Не ја гледате позицијата на која игра Занети или не сакате да ја видите. Занети на оваа позиција не игра од вчера, игра од 2006-та и не поради тоа што мора да игра зошто е легенда во клубот, туку затоа што има цел неговото играње. Во 4-3-1-2 не игра како организатор на играта т.е човек од кој што се очекува да потегне и да направи нешто, туку како играч кој треба да ја затвори дупката во одбраната кога Маикон ќе тргне напред. Доколку на местото на Занети игра да речеме вашите омилени Чави, Иниеста или Озил, тогаш десната страна на Интер ќе биде хотел промаја.
Италија не е Шпанија. Никогаш не се играло и нема да се игра со напаѓачки ориентирани играчи во средниот ред.
Точно е дека игра од 2006 ама само со Мурињо одговараше на тој дел од теренот, со Манчини во ЛШ еден мочан Виљареал не можеа да елиминираат, ама и он ко Ранко користеше 442 формација со Максвел ко лево крило а Бурдисо и Киву во средина.
Со Мурињо пркнаа тек кога се користеа само 2 играчи на тој дел од теренот и 4ца офанзивци, во оној негов 4231 формат, плус и нападот беше каде-каде поуниверзален со Ето и Милтио, ги бушеа противничките одбрани, тешки беа за чување, исто и потенцијалот на Маикон беше максимално користен.
Инаку точно е и тоа дека Гуарин не е класично крило но во Порто по потреба играше и таму, а исто и за Колумбија, не е класично крило но може да игра и таму, поготово кај Раниери, он Поли и Мунтари едно време ги користетше ко крила, Оби сеуште игра, затоа и не треба да не изненади со таков потег.
А за Камби, што вика Џони, ко што глеам вчера он му ја сервираше на Пацини во прво, има интелигенција Камбијасо за пасови а и за давање голови, не е он проблемот во тимов, проблемот е еден и единствен, Раниери. Најтрагично е што докажал дека може многу подобро од ова да тера, зборам за тактика, да игра офанзивно и да доминира, тоа го правеше со Рома. Занети најубаво е да игра лев бек, во средина да тера само во ситуација ако во составот се Гуарин, Снајдер, Милито и Пацини/Алварез.
Баш сега ќе биде интересно како ќе ги игра, мислам дека и приморан е да форсира поофанзивен систем, нека не се вади на тоа дека голманот на Лече имал свој ден, 80% од шансите што ги створија беа по мртва игра, Интер и понатаму се мачи да изгради асална акција за гол, или да дадат гол од контра, против напад ( кузнае кога ова последен пат се десило ).