Протест во Струга! Запалена црквата во Лабуништа/Мала Речица?

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Прво да се разбериме: Генерализирањето е многу дебилна работа.Втора работа:Не постојат докази дека навистина тоа го направиле Торбеши,значи да погодуваш и да даваш предрасуди за некого без докази и факти е многу дебилно.

Еве јас како торбеш да ви представам една работа.Во моето село има една џамија и некој 6 манастири.Популацијата е 80% торбеши(голем процент моментално албанизирани),20 % македонско христијанско населеније. Досега на никој не му пречат храмовите нити некогаш му пречеле.Имаме одличен соживот со христијаните.Јас како торбеш можам да ти кажам дека голем дел од моето детство повеќе растев со христијанското население него со другите торбеши...Нејсе...Друга работа,сте чуле ли за Гоцеви Денови?Кој ги славеше , како се славеа ...?Зошто повеќе не се слават на начинот на кој се славеа?

Торбешите секогаш биле задна рупа на свирало што би се рекло.Секогаш осудувани,секогаш угнетувани и обвинувани...и никогаш не беа прифатени од Македонското население(заради некои си свои социо стигми).Последниве години т.е после 2001 година,многу работи се смениа.Кога падна струга под Албанската управа,многу торбеши почнаа да се пишат албанци.Зошто почнаа да се пишат албанци,дали знаете некој? Оти ги чуствуваа поблиски до нив,оти имаа нешто што ги зближува(религијата) а плус тоа односот на Албанците према ова население се смени т.е беше многу подобар од оној однос кога беше Струга под Македонска власт.
Моментално се Албанизира тотално тоа население(се воведува албански јазик во школите,се менуваат имињата на школите...).
Запрашај те се зошто?

Немојте да трубите дека торбешите ги напуштиле македонците?Спротивна е ситуацијата..

Сега за тврдењава: Ќе речам “МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ„.

Торбешите се принципиелен народ али немој да заборавите на ова: Моментално во Боровец огромен дел од населението го нема(Замислите школа со 5 петтооделенци и 10 8 одделенци,ќе имате приближна слика кој останал таму),во Лабуниште исто така голем дел од машката популација ја нема.Голем дел што е останат таму се копиљаци од 10 до 18 годишна возраст и нешто од повозрасните(али главната бројка ја сочинуваат младите).
Втора работа , никогаш до сега немало немири , никој до сега не запалил свет храм или црква или нешто слично.Исламот во селата не е радикален,никогаш не бил насилен нити имало било какви интенции или пак намери за такво нешто.Се дружам со сите(а тој дел го сочинуваат и поголемите верници,и ви тврдам дека досега никогаш али баш никогаш не ни помислиле на такво нешто а не да го направат-бројката колку христијански храмови има а колку популација ја ставив поради овој став)
Да се запали свет објект треба да се има огромни мадиња или пак огромна мржња према христијаните(такви импресии како торбеш досега не сум забележал никогаш).


Значи да бидам јасен,постои можност тоа да го сторил торбеш(ИАКО ТОА НЕ Е ДОКАЖАНО НИТИ ПОТВРДЕНО) али шансите се многу мали.


Мој став:
1)Или е некој копиљ дете,потплатен од некого или нешто слично да го направи тоа.
2)Или е политичко масло да се креира мржња према торбешите од страна на Македонската популација.

Што е пресудете сами...
Добар пост. Еве сега јас ќе бидам искрен и јас живеам со торбеши пријатели ми се воопшто не ми пречат а и несакаат да се нарекуваат торбеши за нив ова е навредливо сами и се викаат Македонци со муслиманска вероисповед. Пријателот ми вика дека можеби се разликуваме во религијата со вас Православните но имаме ист јазик а како што можам да видам многу сте поцивилизирани од овие 20% и навистина се разликувате. Тоа што некој го вовел тоа да се делиме на православни и муслимани Македонци во ова е крива и сама Македонија треба да се грижи за ова население ако е со муслиманска вероисповед да го заштитува а и треба да ви биде јасно "исламофобијата" во нашава земја се појавува поради овие 20% не поради Македонците муслимани,бошњаците,турците,ромите итн. Јас искрено го почитувам исламот не ми пречи како религија мене ми пречат шовинистите и сепаратистите што навистина ве вртат против нас (го користат исламот како изговор за да речат еве православниве не ве сакаат но не е така) , а исто и вие треба да имате како свест дека вие имате Македонски корени е една религија ако ве тера да се пишете турци или 20% "свака ви част" свати како сакаш но само верата не дели една душа сме
 
Вака со препукувања кој е во право кој криво, ќе оди до бескрај, апелирам темава да се затвори привремено, па ако се случат некакви работи да се дискутира, зошто од едно се отиде на сосема трето
 
Торбешите во Македонија се поголеми муслимани од самите Турци и Албанци..:tapp:

Ниту Турската партија ги сака нив,ниту пак Албанските партии,сем ако им треба гласови од нив..

