Фан Клуб: Вардар

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Вардар на стартот од натпреварот со Ростов настапил во следниот состав: Захов, Илиевски, Вајс, Таневски, Цикарски, Оса, Стјепановиќ, Стојаковиќ, Петров, Ивановски и Лико.
Второто полувреме „вардарци“ го одиграле во состав: Симов, Илиевски, Бошковски, Вајс, Таневски, Ацевски, Вељановски, Грозданоски, Костовски, Огбона, Колеќевски.
Поради тоа што се разви дискусија дали Илчо Ѓорѓиоски, врз основа на новите засилувања ќе ја менува формацијата, мислам дека цитираниот текст ги дава одговорите на тие прашања. Судејќи според имињата на играчите во стартниот состав, јасно е дека Вардар и овој натпревар го започнал во стандардната 4-1-4-1 формација ,во која што настапуваше и во есенскиот дел од сезоната. Во одбраната централни дефанзивци биле Вајс и Таневски, лево играл Цикарски, додека десно Илиевски. Во средниот ред, Оса стандардно си играл како последен играч за врска, додека пред него биле Стјепановиќ и Стојаковиќ, а пак лево и десно по офанзивните позиции сосем очекувано Лико и Петров. Фичо многу нормално, класичен центарфор и најистурен во нападот. Оваа формација може наизменично лесно да се менува и во 4-3-3 (односно 4-1-2-3).

Е сега, во второто полувреме колку што можам да заприметам, тројката од средниот ред е преобразена во формација со двајца деструктивци, тоа се Вељановски и Ацевски, и еден истурен креативец веднаш зад напаѓачите, односно Влатко Грозданоски. Одбраната е иста само што Бошковски влегува во игра на местото на Цикарски, додека во нападот имаме класично трио со Костовски, Огбона и Колеќевски.

Оттука, иако некои најавуваа дека не очекува пролет во која Вардар ќе ја игра класичната 4-4-2, мислам дека овој натпревар потврди дека и натаму ќе се комбинира со воиграните менувања од 4-1-4-1 во 4-3-3.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Објава до медиумите

Навивачката група Комити Запад не излезе со свое официјално соопштение за случувањата на Скопското Кале додека сето тоа беше актуелно, бидејќи сметавме дека доказите и правдата ќе ги обелодениме пред судот, но бидејќи гледаме дека нашето име постојано се споменува во медиумите во тотален нон-сенс би сакале да реагираме.
Имено по завршувањето на целиот случај бевме и сеуште сме сведоци на разно разни дебати, теории и изјави од секакви некомпетентни лица и новинари, а последен е случајот со емисијата на г-динот Александар Чомовски.
Упорно некои структури се обидуваат да ја вмешаат навивачката група во политиката роварејќи внатрешно и надворешно(преку медиумите), но ние цврсто стоиме на својот став и идеал.
Најпрво мора да ги демантираме невистините кои ги објави г-динот Чомовски, со изјавата дека навивачката група Комити се степала меѓусебно на натпреварот во кошарка помеѓу Работнички- Црвена Звезда. Како што е познато на сите спортски симпатизери, навивачката група Комити не навива за ниеден клуб освен Вардар, и би му препорачале на новинарот да ја разгледа темата пред да ја коментира, бидејќи во Македонија постојат повеќе од 10 навивачки групи, односно да не го меша поимот навивач, со поимот Комита, што значи дека меша една навивачка група со друга.

Во врска со настаните на Калето беше дрско презентирана тезата дека сето тоа било исценирано со цел да се тргне мислата на јавноста од другите проблеми во државата, но ние потенцираме, нашето присуство на Калето беше токму со спротивна намера, односно да се актуелизира рушењето на една црква само ден претходно, а токму политичарите и новинарите со своето лукаво однесување го заменија истото и се префрлија на вториот настан(кале), а со самото тоа заборавајќи го првиот(рушењето на црквата). Притоа напоменуваме дека МВР не подели ниту една пријава за рушењето на црквата.
Заклучуваме дека истите политичари тотално ја изманипулираа јавноста со тоа што направија контра ефект од нашето дејствување и го ставија случајот за рушење на црквата незапишан во историјата и неказнет, а со самото тоа дадоа право на други делото да го повторат(Мала Речица и Лабуништа!!).
Апропо, да потсетиме дека на Калето не отидовме со цел да направиме инцидент туку бевме кукавички нападнати, а чесно се браневме.

За крај навивачката група Комити не присуствуваше во Ниш ниту пак навива за репрезентациите на Македонија организирано, нешто што беше објавено на нашиот веб сајт и е добро познато, па би порачале да прекинат да не обвинуваат за песните кои таму се пееле или пак за настаните кои таму се случувале, бидејќи со истите не сме запознаени.

