Antiteist
ateist
- Член од
- 19 декември 2011
- Мислења
- 127
- Поени од реакции
- 104
На форумов владее тешка болест на погрешни аналогии. Десет луѓе во оро се само обично множество од 10 независни единки, привремено поврзани. Не е тоа еден организам со 10 носа, 10 такви/онакви, 20 раце и 20 нозе. По орото, каква и да биде пијанката и оргијата, по 9 месеци ќе добиеш неколку единечни бебиња со по 1 нос, 1 такво/онаква, 2 раце и 2 нозе - исти како и единките пред да се фатат во орото. Нема да добиеш Alien со 10 носа, 10 такви/онакви, 20 раце и 20 нозе. Јасно ли е сега?Има име, како нема. Името му е „пивски квасец“ (на латински: Saccharomyces cerevisiae). И пред да се роди тој Раклиф и по неговиот експеримент пивскиот квасец си се викал пивски квасец. Името никој не му го сменил. И пред да се роди Раклиф тој пивски квасец во своите гени си ја имал способноста да се групира во гроздови од снегулки т.е. уште пред Раклиф тој во своите гени имал способност за повеќеклеточност. Раклиф и компанија со експериментот не извршиле никаква еволуиција на квасецот, туку само вештачка селекција на способноста која тој веќе си ја имал. Тие извршиле вештачко селектирање (со центрифугирање) на оние клетки кои што имале поизразена генетска способност да се држат при размножување. Баш како што пишав во еден од предходните коментари, тоа е слично како од група луѓе да ги селектираш оние кои сакаат да играат на музика, а потоа од нив да ги селектираш они кои се поталентирани во играњето оро. Тоа не е нов организам во вид на ланец што се врти, туку тоа се луѓе што играат оро
Во експериментот на Ретклиф по размножувањето (пијанката и оргијата) повторно добиле повеќеклеточни организми, исти како мама, само помали. Новиот повеќеклеточен организам сеуште нема име. Јас предложив едно име, ама сега ми падна на ум и второ име. Што ти прави конкуренција...
Во новиот повеќеклеточен организам мора да има разлика (број или структура) во гените во однос на едноклеточниот квасец. Ти тврдиш дека се исти, а не си испитал. Тоа е верба. Јака.Тоа е исто како да прашаш ако еден човек има околу 25.000 гени, колку гени има во 10 луѓе фатени на оро?
Значи не станува збор за непознат нов „еволуиран“ организам, туку за истиот пивски квасец (Saccharomyces cerevisiae) од кој се селектирани оние клетки кои што имаат поголема способност да се држат една за друга. Гените се тие што се и во секоја клетка има ист број на гени како и во „едноклеточниот“ пивски квасец што исто така има генетска способност да формира повеќеклеточни снегулки во одредени околности (се разбира некоја клетка повеќе, некоја помалку)
Прочитај го убаво научниот труд од Ретклиф - тие „снегулки“ не се исти со оние обични групирања и немаат исти својства. Кај обичните групирања секоја единечна клетка може да се размножува, а по размножувањето не добиваш веќе групиран повеќеклеточен организам, туку повторно добиваш едноклеточен квасец. Кај Ретклиф одреден процент од клетките во „снегулката“ не се размножуваат (имаат друга финкција), а по размножувањето се добива иста таква (само помала) повеќеклеточна „снегулка“, а не едноклеточен квасец. Тоа е дефиниција за повеќеклеточен организам!