Торбешите се :гомце: Торбешите не се посакувани ниту од турците ниту од албанците, освен ако имат корист од глупостите на торбулињата..:tapp:
--- надополнето: 3 февруари 2012 во 00:19 ---


хахахах Турчинот Поларис е закон, ама понекогаш претерува, ама не до толку како Торбешите и Албанците..:facepalm:
Сега без навреди сепак и тие се Македонци ... Но тука си во право овие 20% и турците ги мамат во име на исламот дека се многу поблизу до нив бла бла овие се ќафири не идете со нив. тоа е само една демагогија од нивна страна но тука треба свеста да проработи оти никој неможе да ги сака како ние православните Македонци другите ги користат само за политички цели и онаа лажна љубов што им ја даваат со текот на времето ќе се покаже како лажна
 
Вака со препукувања кој е во право кој криво, ќе оди до бескрај, апелирам темава да се затвори привремено, па ако се случат некакви работи да се дискутира, зошто од едно се отиде на сосема трето

Не се препуцавања.Гледам тука,премногу се генерализира.
По изјавата на Мерко(која е жими половиов орган е вистинита) дека тоа го направиле Македонци,одма излезе дека тоа го направиле Македонски Муслимани.Е па ако се Македонски Муслимани,нека ги каже кои се барем кои се да знае против кого се пиши со причина-Али очигледно изјавата на Серко паѓа во вода оти нема ИМИЊА.

Јас се обидов да ви дадам слика,како функционира животот кај мене во овие села со цел да имате поголема слика за тие луѓе.За тоа,какви се и како живеат јас најдобро знам бидејќи живеам со нив.

Инаку , Ребел,се сложувам.Религијата е една работа,националноста е друга.Дали прадедоми примил ислам или не,дали му се наметнал или не искрено ти кажувам ме заболе патак.Религијата ми е ислам,националноста Македонец,.живеам како Македонец.Тоа што сум муслиман нема нити врска,има атеисти македонци ,будисти македонци.......но сепак се Македонци.Инаку у војни се познају јунаци,лесно е да збориш во Битола дека си Македонец и да се плескаш у гради,дојди направи го тоа во Струга?
Затоа можам да кажам дека баш овие Македонски муслимани се поголеми патриоти отколку голем дел од еректираниве пениси што изиграваат патриоти на форумов.
 
Јас познавам многу ,,торбеши''. Дури и глупо ми е да ги нарекувам така, имам многу добар другар ,,торбеш'' со кој имам израснато, од 5 години сме заедно и бајаги се почитуваме. Религијата никогаш не била бариера, апсолутно никогаш, а националноста ни е иста, нели двајцата сме Македонци.

Имам многу познаници од Ростуше конкретно, онака ги знам генерациски и со сите сум океј, колку што знам сите се чуствуваат како Македонци, учат Македонски и се пишуваат исклучиво како Македонци. Малку ми е глупа теоријата на Брејкер дека се ,,задња рупа''. Е сега, нивна одлука е да склопуваат брак со Албанци, Турци... па така се претопуваат на некој начин, али јебеш га. Како и да е, се сложувам дека не треба да се генерализира, како што група на пијани кретени ги почнаа срањата во Вевчани, така и група на кретени (ванаби верници/вехабисти или нешто) ја запалиле црквата. Иако мислам дека сето ова е режирано, а во најмала рака палењето на црквите е поттикнато од радикални исламисти.
 
Што кур му се правдате ако имало анти-турски песни, да не не заслужиле случајно, ебате бескичмените ! Или намерно се праите шљакнати ради “инвестицискиот бум’’ што Грујо го пичи моментално низ Турција, као да не ја ебеме калимерата па за леб да исцркаме? Јас сум слушал на Македонија-Турција “ Оџалан- Курдистан ’’ како сканидира цел стадион па што има врска.
Арно ама...

Ако се чувствуваш навреден како Турчин ти се извинувам.
Во име на целото човештво му се извини.
 
