Најдобар политички систем?

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Во Р.Македонија претседателот итекако може да е важна личност во политичкиот систем, треба само да има авторитет и со своето едногодишно обраќање мислам дека беше во парламентот може да има улога во креирање на државната политика и да претставува значаен дел од политичкиот систем во Македонија.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Паралелна полициска врз која нема влијание.
Се на се, многу ограничено влијание за личност која се бира на избори. Кога веќе му даваме само протоколарна функција, нека го бира парламентот.
Се согласувам (y) Вака се троши ем пари ем имаме низок цензус на излезност, па се доведува во прашање неговиот легитимитет и легалитет.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Робовладетелско општество, каде робовите ќе бидат роботите. Од сите општества до сега тоа има најголема заслуга што денес имаме ваква наука на ова ниво и уметност на ова ниво, бидејќи каде застанала уметноста и науката тогаш, продолжила подоцна во Хуманизамот и ренесансата. Проблемот е што тогаш робови биле луѓето, денеска тоа нема да биде проблем бидејќи робови може да бидат роботите. Кога целата работа ќе ја вршат роботите, луѓето нема да имаат потреба да работат, а со тоа ќе нема и потреба да се има пари.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се согласувам (y) Вака се троши ем пари ем имаме низок цензус на излезност, па се доведува во прашање неговиот легитимитет и легалитет.
Јас не се согласувам, си треба претседател избран од народот кој што ке го контролира парламентот, но акко што кажав треба да е авторитет и да си го бива човекот, има право на вето нели, ако парламентот пак го изгласа законот со 2/3 мнозинство тогаш нема право на вето, а знаеме колку е тешко да се обезбеди тоа мнозинство во овие услови во Македонија.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Киро и Борис имаа голема улога во креирање на политиката преку нивните цврсти ставови.
Види, мораш да ги имаш предвид околностите во кои Киро и Борис биле претседатели. Киро во многу турбулентен период, осамостојување, Борис за време на 2001 година. Во вакви ситуации, потребен е силен лидер и во таков случај не е преседан доколку претседателот малку ги развлече своите моќи, односно дури и да постапи над своите моќи, ќе се прогледа низ прсти, затоа што таква е ситуацијата и околностите.

Но, доколку станува збор за релативно мирен период, во кој нема одредени општествени превирања и кризи, тогаш Претседателот како таков и нема многу ингеренции. Тоа мора да се земе предвид. Кога станува збор за турбулентен и кризен период, се подразбира дека претседателот ќе има можност и ќе има удел во креирање на политиките, но доколку не е така, претседателот има најголема улога во дипломатијата, со остварување на средби и до некаде за лобирање. Има моќ за надворешна политика до некаде, но кога станува збор за внатрешната политика, нема баш некој удел.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Робовладетелско општество, каде робовите ќе бидат роботите. Од сите општества до сега тоа има најголема заслуга што денес имаме ваква наука на ова ниво и уметност на ова ниво, бидејќи каде застанала уметноста и науката тогаш, продолжила подоцна во Хуманизамот и ренесансата. Проблемот е што тогаш робови биле луѓето, денеска тоа нема да биде проблем бидејќи робови може да бидат роботите. Кога целата работа ќе ја вршат роботите, луѓето нема да имаат потреба да работат, а со тоа ќе нема и потреба да се има пари.
Да но во ДНК на човекот е да работи нешто ако престане да работи ќе добие болест ако добие болест ќе умре на млади години ако умре нема да остави поколение .

Генетски инжинеринг нема да биде успешен затоа што нема поента животот да се клонират луѓе тоа е јалова работа.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Се согласувам (y) Вака се троши ем пари ем имаме низок цензус на излезност, па се доведува во прашање неговиот легитимитет и легалитет.
Тек ако не го избира народот, ќе стане обична мивка. :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Да но во ДНК на човекот е да работи нешто ако престане да работи ќе добие болест ако добие болест ќе умре на млади години ако умре нема да остави поколение .

Генетски инжинеринг нема да биде успешен затоа што нема поента животот да се клонират луѓе тоа е јалова работа.
Под роботи мислев на машини роботи, а што мислиш со што се занимавале една класа на луѓе во тој период, кога имале робови што се друго им работело???
уметност и наука
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Јас не се согласувам, си треба претседател избран од народот кој што ке го контролира парламентот, но акко што кажав треба да е авторитет и да си го бива човекот, има право на вето нели, ако парламентот пак го изгласа законот со 2/3 мнозинство тогаш нема право на вето, а знаеме колку е тешко да се обезбеди тоа мнозинство во овие услови во Македонија.
Поаѓајќи од тоа дека пратениците ја претставуваат вољата на народот, за мене е подобро да се бира во собранието. Партијата во моментот која е моќна и на власт (која и да е) ќе го има мнозинството да го избере претседателот и на избори и во собранието. 2/3 мнозинство се обезбедува со албанскиот партнер во власта. И на двете партии во власта потребно им е тоа мнозинство за одредени закони.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се согласувам (y) Вака се троши ем пари ем имаме низок цензус на излезност, па се доведува во прашање неговиот легитимитет и легалитет.
А бе ок, лошо е тоа што има низок цензус (иако и тоа е демократија, право на секој граѓанин дали ќе излезе или не), ама ако така се доведува во прашање неговиот легитимитет (легалитетот мислам дека не се доведува во прашање со нискиот цензус, други фактори влијаат на тоа), тогаш каков би бил неговиот легитимитет доколку го бира Собранието? Непостоечки. Вака дури и 40% да излезат да гласаат, пак значи дека има одредена поддршка од електоратот, за разлика од ситуацијата кога Собранието би го бирало, електоратот воопшто не би се ни прашал (реално ако правиме муабет).

