Вчера се покажа карактерот на тимот и на клубот. Манчестер секогаш се враќа и се враќа посилен од претходно (тоа ќе го осети Ливерпул). Мислам дека начинот на кој се освои бодот е дури и подобар од рутинска победа. Самодовербата и мотивацијата сега се до врв а на другите тимови тоа нема да им се свиѓа. Што би рекол Заев живи луѓе ќе јадеме сега до крај на сезона
. Ретко кој може да се врати после 3-0 на Стемфорд Бриџ против Челзи без разлика кој играл за нив.
На натпреварот требаше да се досудат минимум два пенала за Јунајтед и тие се досудија може да збори (плаче) кој колку сака тоа е факт. Ако се земе во предвид дека 2 од трите гола што ги прими Манчестер беа несреќни (автоголови), тогаш и нема што толку да тажат навивачиве на Челзи тие не ни заслужија победа.
Случајно или не Манчестер Јунајтед го направи најголемото враќање во сезоната на ден пред денот кој го означува најголемото враќање на еден клуб во историјата на фудбалот.
FOREVER REMEMBERED
UNITED WILL NEVER DIE!!