Имам Renault Clio 1.9D од 2000г. и имам некој проблем со сензорот за брзина на движење. Се случува додека возиш и стрелката за километража си работи исправно и во некој момент одеднаш паѓа на 0 и бројачот на поминати километри исто така престанува да брои. После тоа, сосема случајно стрелката ќе си се врати во нормална работа и бројачот си работи нормално.
Интересно е што и прекинувањето со работа и оправањето се случуваат сосема случајно - гледав све, не е поврзано нити со температура на мотор, нити со брзина на движење, нити со број на вртежи на мотор, нити е од удари од дупки или нешто слично, абе ептен случајно.
Е сега, читав јас по разни форуми и сите викаат дека треба да се смени сензорот за брзина - он стои на задната страна од мењачот и има конектор со 3 пина. Го отварав јас конекторот, го чистев со контакт спреј и работеше едно два-три круга низ маало и толку, пак иста песна.
Да не има некој искуство со ваква работа и да ми каже кај да купам сензор и колку кошта.
П.С. За официјален сервис на Рено не правиме муабет, освен ако има некој да ми позајми пари колку што ќе кошта сервисот па да му ги вратам после 5 години