Zaebi batka teraj si vo tvojot svet. Nitu imam zelba, nitu imam vreme da ti izveduvam ravenki i verojatnosti.
Kje gi zavrtime rabotive malku, oti vaka pagash u pregolem zanes i trans deka nekoj tebe treba da ti naogja falinki vo dokazite sto gi naveduvash od "eminentni" naucnici.
Мило ми е што го потврди она, на што претходно се пожалив - не ми одговараш на прашањата. Твое право, нема проблем.
Не е културно да ставаш
"eminentni" во наводници, кога типовите што сакаш да ги исмееш објавиле научни трудови во еминентни (без наводници!) списанија. Ако навистина сакаш да ги исмееш, објави свој научен труд со кој ќе ги побиеш, во истото научно списание. Ако не можеш, јасно е зошто не можеш.
Se rasfralsh so raboti koi na site ni se poznati od Mileroviot eksperiment do teorija na verojatnost, a ne si spremen da prifatish deka nisto od toa sto go tvrdish i ukazhuvas e bazirano na cist dogmatizam.
Не, не ти е баш познат Милеровиот експеримент (освен оние неколку реченици во учебниците), бидејќи не си го прочитал неговиот научен труд во оригинал. Го постирав овде, ама ти пак не го прочита - инаку немаше да тврдиш дека
Mileroviot eksperiment (koj) vrska nema so uslovite vo prvobitnata situacija...
Врз основа на што тврдиш дека тие услови немаат врска?(Уште едно прашање, на кое најверојатно нема да добијам одговор). Или тоа твое тврдење е уште една твоја догма, за која нема потреба од докази?
Bidejki ne sfakash deka site diskusii se od filosofski rang otsega natamu jas velam deka sme KREACIJA. Poveli negiraj me.
Za se sto postoi vo takov sovrshen red potreben e plan.
Философските дискусии нема да дадат одговор, туку само научните дискусии.Твојата теорија за креација ќе можам да ја негирам само ако дадеш повеќе детали. Не можам успешно да негирам нешто, ако не знам за што тоа станува збор. Добар сум, ама не до толку.
Poveli izberi eden vid od klasata Mamlia i izvedi ja negovata evolucija. Ako ne znaesh kej ti pomognam pocni na primer so Panhera Leo
Добро. Најстариот предок на лавот, кој покажува својства и на лав и на тигар (тоа сега се
два различни вида!) е Panthera gombaszoegensis од пред 1,5 милиони години. Тој фосил е пронајден во Олдуваи во Кенија. Од него се издвоил Panthera leo fossilis со веќе јасно изразени карактеристики на лав. Најстариот фосил на Panthera leo fossilis е стар 700.000 години, а откриен е во Изернија, Италија. Генетските истражувања потврдуваат дека денешните лавови Panthera leo имаат заеднички предок („лавицата Ева“) од пред 100.000 години, директен наследник на Panthera leo fossilis.
На цртежите на пештерите во Европа има слики од Panthera leo spealea, ама тој вид е истребен од луѓето пред 12.500 години.
И шо сеа?
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 17:30 ---
...И неосновано ти е тврдењето (да не употребам друг збор) дека не ти се одговорени прашањата. Тоа што одговорите не ти се по ќеиф или не се такви какви што ти очекуваш, тоа не е проблем на тој што одговара.
За ова грешиш, многу. Еве доказ:
Список на неодговорени прашања:
... те молам прочитај го научниот труд од Вилијам Ретклиф
http://www.pnas.org/content/early/2012/01/10/1115323109.full.pdf html
и дупло те молам да одговориш на следните прашања:
1) Дали тој експеримент е изведен по сите општи правила на научната методологија? Ако не е, каде е грешката?
2) Дали на почетокот на експериментот се ставени
самоедноклеточни организми и никаков друг жив организам?
3) Дали после 60 дена се добил повеќеклеточен организам? Ако не, кои ти се аргументите дека тоа што се добило не претставува повеќеклеточен организам?
4) Дали најде некаква, било каква грешка во тој експеримент? Ако да, кажи што. Ако не, дали ќе признаеш дека е погрешно твоето негирање на еволуцијата од едноклеточни во повеќеклеточни организми?
5) Ако не си нашол некаква грешка во експериментот ама се сомневаш дека четворицата автори едноставно излажале за се', кој те спречува тебе (или некој друг) да го репродуцираш повторно истиот експеримент и резултатите/негирањата од тоа испитување да ги објавиш во истото научно списание, добивајќи светска слава?
...математиката со која се добива екстремно мала веројатност за случајно настанување на ДНК (или ќелија) е поставена врз погрешни претпоставки за условите во реалната стварност. Веројатноста е мала, но не е толку екстремна како 10^-173. Кој сака да си игра математика на оваа тема со мене, нека повели, под услов добро да го објасни секој чекор во изведувањето.
За овие прашања не добив никаков одговор од Miki1976. Ниту одговор на прашањето за која теорија на креација тој се залага. Не ми е по ќејф и не очекував дека нема да бидам удостоен со одговор, ама тоа ти е... Идеме понатаму.
А и ти и Miki1976 ми останавте должни одговор на едно едноставно прашање: Што е за тебе
докажана теорија (дефиниција)? Голем дел од недоразбирањата произлегуваат од различната перцепција на тоа прашање.
Ова е дебата на која секој си го кажува своето мислење. Жалам што живееш на убедување дека секој атеист мора да има исти убедувања со твоите. Ај колку за потсетување, како се вика темава? Баш тоа ли сакаш да ни докажеш дека атеизмот е вера? Па искрено да ти кажам многумина успеа да убедиш дека атеизмот кај тебе е засниван на вера, во тоа немаме сомнеж.
За да ги убедам останатите во точноста на некои научнни теории (иако тоа не е темата, ама беа поставени такви прашања - не од мене), јас дадов доволно научни информации. Ако некој ќе ги нарече тие научни информации вера или догма, тоа е негов проблем. Јас секогаш ќе прифатам научен доказ или теорија, дури и ако е во спротивност со моите досегашни знаења, ако таа теорија подобро го објаснува светот.
А барем од пристојно однесување, ќе знаеш дека е нефер да се однесуваш како некој професор и да делиш единици, барем имај почит кон повозрасните од тебе, а и кон оние што се бајги поодамна на форумов. По мене ако оценувам од 1 до 5, ти заслужуваш чиста 6 (шеска) по догма и слепо верување.
Јас сум од повозрасните, а според одговорите на некои претпоставив дека не се (стажот на форумот нема врска со возраста). Се извинувам ако сум погрешил за возраста, не ми беше намера да навредувам. Најпосле, и јас на самиот себе си доделив кец (на една друга тема на овој форум).
Никој досега не ми пружи докази дека моите „догми“ и „слепи верувања“ се погрешни. Повелете!
И верници (теисти) би ти позавиделе на жарот со кој твојата вера пробуваш да ја наметнеш на останатите. Пријателе тоа не оди така. Без разлика за која теорија да станува збор сеедно. Ако за тебе генезата (абиогенеза+биг бенг) е единствената можна, тогаш ја засниваш на верување, исто како што и теист верува во постоењето на бог, разлика нема никаква.
Не си во право. Ако во науката до сега има само една единствена можна теорија за нешто, тоа не можеш да го изедначиш со верување. Особено ако теоријата е поткрепена со докази. Ти догматски не веруваш во неколку научни теории. Единствениот „доказ“ ти е дека таа теорија, според тебе, „не е докажана“. Не дека е погрешна!
Ослободи се од догмите и биди она што си (или се декларираш дека си), атеист.
Атеизмот нема никаква поврзаност ни со абиогенеза ни со еволуција ни со биг бенг. Не труди се да ни докажеш дека е обратно.
Ако се вратиш многу постови наназад, ќе видиш дека ова истото (болдот) јас сум го напишал.