- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
По размножувањето повторно добиваш пивски квасец со особина на повеќеклеточност т.е. со особина да се групира со останатите вештачко селектирани клетки на истиот пивски квасец.Во експериментот на Ретклиф по размножувањето (пијанката и оргијата) повторно добиле повеќеклеточни организми, исти како мама, само помали.
Kако и кај повеќето фунги и пивскиот квасец ја има таа особина на диморфност, Оваа особина пивскиот квасец си ја имал и пред Ретклиф да ја изврши вештачката селекција на квасните клетки со поизразита способност. Тоа се истите нееволуирани клетки од пред започнувањето на експериментот. Ништо не еволуирало. Само вештачки се селектирани оние клетки со поизразита способност да се селектираат.
И клетките на „едноклеточниот“ пивски квасец имаат способност за повеќеклеточност т.е. способност да се групираат, но таа способност е изразито мала и затоа мал минимален процент од нив се групираат, но сепак се случува групирање и оваа особина на пивскиот квасец и била познато на научната јавност со години пред да се роди Ретклиф. Во целата почетна смеса што ја употребил Ретклиф, доволно е да имало само 3-4 клетки од пивскиот квасец што имале натпросечна способност за повеќеклеточност за да размножат, селектираат, па повторно размножат, па пак селектираат итн. па нивните потомци да се наречат „еволуирани“ од Дарвинистите. Но не е така. Се што направил Ретклиф е една обична вештачка селекција.
Не мора и нема разлика на гените. Зошто би имало кога станува збор за истиот пивски квасец, кој не мутирал во „повеќеклеточен“, туку веќе си ја имал таа особина на повеќеклеточност т.е. да се групира во снегулки?Во новиот повеќеклеточен организам мора да има разлика (број или структура) во гените во однос на едноклеточниот квасец. Ти тврдиш дека се исти, а не си испитал. Тоа е верба. Јака.
Го прочитав јас убаво и од дарвинистите, но и од критичарите. Дарвинистите во очај на каков било експеримент што барем на подвидок ќе фрли светлина во насока на докажување на барем еден сегмент од еволуцијата вендаш викаат ура на секакви игри со клетките. Мора да имаш разбирање кон нив. Да не си им во кожа. После 150 и нешто години владеење на Дарвинизмот во официјалното образование и се уште да немаат доказ што ќе ја докаже нивната хипотеза, мора да е крајно фрустрирачки. Затоа и овие 150 години се полно со подметнувања, превари, од кои некои се забашотени, а некои јавно искритикувани од научната јавност.Прочитај го убаво научниот труд од Ретклиф - тие „снегулки“ не се исти со оние обични групирања и немаат исти својства.
Значи тие снегулки се истиот тој пивски квасец што си постоел и пред експериментот. Варијациите меѓу клетките си постоеле и пред и по експериментот. Некоја од тие варијации била и тоа што некои клетки имале поизразита способност да се групираат, а некои доволно мала за да не се групираат. Се што направил Ретклиф, по 10 пат ќе повторам, било вештачка селекција на клетките со поизразена способност за групирање.
Добиваш едноклеточен квасец кој исто така има способност да се групира т.е. да формира гроздови од снегулки, но во помала мера и затоа не се групира или пак се групираат само 4-5 клетки кои тешко можат да се забележат. Ако го размножуваш доволно време во некоја од потомците на тие клетки ќе се појават клетки со поизразена способност за групирање и со нивно вештачко селектирање, ќе се добијат клетки на истиот пивски квасец што ќе се групираат формирајќи гроздови на снегулки што на Ратклиф му личат на повеќеклеточен организам.Кај обичните групирања секоја единечна клетка може да се размножува, а по размножувањето не добиваш веќе групиран повеќеклеточен организам, туку повторно добиваш едноклеточен квасец.
Се добива истиот пивски квасец со склоност кон повеќеклеточност (групирање во гроздови од снегулки), но во оваа вештачки селектирана средина тоа својство е поизразено, затоа што со таа намена бил селектиран од Ретклиф и компанија.Кај Ретклиф одреден процент од клетките во „снегулката“ не се размножуваат (имаат друга финкција), а по размножувањето се добива иста таква (само помала) повеќеклеточна „снегулка“, а не едноклеточен квасец.
Клетките што не се размножуваат умираат во координирана редица (apoptosis) при процесот на делбата. Но и тоа не е ништо ново за пивскиот квасец, туку тоа му е програмирано во гените при оваа диморфна состојба.
Еве ти линк од експеримент во кој одредени научници ја истражувале оваа веќе постоечка особина на пивскиот квасец во 2001 година (околу 10 години пред да се појави Ретклиф со своето „откритие“
Многу еволуционисти, знаејќи ги овие особини на пивскиот квасец, согласно нивните догматични убедувања, тврдат дека пивскиот квасец има повеќеклеточен предок па затоа има вакви својства на повеќеклеточност. Секако и ова е само една пуста желба без ниту еден валиден аргумент.