Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Поведе Вардар против Рух со 1:0. Колку што успеав да разберам стрелец е Лико :)
Со голот на Таневски во 50-та минута, Вардар води со 2:0.

А, првиот изгледа Филип Ивановски го постигнал.
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 15:44 ---
Веќе 3-0, голот го постигнал Мирослав Вајс. Браво за Вардар, 3-0 против Рух е одличен резултат.
 
Сигурно играат со првиот тим на Рух? :D Да не испадне после дека и овие со младинци играле, малку чуден ми е резултатов :) Ама у секој случај браво, само напред!
 
Сигурно играат со првиот тим на Рух? :D Да не испадне после дека и овие со младинци играле, малку чуден ми е резултатов :) Ама у секој случај браво, само напред!
Како што пишуваат на фејсбук страната на Вардар, имало 2-3 младинци, другите биле прв тим.
 
Ruch Chorzów : Lech – Lewczuk, Kołodziejski, Lewiński, Burliga – Włodyka, Grzelak, Lisowski, Starzyński, Zieńczuk – Niedzielan

Еве им го составот, Зиенчук мислам дека им е најдобар стрелец.
 
Lewczuk годинава изиграл 13 натпревари, Kolodziejski и Lewinski 0, Burliga 6, Wlodyka,и Starzynski 0, Grzelak 4, Lisowski 12, Zienczuk 15 и Niedzielan 0.
Што значи играме со нивен комбиниран состав:)

Сега проверив на нивната страна, Kolodziejski, Wlodyka и Starzynskiсе младинци.
 
Конечен резултат Вардар - Рух 3 - 0,стрелци Лико ,Таневски и Вајс,прочитав дека нашиот тим бил за класа подобар и заслужено стигнал до победа :)
 
Конечен резултат Вардар - Рух 3 - 0,стрелци Лико ,Таневски и Вајс,прочитав дека нашиот тим бил за класа подобар и заслужено стигнал до победа :)
Ivanovski go dal prviot.
 
Ivanovski go dal prviot.
Па и јас прочитав првин Ивановски,али после тоа дојде исправка дека го дал Лико.Како и дае ,битно е што победивме и што сме изиграле одличен натпревар,следна играме против Славија Софија!
 
Фудбалерите на Вардар одиграа одлично на вториот пријателски натпревар од подготовките во Анталија, совлдувајќи го полскиот прволигаш Рух Хорзов со убедливи 3-0. Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа капитенот Филип Ивановски, новото засилување Златко Таневски и Мирослав Вајс.

Според извештаите од Анталија, Вардар бил за една класа подобар ривал на овој меч и заслужено стигнал до победата. Многу поважно за тренерот Илчо Ѓорѓиоски е што сите линии во тимот фунционирале беспрекорно, а Вардар игра разновидно и погодоците ги постигнуваат различни фудбалери. На два меча, постигнати се четири гола, сите од различни фудбалери. На спротивната страна, мрежата на „црвено-црните“ засега мирува, а на минатиот тест меч Симов одбрани и пенал.

Наскоро поопширно...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5418
 
На нивната страна пишува дека Лико го дал, ама валјда нашиве знаат повеќе, пошто имале информации од лице место :D
 
Ivanovski go dal prviot.

А што би ние без него момче :D

Добро е одлично играме,нека продолжат во исто темпо момците.Следна со Бугарите мислам да ги опердашиме и нив,баш ме интересира и Огбона како се снаоѓа во тимот,прочитав дека спуштил уште некое килце излеа Илчо душата му ја вади.Значи без Рангелович до Април,добро го имаме Стојакович на негово место,па таман Пеџа ке се врати кога тревата ке биде готова на Градски.
 
Фудбалерите на Вардар одиграа одлично на вториот пријателски натпревар од подготовките во Анталија, совлдувајќи го полскиот прволигаш Рух Хорзов со убедливи 3-0. Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа капитенот Филип Ивановски, новото засилување Златко Таневски и Мирослав Вајс.

Според извештаите од Анталија, Вардар бил за една класа подобар ривал на овој меч и заслужено стигнал до победата. Многу поважно за тренерот Илчо Ѓорѓиоски е што сите линии во тимот фунционирале беспрекорно, а Вардар игра разновидно и погодоците ги постигнуваат различни фудбалери. На два меча, постигнати се четири гола, сите од различни фудбалери. На спротивната страна, мрежата на „црвено-црните“ засега мирува, а на минатиот тест меч Симов одбрани и пенал.

Наскоро поопширно...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5418
ВАРДАР - РУХ ХОРЗОВ 3-0 (1-0)
Игралиште во Анталија. Стрелци: Ивановски 20, Таневски 52, Вајс 61.

Вардар: Захов, Илиевски, Вајс, Таневски, Цикарски, Оса, Стјепановиќ, Стојаковиќ, Грозданоски, Ивановски, Лико. Уште играа: Симов, Бошковски, Велјановски, Тунески, Огбона, Ацески, Костовски, Петров.

Рух Хорзов: Лех, Левчук, Колодзејски, Левински, Бурлига, Влодика, Гржелак, Лисовски, Старжински, Зјенчук, Неджелан. Уште играа: Јосл, Абот.
 
Во овој состав настапил Вардар денеска, а не тој што е даден во Екипа.
Симов, Илиевски, Таневски, Вајс, Цикарски, Оса, Вељаноски, Петров, Грозданоски, Лико, Ивановски
Уште играа: Захов, Бошковски, Ацевски, Стојаковиќ, Колеќевски, Костовски и Огбона.

Сега го поставија на официјалната страна на ФК Вардар.
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 18:05 ---
Lewczuk годинава изиграл 13 натпревари, Kolodziejski и Lewinski 0, Burliga 6, Wlodyka,и Starzynski 0, Grzelak 4, Lisowski 12, Zienczuk 15 и Niedzielan 0.
Што значи играме со нивен комбиниран состав:)

Сега проверив на нивната страна, Kolodziejski, Wlodyka и Starzynskiсе младинци.
Arkadiusz Lewinski i Andrzej Niedzielan немаат настапи затоа што се нови играчи од оваа зима.
 
Не ми е јасно само зошто се крие дека не сме играле против првиот тим на Руч. Па нема ништо страшно во тоа...
Играле со 3-ца првотимци, 3-ца младинци, неколку резервисти и двајца нови играчи.
Сосема солиден состав, и одличен резултат за нас, пошто и ние сме смениле цела постава во второ полувреме.
Инаку се потврдува дека нашиве немаат однапред одредени противници, туку таму си ги бираат противниците па затоа неможеме да имаме контролен меч со комплетен противник туку играме со комбинирани состави. И на самиот официјален сајт на Руч пишува дека немале испланирано пријателска со нас, па затоа играле во комбиниран состав.
Сепак баш против вакви состави треба да се воигруваме. Тоа е целта на пријателските, да се има противник по мера. Не е финтата да истрчаш против некој што ќе му пикнеш 20 гола, ниту па да играш против некој против кого нема топка да допреш...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom