Најдобар политички систем?

Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
За нас би функционирал секој друг (билокој) политички систем/уредување,одколку оваа привидно капиталистичко-демократско општество. Кај нас од страна на демократија преовладува само ДЕМОКРАТСКИ МРАК! А од страна на капитализам,само КАПИТАЛИСТИЧКИ АРАМИИ!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нај добар политички систем е во кој:
Луѓето се раѓаат и умираат еднакви во правата. Општествените разлики можат да се засноваат само на заедничка корист.
Погодете, од каде е овој став!
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Капитализмот ја има создадено средната класа. Средната класа настанува кога продуктивноста т.е. повратот на капиталот е доволно висок за да обезбеди повисоки плати на работниците. Се е довисока акумулација на капитал во апсолутни бројки. Голем Капитал, Високи Инвестоции, Голем Поврат на Капиталот, Мал број на вработени, Висок процент на продуктивност еднакво Високи Плати. Комунизмот ја создава вештачки таа илузија порамнувајќи ги сите во едно ниво и ставајќи го контролата на капиталот во рацете или на државата или на некој квазиполитички совети (работнички совети и друго).
Баш обратно. Средната класа го создаде капитализамот. Средната класа, односно порано се викаа буржоасци ја создадоа буржоаската револуција во цела Европа, односно во поранешните феудални држави кои беа централизирани монархии. Таа е таа класа која беше угнетена во феудализмот и и беа скратени многу права во државата. Со револуциите се издигнаа и создадоа капиталистички систем, а за потпора ја зедоа демократијата, противтежа на капитализмот. Зависните граѓани, средната класа и сите други добија права благодарејќи на разните конвенции, декларации кои дојдоа со се поголемиот развој на демократијата. Се создаде меѓународното право поради се поогромната соработна на државите поради нивните потреби бидејќи имаат капиталистичко општество. Тоа општество е секогаш гладно за ресурси, пари, работници, затоа му е потреба поголема глобализација.
Денес полека исчезнува средната класа дури и во најразвиените држави. Капитализмот создаде луѓе побогати и помоќни од држави, но и ситни работници кои се зависни од нивната работа и мизерната плата. Оние кои се родите во сиромашна околина останале без образование и не можеле да се вработат никаде, останале бездомници, кој банкротирал, кој поради разни причини, така добивме милиони бездомници по Америка и Европа.
Се приватизираа сите стратешки институции на државите, електктрстопанства, телекомуникации, се зголемија сметките поради тоа што сопствениците сакаат поголем профит, а граѓаните не можат да си ги дозволат, земаат кредити поради тоа што капиталистите-сопственици на банките, им даваат поради тоа што сакаат да зимаат огромни камати. Можеби капиталистичкото општество се видело добро во почетокот, но полека ги губи границите и започнува да уништува.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 20:43 ---
Тоа што ти го дефинираш како “средна класа“ тоа биле сите граѓани во СФРЈ. Немаше класи тогаш туку вештачки создадена една класа со спојување на сите класи во една и таа несмее никако да се нарече „средна класа“ тоа е грешка. За вистинска средна класа нема доволно капитал во МК ќе треба уште доста раст на БДП за таа да се зајакне и зголеми на број. Добро Дојде во Капитализам 101 некој не ти ги објаснил работите. Само Капитал во Апсолутни Бројки е битен останато е само декор и си доаѓа само по себе.
Постоела средна класа, но не од таа природа како онаа во капиталистичките држави. Различен начин имаат на создавање. Не постоело никакво вештачко припојување на класите. Суштината е во тоа што сите работеле во правни лица во сопственост на државата. Не постоеле правни лица во сопственост на граѓаните, освен ситни занаетчиски дуќани. Работниците и те како биле поделени, со тоа што земале различна висина на плата, нормално, оној со медицинска диплома и со професија доктор не може да зема иста плата со шивач во конфекција (без навреда, реално не може да се спореди). Мора да земаат различна поради тоа што некој уложил во образование и трпел маки за да научи, а друг има само средно образование.
Но, добро овде е што сите тие имале доволна плата за да ја задоволат животната и духовната егзистенција на достоинствено ниво. Можеби градежниците земале помали плати од судиите и докторите, но и тие и тие можеле да имаат куќа, можеле да си ги образоваат децата, можеле да си отидат на одмор, да си платат сметките, да купат храна, можеле да си купат облека.
Каде го гледаш овде вештачкото припојување на класите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom