StarScr3am
Ѓавол
НБА синоќа ги објави имињата на првите петорки на Источната и Западната конференција за претстојниот олстар-натпревар во Орландо на 26 февруари. Годинешниот избор на навивачите не помина без поголеми изненадувања, што само уште еднаш покажува дека ова е избор на популарност, а не избор на најдобрите. Ова особено значи за изборот на Кармело Ентони во стартната петорка на Истокот. Кошаркарот на Никс има добар просек од 23,8 поени по натпревар, но останува впечатокот дека можеби Крис Бош повеќе го заслужи своето место во стартната петорка на Истокот. Кошаркарот на Мајами има просек од нешто повеќе 20 поени по натпревар и се покажа како многу важна „алка“ во тимот, покрај Вејд и Џејмс. Со оглед на тоа што Никс имаат скор од 8-14 кажува дека Ентони не е вистински лидер, а исто така факт е дека тимот игра подобро без него. Но, да не се оддалечуваме од темата, еве ги стартерите во двете конференции.
Исток - Дерик Роуз (Чикаго), Двејн Вејд (Мајами), Леброн Џејмс (Мајами), Кармело Ентони (Њујорк) и Двајт Хауард (Орландо).
Резерви - Луол Денг, Ражон Рондо, Пол Пирс, Рајан Андерсон, Тајсон Чендлер, Дарен Колисон, Дени Грејнџер, Лу Вилијамс.
- Двајт Хауард освои 1,6 милиони гласови од фановите, што е најмногу од сите останати кошаркари воопшто.
Запад - Крис Пол (ЛА Клиперс), Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Кевин Дурант (Оклахома), Ендрју Бајнам (ЛА Лајкерс), Блејк Грифин (ЛА Клиперс).
Резерви - Стив Неш, Расел Вестбрук, Кајл Лаури, Руди Геј, Данило Галинари, Кевин Лав, Ламаркус Олдриџ, Марк Гасол.
- За Брајант ова е 14-ти олстар-натпревар, со што го мина Мајкл Џордан на листата со најмногу настапи, но сè уште е зад Џабар, кој има 18 настапи. Кошаркарот на Лејкерс воедно доби најмногу гласови на Западот (1,5 милиони).