Тоа што се прави со палење знаме и црква е израз на ниска свест од страна на албанците и не знаење како да реагираат во ситуацијата. Секој оној кога не знае да се справи со некој што му напакостил со нешто, или удира по него, или плука или пцуе итн. Од друга страна пак, некој мора да сноси одговорност за „клетите Албанци“ во оваа држава. Не може Ставревски да се вози во автобус кога сите плескаат по ракометарите, а за анти-албански песни никој да нема никаков коментар. Мое мислење е дека мораме конечно да прифатиме сите ние македонци дека во оваа држава постои албанско население кои ние се сограѓани и со кои треба да живееме. Исто така и они треба да ја профатат оваа држава како нивна, не се они албанци, тие се Македонци. Со омраза, пцуење, тепање и палење не правиме ништо во иднина. Конечно, никако не го оправдувам ваквото однесување на припадниците на албанска националност, но факт е дека тоа потекнува како последица на провокација.