Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
уффф ептен мерак ми се направи со доаѓањево на Златко. Уште еден бек да земат. Ова со Ристе би било идеално :D
 
Бехан тренираше со Вардар во првата фаза од подготовките во Дојран и несомнено е фудбалер со голем потенцијал, но според стручниот штаб, без добра физичка подготовка. Но со оглед дека првиот креативец на вардарци, тазе натурализираниот Предраг Ранѓеловиќ ќе паузира до април, Вардар мора да ангажира нов играч за врска, а токму таков со офанзивни карактеристики и одлична техника е Бекхан, по потекло од Суринам (од таму потекнуваат и Едгар Давидс, Кларенс Седорф…).
Холанѓанецот би требало да дојде во Скопје до среда, по што в четврток есенскиот првак ќе замине на двонеделни подготовки во турската Анталија, каде што низ низа контролни средби ќе се темпира формата за пролетната етапа во трката за седма круна.
 
Која е идеална позиција на Златко? Кого би требало да го смени во првата постава, Златко Бошковски (лев бек), Вајс и Бојовиќ (централни), Милан Илиевски (десен бек)?
 
Kako sto doznav pred nekolku saati i Jove Kostovski potpisal dogovor so Vardar sto znaci veke imame 3ca napagjaci, ke cekame utre od Ekipa da kazat i presot na 1vi da se oficjalizira se
 
Нели приметувате дека откако се одржа прес - конференцијата, се донесоа одредени засилувања, Вардар стана А.Д., и откако се најави уште една прес - конференција нема повеќе шпекулации околу состојбата во клубот.

Се гледа дека клубот иде во правилна насока, само се надевам дека така и ќе продолжи.
 
ФК Вардар очекува денес да ги докомплетира документите за повратникот Јован Костовски и Филип Колеќевски од М.Ѓ.П, со што нивните трансфери би биле комплетирани.

Тренерот на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски за Анталија ќе поведе 23-ца фудбалери, каде се во план неколку пријателски натпревари, на 5-ти февруари против Ростов, а потоа со Славија Софија и неколку екипи од Полска и Молдавија. Секако во преговори се одигрувања на уште некои натпревари во рамките на овие подготовки.

Што се однесува до Предраг Ранѓеловиќ, тој е опериран вчера и ќе мора да паузира околу еден месец, што значи дека ќе може да започне со тренинзина на почетокот на пролетниот дел од сезоната. Од друга страна се прават напори за засилување на екипата со уште некој фудбалер, но се зависи од тоа дали ќе биде комплетирана документацијата за овие играчи до крајот на преодниот рок кој завршува вечерва.



Од фб страната на Вардар...
Денес завршува трансфер рокот.
 
Искрено ми нема никаква логика да се ангажираат тројца напаѓачи во еден преоден рок, од кои двајца од нив со исти карактеристики како Ивановски, ако се знае дека Илчо во сите натпревари форсира игра со еден напаѓач?! Единствено ако го спремаат Фичо за продавање зимава. Да, требаше да донесат еден напаѓач како алтернатива на Ивановски за да падне целиот терет за давање голови од него, ама не да се трупа напаѓачи без концепција. Има Вардар поприоритетни позиции за попунување каде што не е најдобро покриен.
 
Искрено ми нема никаква логика да се ангажираат тројца напаѓачи во еден преоден рок, од кои двајца од нив со исти карактеристики како Ивановски, ако се знае дека Илчо во сите натпревари форсира игра со еден напаѓач?! Единствено ако го спремаат Фичо за продавање зимава. Да, требаше да донесат еден напаѓач како алтернатива на Ивановски за да падне целиот терет за давање голови од него, ама не да се трупа напаѓачи без концепција. Има Вардар поприоритетни позиции за попунување каде што не е најдобро покриен.
Можда Илчо ќе ја мењава фромацијата и сега ќе игра со 4-4-2 формација си има некој планови Илчо ќе видиме сега на пријателските во Анталија какви му се плановите и каква формација ќе игра дали истата со еден напаѓач или ќе ја мењава
 
Не верувам дека Илчо ќе ја менува формацијата.Со новиве играчи ќе може само повеќе да ротира.
Иначе со купувањето на толку шпицови станавме како Манчестер Сити :).
Некои играчи се земаа без врска,изгледа и ние почнавме многу да бараме па сега управава зима се што ќе им дојде при рака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom