изгубивме 5 милиони евра :)
 
Честитки за победата, немав можност да гледам, само глеам по порталиве ова:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom