По колку долари неделно трошевте за храна, тие што бевте лани?
Прво,зависи во кој дел од УСА си,цените не се исти во сите градови.
Второ,зависи каде работиш,повеќето имаат еден платен оброк на работното место,но сепак тоа зависи каде работиш.
Најважното сепак зависи од тебе.Можеш да поминеш со 5-10$ на ден(има пример пица парче за 1-2$,или ке си купиш леб и еурокрем,пилешко итн.).Со еден оброк на работа,10$ би ти биле доволни за да си најаден и напиен.
Е сега секако,има и од оние "господа" кои не јадат што било и кои трошат 10$ само за 1 оброк во МекДоналдс.
Значи зависи од тебе,ама не планирај си од дома колку би потрошил бидејќи никогаш домашната математика не излегува таму,ама баш никогаш.