Прво да се разбериме: Генерализирањето е многу дебилна работа.Втора работа:Не постојат докази дека навистина тоа го направиле Торбеши,значи да погодуваш и да даваш предрасуди за некого без докази и факти е многу дебилно
................
Брејкер,
Во оној момент кога ќе се соберат 15000 луѓе на плоштад, се запали знаме, и после тоа се запалат црква, во селото на тој ист народ, што бил собран на плоштадот, се јавува генерализација. Не се важни веќе доказите, некои индивидуалци, направиле грда слика на цело село, за цела група население, затоа според мене е најдобро, тие луѓе сами да излезат или да бидат кажани од селаните. Ова секогаш ќе биде црна дамка.

За 1000 цркви помогни, уште 1000 изгради, ама во моментот кога 1 си запалил, си ги запалил сите 1000.

Што се однесува за односот на Православните Македонци спрема вас последните 70 години, падна муабет на темава за професор Нијазија Лимановски (незнам дали го знаеш). Ние бевме тие што ве викавме Турци, нашата држава во река отвараше Турски школи, иако од професорот и од населението беше експлицитно кажано дека децата одат во подалечни села колку да учат Македонски. Мене ми е јасно дека кривицата е во православното население. Но тоа е тоа. Резултатот е тој, можеби е веќе касно. Погледни овде, тука луѓето се чувствуваат нешто поинаку од Македонци.

Vo fejsbuk stranava sto e za Labunista, vleguvaat, makedonci i ne provociraat.
Што значи дека овие луѓе не се осеќаат како Македонци.

И не само тоа може да се прочитаат изјави како: „мене лично како торбеш“, „торбешкиот народ“, „торбешите се тие првите што манифестира по селата“, „nie torbeshite sme gordi sto se obedinivme“.

Ова мене ми збори дека возот, ако не веќе поминал, дека е при крај. Ова население повеќе не се осеќа за Македонско. Маргинализацијата, допринесе ова население да е подложно на Турска, Албанска и на крај Саудиска пропаганда. Струга е само почеток, од нас ќе зависи како ова ќе продолжи. Ова е сеуште локална појава, во Струга. Фијат работеше на ова. За да престанат влијанијата врз Македонците муслимани, треба сами да се потрудиме, не да ја обновиме довербата, зошто таа е веќе разурната, туку да изградиме доверба од почеток.

Треба да се премижат некои работи, треба да се помине преку некои работи (повеќе муслиманите, отколку православните) и да се отвори нова страница во Македонската историја.

Доколку тоа не успее, тој Македонски народ со муслиманска вероисповед, кој сеуште се осеќа за Македонски, ние ќе го изгубиме засекогаш, ќе се откине здраво ткиво од Македонската нација. Но доколку успее, ние ќе сме блиску и да ги повратиме и тие Македонци кои се под Албанска пропаганда, а можам да кажам дека не се малку.
 
Ова мене ми збори дека возот, ако не веќе поминал, дека е при крај. Ова население повеќе не се осеќа за Македонско. Маргинализацијата, допринесе ова население да е подложно на Турска, Албанска и на крај Саудиска пропаганда. Струга е само почеток, од нас ќе зависи како ова ќе продолжи. Ова е сеуште локална појава, во Струга. Фијат работеше на ова. За да престанат влијанијата врз Македонците муслимани, треба сами да се потрудиме, не да ја обновиме довербата, зошто таа е веќе разурната, туку да изградиме доверба од почеток.

Треба да се премижат некои работи, треба да се помине преку некои работи (повеќе муслиманите, отколку православните) и да се отвори нова страница во Македонската историја.

Доколку тоа не успее, тој Македонски народ со муслиманска вероисповед, кој сеуште се осеќа за Македонски, ние ќе го изгубиме засекогаш, ќе се откине здраво ткиво од Македонската нација. Но доколку успее, ние ќе сме блиску и да ги повратиме и тие Македонци кои се под Албанска пропаганда, а можам да кажам дека не се малку.

Мислам дека си во право за ова, поголемиот дел од ова население во Дебар и Река е со поинакви размислувања од тие во околината на Лабуништа (или барем она презентирано на нивната Фб страница).Почнувајќи од навивањето и радоста после ЕП во ракомет, учество во македонски партии, а не во партијата на Фијат итн...
 
За да престанат влијанијата врз Македонците муслимани, треба сами да се потрудиме, не да ја обновиме довербата, зошто таа е веќе разурната, туку да изградиме доверба од почеток.

Треба да се премижат некои работи, треба да се помине преку некои работи (повеќе муслиманите, отколку православните) и да се отвори нова страница во Македонската историја.

Доколку тоа не успее, тој Македонски народ со муслиманска вероисповед, кој сеуште се осеќа за Македонски, ние ќе го изгубиме засекогаш, ќе се откине здраво ткиво од Македонската нација. Но доколку успее, ние ќе сме блиску и да ги повратиме и тие Македонци кои се под Албанска пропаганда, а можам да кажам дека не се малку.
Ова може да се постигне за помалку од 10 години, бидејќи природно и вистински, ако ги исклучиме сите пропагандни влијанија, тие луѓе иако се со муслиманска религија се дел од македонскиот народ. Тие не се Турци, тие не се Албанци или луѓе без нација.
Но некој, оној којшто треба да преземе чекори за вистинска интеграција на ова население, не сака. Зошто?!
Единственото логично прашање кое се наметнува е: А да не, случајно, имаме и Македонци, не толку радикални христијани колку исламофоби?
И за овој процес не треба ниту пропаганда (од видот на албанската, турската, бошњачко-саудиската) ниту финансиски средства (Фијат), само јавно изразена добра волја.
Тоа ќе помогне не само за релаксација на меѓуверските туку и на меѓуетничките односи на релација Македонци-Албанци, бидејќи еден дел од Македонците, оние со муслиманска религија, веќе имаат воспоставено некој вид на пријателски однос со Албанците кои над 95% се муслимани.
И ова не е нешто непознато. Но, зошто на властите не им одговара ваквиот развој на настаните?
 
Единственото логично прашање кое се наметнува е: А да не, случајно, имаме и Македонци, не толку радикални христијани колку исламофоби?

Во Македонија Исламофобијата се испреплетува со Албанофобијата. Кога ќе се спомне муслиман, се мисли на Албанец. Сите муслимани се ставаат во еден кош. До некаде ексклузивитетот за муслиманската вера го наметнаа Албанците, све со цел за албанизирање на целокупното Муслиманско население, ние таа игра ја прифативме. Во 2001 иако конфликтот беше чисто етнички, во Прилеп (можда имаше и други места) се запали џамијата, не водевме сметка кој се може да се навреди од тоа, иако Албанците со палење и скревнавење на цркви тоа го иницираа први. Не водевме сметка дека конфликтот немаше религиозен предзнак и дека во редовите на Македонските сили учествуваа и Муслимани. А во тој случај Македонците муслимани, Ромите муслимани и Бошњаците беа тие што беа трезвени и не дозволија конфликтот да прерасне во религиозен.

Затоа викам, ова со што се соочуваме е нешто ново, далеку поопасно од она што се случуваше во 2001 година. Ова доколку не се обработи како што треба се заканува да прелие во судир од религиозен карактер. Таков судир многу тешко се контролира. Некои Албанци излегоа и пробаа да ги присвојат овие случувања со цел да добијат дневно-политички поени. Но набргу видовме и јасни оградувања на дел од Албанците. Секое поврзување на Албанците со овие случувања раѓа поголем револт кај Православното население и поголема опасност од реакција, а секоја реакција Македонците од Муслиманска вероисповед ќе ја осеќаат како реакција врз нив. На ова играат некои заостанати Албански радикални структури. Не знаат дека ова највеќе ќе се одрази врз нив.

Од тоа што го видовме на митингот во Струга, можат да се надѕирнат елементи на крајно радикален Ислам. Се вееја знамиња на туѓа држава, овојпат Саудиска Арабија, се вееја црни знамиња на Џихадот. Албанците треба да знаат дека секое нивно поистоветување со вакви елементи на радикален ислам, значи еден чекор подалеку од подршката што ја имаат од Западните земји. Повеќето Албанци тоа го сваќаат, но има и Албанци под влијание на радикалниот ислам.
--- надополнето: 3 февруари 2012 во 14:34 ---
Има една интересна работа. Видете ги коментарите тука: http://www.liveleak.com/view?i=aef_1328022061#comment_page=1

Во светот е ова се гледа како Албански протест.
 
