А бе ок, лошо е тоа што има низок цензус (иако и тоа е демократија, право на секој граѓанин дали ќе излезе или не), ама ако така се доведува во прашање неговиот легитимитет (легалитетот мислам дека не се доведува во прашање со нискиот цензус, други фактори влијаат на тоа), тогаш каков би бил неговиот легитимитет доколку го бира Собранието? Непостоечки. Вака дури и 40 посто да излезат да гласаат, пак значи дека има одредена поддршка од електоратот, за разлика од ситуацијата кога Собранието би го бирало, електоратот воопшто не би се ни прашал (реално ако правиме муабет). Во ред, пратениците се избраници на народот, но тие немаат право да бираат Претседател во нивно име, затоа што сепак и Претседателот е институција достојна за почит. Можеби нема политичка моќ во големи количини, но сепак е нашиот главен дипломатски претставник во светот, а народот треба да има право да одбере кој ќе ги брани интересите на народот во светската дипломатија. Не дека Македонија може многу да се брани од светски мршојади, ама сепак...
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 16:32 ---
А кој ќе одлучува кој е соодветен експерт за одредена Министерска позиција? Експертската влада е погодна за краток рок, не и за перманентно решение.