Нашата навивачка група Комити Запад е формирана во 1987година и е постара од сите партии во Македонија, и уште пред истите да се формираат се бореше за истите идеали за кои се бориме, и ќе се бориме.

 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.060
Како што најавивме во текот на вчерашниот ден, веднаш откако ги добивме фотографиите од вчерашниот натпревар на Вардар ги објавуваме на нашиот веб сајт.




 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
По Предраг Ранѓеловиќ, Раденко Бојовиќ и Гуобадија Оса се следните фудбалери на ФК Вардар кои добија Македонско Државјанство, со што се создаде простор за ангажман на нови странски засилувања во летниот преоден рок.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
По Предраг Ранѓеловиќ, Раденко Бојовиќ и Гуобадија Оса се следните фудбалери на ФК Вардар кои добија Македонско Државјанство, со што се создаде простор за ангажман на нови странски засилувања во летниот преоден рок.
Супер вести се ова,значи ке може да очекуваме на лето уште неколку квалитетни странски играчи со кои би атакувале на што подобар пласман на европската сцена :) !
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Ги токмат Оса и Ранѓеловиќ за репрезентација :icon_mrgr:
Веќе тројца ни повлекоа за репрезентација Филип Ивановски, Филип Петров и Влатко Гроздановски, не е викнат Ранџеловиќ заради операцијата, а не знам зошто го пропуштиле Оса кога и он има државјанство а е измислен за во репрезентација на таа позиција. Во секој случај ќе биде убаво вака пола Вардар во репрезентација.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.256
Поени од реакции
2.593
^ Секако битна работа е да имаме што повеќе репрезентативци, а со тоа ќе се отвори простор за уште неколу засилувања од странство затоа што Ранџеловиќ, Оса и Бојовиќ веќе имаат Македонско државјанство, што значи тие нема да се сметаат како странци во нашиот клуб.
Така да очекуваме квалитетни засилувања здравје во Јуни.

Инаку, кога сме кај веб страната, само како пример ќе ја земам страната на Динамо Загреб.
http://www.gnkdinamo.hr/

Станува збор за една од најмодерните веб страници, вака треба да изгледа една веб страна на секој сериозен клуб.
Знам дека можеби не сме во можност веднаш да имаме ваква веб страна, и дека тоа чини повеќе финансиски средства, но ја давам само како пример, еден ден зошто да не и ние да имаме дури и подовра веб страна од оваа.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.060
^ Секако битна работа е да имаме што повеќе репрезентативци, а со тоа ќе се отвори простор за уште неколу засилувања од странство затоа што Ранџеловиќ, Оса и Бојовиќ веќе имаат Македонско државјанство, што значи тие нема да се сметаат како странци во нашиот клуб.
Така да очекуваме квалитетни засилувања здравје во Јуни.

Инаку, кога сме кај веб страната, само како пример ќе ја земам страната на Динамо Загреб.
http://www.gnkdinamo.hr/

Станува збор за една од најмодерните веб страници, вака треба да изгледа една веб страна на секој сериозен клуб.
Знам дека можеби не сме во можност веднаш да имаме ваква веб страна, и дека тоа чини повеќе финансиски средства, но ја давам само како пример, еден ден зошто да не и ние да имаме дури и подовра веб страна од оваа.
Далеку е од модерна, ама па и далеку подобра е од нашата :D . АКо до толку се проблем финансиите или наоѓањето на дизајнер/програмер еве јас се нафаќам да ја направам како што доликува, сепак тоа ми е професија. Ама џабе и да биде најмодерна ако редовно нема кој да ја ажурира со новости и информации.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
194
Поени од реакции
727
Бугариве нигде не најавуваат пријателска со нас.
Ето всички контроли, които предстојат на „Славија” в Анталија:
7 февруари – „Иртиш” (Казахстан)
8 февруари - „Колхејти” (Грузија)
10 февруари – „Минск” (Минск)
13 февруари – „Астра” (Плоешт)
16 февруари – „Металург” (Донецк)
Очигледно нашиве не знаат кои им се противниците во Анталија.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
^ И јас тоа го прашав вчера Скопјанец 1978.
На еден бугарски сајт даваат и директни преноси од нивниве тимови во Анталија, ама никаде не е спомнато дека Вардар ќе игра со Славија.
Да не биде и овие со младинци да играат, па пак да какаат луѓево на страната на ФБ како со Ростов. Дајте дознајте на време.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
KOj znae toamu so kogo igraat bas cudno e vaka sto ispadna ,i na eurosport davaat prijatelski od Antalija bas pred nekoj den imase Zvezda so uste nekoj a cim gi nema nasive cudno e
 

Kajgana Shop

На врв Bottom