Во ред, пратениците се избраници на народот, но тие немаат право да бираат Претседател во нивно име, затоа што сепак и Претседателот е институција достојна за почит. Можеби нема политичка моќ во големи количини, но сепак е нашиот главен дипломатски претставник во светот, а народот треба да има право да одбере кој ќе ги брани интересите на народот во светската дипломатија. Не дека Македонија може многу да се брани од светски мршојади, ама сепак... :)

Najubavo e ekspertska vlada.
toa e spas samo
А кој ќе одлучува кој е соодветен експерт за одредена министерска позиција? Експертската влада е погодна за краток рок, не и за перманентно решение.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.170
Поени од реакции
18.218
Во пракса ниту еден.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Поаѓајќи од тоа дека пратениците ја претставуваат вољата на народот, за мене е подобро да се бира во собранието. Партијата во моментот која е моќна и на власт (која и да е) ќе го има мнозинството да го избере претседателот и на избори и во собранието. 2/3 мнозинство се обезбедува со албанскиот партнер во власта. И на двете партии во власта потребно им е тоа мнозинство за одредени закони.
Mислам дека оваа опозиција има повеќе до 40 пратеника така да без нив неможе да се обезбеди 2/3 мнозинство... нема везе тоа... претседателот ако го бива човекот и ако има авторитет може во излагањето во собранието да придобие некој пратеник и да влијае во политиката и на донесување на законите...А пратениците ги има од повеќе политички опции и застапуваат повеќе вољи на повеќе групи од народот, а претседателот е еден и е претседател на целата нација и работи за вољата на народот без оглед дали некој гласал за него или не, а како што кажав пратениците работат за вољата на народот кој го гласал бидејќи ја подржале програмата на таа партија!!!
 

панаше

uploading...
Член од
7 февруари 2012
Мислења
44
Поени од реакции
25
А бе ок, лошо е тоа што има низок цензус (иако и тоа е демократија, право на секој граѓанин дали ќе излезе или не), ама ако така се доведува во прашање неговиот легитимитет (легалитетот мислам дека не се доведува во прашање со нискиот цензус, други фактори влијаат на тоа), тогаш каков би бил неговиот легитимитет доколку го бира Собранието? Непостоечки. Вака дури и 40 посто да излезат да гласаат, пак значи дека има одредена поддршка од електоратот, за разлика од ситуацијата кога Собранието би го бирало, електоратот воопшто не би се ни прашал (реално ако правиме муабет). Во ред, пратениците се избраници на народот, но тие немаат право да бираат Претседател во нивно име, затоа што сепак и Претседателот е институција достојна за почит. Можеби нема политичка моќ во големи количини, но сепак е нашиот главен дипломатски претставник во светот, а народот треба да има право да одбере кој ќе ги брани интересите на народот во светската дипломатија. Не дека Македонија може многу да се брани од светски мршојади, ама сепак... :)
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 16:32 ---

А кој ќе одлучува кој е соодветен експерт за одредена Министерска позиција? Експертската влада е погодна за краток рок, не и за перманентно решение.
zosto da ne za permanentno?
ke odluci narodot, ke se zemat vo predvid site negovi sednati STOLCINA i prethodni ESNAF da i narecam stavovi a najbitno zavrsento obrazvanie.
nemoze eden prost ligavicar da bide minister za obrazovanie a prethodno imal redica edinici i neznel da se potpise da mi doe i da mi soli pamet
izvini so shvercam politika ama taka e
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
zosto da ne za permanentno?
ke odluci narodot, ke se zemat vo predvid site negovi sednati STOLCINA i prethodni ESNAF da i narecam stavovi a najbitno zavrsento obrazvanie.
nemoze eden prost ligavicar da bide minister za obrazovanie a prethodno imal redica edinici i neznel da se potpise da mi doe i da mi soli pamet
izvini so shvercam politika ama taka e
Да, но како народот ќе знае кој е компетентен? Реално и така може да се прошверцаат некомпетентни. :) Не само што може, туку и ќе се прошверцуваат некомпетентни. :)
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
zosto da ne za permanentno?
ke odluci narodot, ke se zemat vo predvid site negovi sednati STOLCINA i prethodni ESNAF da i narecam stavovi a najbitno zavrsento obrazvanie.
nemoze eden prost ligavicar da bide minister za obrazovanie a prethodno imal redica edinici i neznel da se potpise da mi doe i da mi soli pamet
izvini so shvercam politika ama taka e
Мислам дека експертска влада уште толку ќе ја зезне работата кај нас.

У право си за ова дека не е секој кадарен да биде министер, али јбг, кај нас и така не се гласа за личности, него за партија, а министрите “играат“ според партиската музика. Мислам дека нема ништо да се постигне со воведување на експертска влада, освен додатни расправии и конторверзии околу изборот на членовите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom