Традиционалната битка: св. Трифун vs. св. Валентајн

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Оваа година ќе славам:


  • Вкупно гласачи
    142
  • Гласањето е завршено на .
И јас велам дека Св.Трифун не е да се начукаш.
И пола од тие што ќе се опијанат нема да го направат тоа со вино.
Се изгуби смислата на славењето на Св.Трифун.

Што се однесува до Св.Валентајн, Ќешки да сте заљубени па и да прославите и да го обележите денот, не гледам ништо лошо, што е за превертување очи,но во рамките на нормалалата, да нема посебни спектакли за овој ден.

Јас ништо нема да славам, Св.Трифун не го гледам како мој празник, немам лозје, тоа е.
А за Валентајн, нит сум заљубена, нит имам некој па да го одбележам со меченце, срценце, бомбони и слично...
Но, има време до 14-ти.. :sneaky:
Sea ti se slavi valentajn, a si ogranicila privatnost na profil...
 
Untitled-1.jpg


Католик што ќе се начука и ќе слави св. Трифун :D
 
трифун не е празник на пијаниците туку е празник на лозарите кои на овој ден го закројуваат лозјето и не е никаква причина да земеш да се начукаш.
валентајн не е христијански празник туку е католички. на овој дден тој св валентин ги венчавал скришно римските девојки.
така да ја неславам ни едното ни другото. ако сакам да се начукам можам било кој ден да го направам тоа. а за изјавување љубов - нетреба да се чека денов па посебен подарок да са земе за дечкото или девоката. тоа може да се направи и секој друг обичен ден.
 
валентајн не е христијански празник туку е католички. .

католиците се марсовци ??:confused:

морам да те корегирам...валентин е христијански празник...не е православен но е христијански...и доста мешате баби и жаби...и католиците и православните и протестантите и адвентистите и евангелистите и......се христијани и нивните празници се христијански
 
Отткако ќе ги заспиеме јагнињата, со добра чаша Т’га за југ, ќе си наздравиме во име на љубовта и секој оној ден во кој си докажуваме колку си се сакаме, значи ќе и залиеме на љубовта, не дека само на 14-ти заливаме, него ете така да тргне :)
 
ич не сте практични.
што има врска католички или православен.
нова година каков е празник???
значи на кој како му одговара и смета дека најдобро би си поминал, не по дифолт. а најдобро комбинација од двете. битно е да си поминете убаво. ако тоа значи дека ке купувате бонбоњери во форма на срце ако така налага ситуацијата или шише вино или комбинација од двете, така нека биди.
како што би рекол нашиот голем идеолог ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
целта го оправдува делото:)
 
Ден ко ден, Вторник... Немам лозје за да имам грижа на совест ако не прославам св. Трифун, крстена сум во католичка црква но не сум верник... Така да каков ден ќе биде, ќе си дојдам од работа, ќе направам јадење, ќе седнам на форум да читам мрчатори :) , ќе ја гушкам Лулу, а таа ќе ме грицка, ќе одиме да се шетаме со Лулу, па Дота, па филмче и спремање за кревет...
Како што кажав, Ден ко ден Вторник... :)
 
католиците се марсовци ??:confused:

морам да те корегирам...валентин е христијански празник...не е православен но е христијански...и доста мешате баби и жаби...и католиците и православните и протестантите и адвентистите и евангелистите и......се христијани и нивните празници се христијански
не реков дека се марсовци. да бев католик може ке го славев ама пошо сум православен христијанин затоа и не го славам.
 
Пијани, трезни, заљубени барем гласајте за да си земиме мобилен со женската (Одберете ранг и гласајте за Мартина Петреска)

Инаку си го славам св. Трифун, пошо не сум некој верник и доста ми се православните празници... :)
 
вакви бадијалџии ни дома нивните не ги слават, а вие мислете си дека славите нешо дур конзорциумите си куцаат на вашата глупоќа.
ќе ги славам Флеминг и Гутенберг.
 
Зашо бе да се дели, најубаво е кога ови два празника ќе се спојат, ем вино ем љубов... има ли нешто боље од тоа?
 
Малце почнуваат да ме нервираат речениците од типот „Не ми треба посебен ден за да покажам некому колку го сакам“, „Зарем само на овој ден се сакате“ бла бла..
Океј!
Ја сакаш мајка ти, ама на 8ми март и посветуваш поише внимание.
Најдобрата другарка си ја сакаш ептен, ама сакаш на роденденот да и купиш нешо вау и да и го напраиш посебен.
Се сакаш себе си, ама за твојот роденден очекуваш сите да те сакаат и да те прават среќна.
Луѓето секој ден имаат сида, ама еден ден е ден на заболените од сида, тогаш ја покажуваме нашата поддршка и емпатија највеќе.

Не, не ми треба посебен ден за да му покажам на дечко ми колку го сакам, ама убаво е да се има ден за да се прослави љубовта, и тоа не е ваш интимен ден кога прв пат сте се бакнале, прв пат сте имале секс, или некој ваш прв пат што со таа посебна личност ви значи, туку е ден кој го слават многумина ширум светот и ден кој треба да се посвети на љубовта.Глобално ширење на љубов.
Еден ден во кој сите мислат на љубов, светот е накитен со црвени и розеви срценца, заљубени парови, ружи...
Ден во кој паровите се надеваат дека секој ден ќе им биде волшебен, дека човекот со кој слават ќе им биде доживотен партнер, ден кога луѓето кои немаат партнер - мислат на љубовта, добиваат надеж дека наскоро и они ќе чувствуваат пеперутки во стомакот...
Ден кој генерации пред нас го славеле, луѓе и парови кои не знаеме дека постоеле сакале и биле сакани и овој ден им бил посебен...

И да, сосема е изобличено сфаќањето за свети валентин, но зарем тоа е важно? Се слави љубовта и тоа треба да биде најбитно!
 
Валентајн е комерцијален празник кој девојките го сакаат бидејќи се желни за романтика која пак во нормални услови машките би го нарекле -> папучарство..
Убаво направиле демотивација на фб..сите викаат еб*ш љубов а се би дале некој да ги сака..И да би требало поголемо значење да му дадеме на православниот празник на Верата надежта и љубовта..А за Трифун, зафатените луѓе го гледаат како прилика/повод за добро дружење,за пиење и забава,а многу па тоа го прават секојдневно и без мерка ..Во основа секој празник кој ги зближува луѓето за мене е добар и мислам дека тоа е и нивната цел. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom