- Член од
- 11 мај 2010
- Мислења
- 2.952
- Поени од реакции
- 718
еве ви нешто за соларните колектори поточно за електро соларите...
МНОГУ ИНТЕРЕСНО, КОЛКУ УСТВАРИ СЕ ОНИ ЕКОЛОШКИ
МНОГУ ИНТЕРЕСНО, КОЛКУ УСТВАРИ СЕ ОНИ ЕКОЛОШКИ
и да се вратиме на муабетот колку беше ЕКОЛОШКИ да се инвестира во електро солари (фотоволтици)???????????:nesvest:Каде заминуваат соларните ќелии кога ќе умрат? Не, не се биоразградливи. Првите генерации поставени во 90-тите години, рокот на траење им истекува во 2015 гоодина, а потоа почнува грижата за опасниот отпад за околината.
Обновливи извори на енергија се едно, а техниката со која ја собираме енергијата е сосема друга работа. Соларните панели чии рок на траење наскоро истекува се пример за ограничената моќ на човечките изуми.
Направите кои масовно почнаа да се поставуваат на почетокот на 90-тите својот 25-годишен живот, во кој соларната енергија ја претвораа во електрична, ќе го завршат во 2015 год. пишува New Scientist.
Во соларни ќелии се наоѓаат токсични метали, како кадмиум, или ретки метали како индиум. Како да се рециклираат?
Само мал број на фабрики кои ги произведуваат нудат начин на рециклажа. Европското здружение на производителите се надева дека програмата за рециклирање ќе заживее од 2015 година.
Но, тука е и емисијата на штетни плинови кои настануваат поради производството на самите ќелии и транспортот, кој исто така фрла сенка на оваа технологија. За секој kWh електрична енергија која соларниот панел ја произведува се трошат 32 грама јаглерод диоксид.