Па има во упатството за кое ти дадов линк
http://forum.kajgana.com/threads/Софтвер-за-лепење-на-титлови.54512/#post-4561860, имаш опција тест, и кога ке го пуштиш фајлот на тв ќе видиш на која вредност, пример 480 дали е премногу долу, ако е премногу, тогаш идеш на 470, или 460 ако сакаш повисоко да е.
Ако ти е пиши бриши цд-то, тогаш имаш можност да пробуваш колку сакаш. Имаш и примери и во истиот пост. Но не заборавај, откако ќе откриеш на која висина ти е идеален преводот, ОТштиклирај го она за Тест, бидејќи нема да ти вметне превод него ќе си иде тоа тест по екранот. Тест е само да дознаеш на која висина ти треба преводот.
Како што веќе пишав таму за хдтв епизоди од 350мб сум испитал и за плазма 42 и за таков 29инчен телевизор и сум ставил вертикална вредност. За други епизоди 480p исто имаш информации па и за некој двдрип правев тест. Барем немаш многу чекање, за 1мин добиваш дивикс фајл со вграден превод каков сакаш и големина на фонт каква сакаш.