Во светот е ова се гледа како Албански протест.
Тешко. Светот баш и нема многу поим ниту за нас, ниту за Албанците. Мислам дека меѓународните претставници многу добро знаат дека ова не е македонско-албански судир. Самите Албанци оние поздравите во мозокот веќе се обидоа да се дистанцираат од ова (со изјавата дека црквата во Мала Речица била "албанска" што воопшто не е точно бидејќи оав не е прво уништување и вандализирање, во 2001 црквата изгоре во меѓуетничкиот судир http://mk.wikipedia.org/wiki/Манастир_„Св._Ѓорѓи“_-_Мала_Речица прочитај го делот за обновата) , сакајќи да укажат дека Македонците се тие кои верската нетрпеливост ја пренесуваат на меѓунационална основа .
Но ние сме си виновни и ние можеме да го решиме ова. Македонците муслимани се клучот за општествениот мир.
Но ние некако по навика влегуваме со "српско поимање" на работите, а тоа не е многу интелигентено.
Впрочем затоа и се доведовме во ваква ситуација. На почетокот на повеќепартискиот систем (нема да го наречам демократија) ние сеуште живеевме со туѓите (српските) фрустрации и болки. Сочувствуваме со нашите "брачо" и се угледувавме на нив. Сеуште постојат такви будали. Тоа како и кај нив и кај нас создаде само повеќе и подлабоки поделби.
Инаку меѓу коментарите има многу такви што се чудат зошто нема македонско знаме, и како може да се пали знаме на државата во која се живее?
 
Реакција на ДПА за настаните во Струга!
Петок, 03 Февруари 2012 00:35
dpa%20pres.jpg
„Граѓаните на Струга повторно жртви на добро осмислено сценарио, Протестите во Струга, поради исмејување на исламот на Вевчанскиот карневал, како и учеството на трите клучни луѓе, градоначалниците на Вевчани и Струга, Перо Илиески, Рамиз Мерко и Струшкиот Муфтија, Ферат Полиси подготвени се за најновиот филм во Струга. Вака обвинија од ДПА, Струга. Претседателот на огранокот на ДПА, Лавдрим Елмази, рече дека се ова е добро смислена и одлично анализирана потценувачка, навредлива и конфликтна сцена, каде се задира во најчусвителното прашање, верското. Од ДПА зачудени, зошто Владата не реагира на се ова.
„Струшкото Муфтиство на чело со Др. Ферат Полиси, реагираше и во нивната официјална реакција бараат(цититам):

1. Владата и соодветното министерство да ја избришат оваа општина од регистарот на општините на РМ
2. градоначалникот на оваа општина автоматски да даде неотповиклива оставка од оваа функција
3. да бара јавно извинување пред целата јавност на РМ.“
Г. Полиси, како ја објаснувата вашата средба со градоначалникот на Вевчани заедно со градоначалникот на Струга, еден ден пред протестот или неколку дена после вашата реакција?“
Од струшкиот огранок на ДПА, поставија уште низа прашања за тоа која е улогата на Струшкиот Муфтија и што всушност сака да постигне со тоа што се јавува во две улоги. Исто така тие се обратија и до градоначалникот Мерко.
Елмази истакна дека тие како огранок на ДПА, биле тука за да и стават до знаење на јавноста во Македонија, дека Струга и стружани, секогаш биле и остануваат лулка на културата, доброто однесување, соработка и толеранција. Тој ги осуди и чиновите на сквернавење на верски објекти и рече дека ова најмалку и е потребно на Струга, бидејќи градот не е дел од тоа, но за жал постојат одредени структури кои сакаат да и го нарушат имиџот и да ја претстават во негативно светло.
 
Мислам дека е дело на организацијата Фејсбук националисти (y)
„Смрт за каури“ и пенис на црква во населбата Ченто

05
ФЕВ 2012​
12:13​

Нова црква денеска е оштетена и исчкртана со погрдни и навредливи пароли.

Околу 10 часот утрово била исчкртана црквата Свети Кирил и Методиј, во скопската населба Ченто.
На неа било испишано „Смрт за каурите“, бил нацртан пенис и крст пречкртан со икс.
Полицијата трага по сторителите и работи на расветлување на случајот.
 
Битолското Муфтиство информира дека минатата година (2011) Битоските џамии претрпеле 50 напади од хулигани , 30 пати пријавиле за испишани навредливи графити (Смрт за ши*тари , и крстови) ... 20 пати кршење на стакла од прозорци.
Тие сомничат дека и полицијата има прст во овие вандалски напади , затоа што досега ниеден случај не е разјаснет.

Ова е секојдневна активност на нашите соживотинци македонци. 50 пати за една година , во само еден регион.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom