Болдот е суштината на целиов муабет друже. Од тука произлегува скепсата, да не одам понатаму за абиогенезата и Бигбенгот за кои науката сеуште нема целосно одговорено.
Јас тука би го додал следново.
Компјутерот е моќно орудие. Нуди можност за еден куп симулации, што денес увелико и се прави. Не сум сигурен за последниве неколку години што се случува на полето симулација на биг бенг, абиогенеза или некои слични прашања, но до 2005 та барем имаше досста обиди кои понудија успешна симулација на биг бенгот, а потоа дојде и проектот со ЦЕРН. Исто имаше и не толку успешни обиди на полето на абиогенезата. Но сепак се обидоа да симулираат со еден вид фрактали и евристичка функција која ќе ги менува копиите да се долови ефектот. Не наиде на одобрување од многу причини.
Значи поентата ми е онаму каде што има доволно материјал за симулација, информатиката тоа ќе го изведе.
Кај теоријата на еволуцијата НЕМА НИТУ ПОТРЕБЕН, НИТУ ДОВОЛЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА СИМУЛАЦИЈА НА ИСТАТА преку засега познатите методи. Помалку материјал има дури и од абиогенезата.
Под материјал се подразбира доволен број на истородни карактеристики кои со однапред зададена тежинска матрица ќе можат да бидат основа на една самоучечка мрежа со која би се извела симулација.
Тоа се дел од причините заради кои ТЕ барем кај мене, наидува на скепса.
п.с Претпоставувам дека тебе и ти се познати овие работи
Чисто онака за некои што се од друга област.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 13:38 ---
Тука си грешка и морам да те поправам.
Во науката, теоријата никогаш не станува закон. Според тоа, постои закон на гравитација и постои теорија на гравитација. Законот опишува, теоријата објаснува.
Повеќе тука:
http://notjustatheory.com/ - кратко е, прочитај го цело. Инаку знам дека не си креационист, тоа се однесуваше на манипулаторот кој штотуку се врати од "одмор".
.
Точно, во право си.
Ќе с епоправам , ќе кажам дека сеуште нема ЗАКОН ЗА ЕВОЛУЦИЈА.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 13:41 ---
Секако, но мора и да се потенцира дека разликата во докази кај ТЕ и ББ е голема. Според мене, оправдано е да се сомневаш во понудените хипотези околу настанокот на универзумот, но не е оправдано да се сомневаш во еволуцијата (зборувам за сомнеж од типот дали воопшто се случила, не само начинот на кој се случила).
Зошто не е оправдано да се сомневаме во еволуцијата помеѓу видовите (цело време отсега натаму ќе го напоменувам ова меѓу видовите
)?
Напоменав и погоре. ТЕ теоретизира врз основа на веќе создадено множество праклетки, не знаејќи од каде доаѓа истото тоа. Не е баш најкоректен тој пристап.
Хмм ако претпоставиме дека ЕВОЛУЦИјАТА СЕ ЛСУЧИЛА БЕЗ СОМНЕЖ, А ГО СПОРИМЕ НАЧИНОТ НА КОЈ СЕ СЛУЧИЛА, ТОГАШ КОјА Е РАЗЛИКАТА ВО ДВАТА НАВЕДЕНИ СОМНЕЖА?
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 13:45 ---
Ајде Мики, дефинирај ми скептицизам по прашање на некоја од овие две фотографии кои се
проверено без фотошоп интервенции:
Во ред е да оставаш простор за скепса,
но скепса
без разум и доволна информираност е само игнорантност - не е отворен ум.
Се слагам околу дефиницијата за игнорантност и отворен ум.
За жал не мислам дека мојата скепса е надвор од разумот. Мислам дека многу пати сум ги доловил моментите на скептицизам, ако не ќе се потрудам повторно.
Искрено не знам што ме прашуваш за сликиве?
Ај малку поконкретно, што би требало да одговорам, на кое прашање?
Аха, мислиш на она што наликува на нозе, претпоставувам?
Ок, нека се и нозе , но тоа е сеуште риба. Можеби е дегенерација, не знам.
Мислам дека ваквите примери се потребен, но далеку од доволен доказ да се укаже на преодот од еден вид кон друг со доволно долго време и доволно многу мутации.
Рано е за такво нешто.
Дури и би рекол дека ова во најдобар случај е доказ за адаптација на рибата.
Напоменав и претходно. Дали навистина 4те елементи од ТЕ во взаемна комбинација даваат нов вид е симптоматично? Или најблаго кажано претпоставено.
Јас ќе почекам околу неговата точност.