Jovo Sk-Mk
Е брзо е,брзо е
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 310
- Поени од реакции
- 40
Поради тоа што се разви дискусија дали Илчо Ѓорѓиоски, врз основа на новите засилувања ќе ја менува формацијата, мислам дека цитираниот текст ги дава одговорите на тие прашања. Судејќи според имињата на играчите во стартниот состав, јасно е дека Вардар и овој натпревар го започнал во стандардната 4-1-4-1 формација ,во која што настапуваше и во есенскиот дел од сезоната. Во одбраната централни дефанзивци биле Вајс и Таневски, лево играл Цикарски, додека десно Илиевски. Во средниот ред, Оса стандардно си играл како последен играч за врска, додека пред него биле Стјепановиќ и Стојаковиќ, а пак лево и десно по офанзивните позиции сосем очекувано Лико и Петров. Фичо многу нормално, класичен центарфор и најистурен во нападот. Оваа формација може наизменично лесно да се менува и во 4-3-3 (односно 4-1-2-3).Вардар на стартот од натпреварот со Ростов настапил во следниот состав: Захов, Илиевски, Вајс, Таневски, Цикарски, Оса, Стјепановиќ, Стојаковиќ, Петров, Ивановски и Лико.
Второто полувреме „вардарци“ го одиграле во состав: Симов, Илиевски, Бошковски, Вајс, Таневски, Ацевски, Вељановски, Грозданоски, Костовски, Огбона, Колеќевски.
Е сега, во второто полувреме колку што можам да заприметам, тројката од средниот ред е преобразена во формација со двајца деструктивци, тоа се Вељановски и Ацевски, и еден истурен креативец веднаш зад напаѓачите, односно Влатко Грозданоски. Одбраната е иста само што Бошковски влегува во игра на местото на Цикарски, додека во нападот имаме класично трио со Костовски, Огбона и Колеќевски.
Оттука, иако некои најавуваа дека не очекува пролет во која Вардар ќе ја игра класичната 4-4-2, мислам дека овој натпревар потврди дека и натаму ќе се комбинира со воиграните менувања од 4-1-4-1 во 4-3-3.