Протест во Струга! Запалена црквата во Лабуништа/Мала Речица?

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
А овој протест имаше порака да се престане со навредите кон албанците и муслиманите. Кој дел од Уставот им дозволува на Вевчанците да навредуваат.
Зошто ги забораваш тобешите и турците или за нив неважат навредите (y)
Вевчанскиот карневал започал кога исламот уште ги удирал темелите , а не па да стигни до македонија имајте малце РЕСПЕКТ :pos:
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 23:00 ---
Леле големата работа ја напраиле Вевчанци, големото херојско дело. Па и муслиманите тоа можат да го направат и што после тие му го напикале некому ? :tapp:
Луѓе дај вразумете се и престанете со овие детски размислувања кој од кој е појак.
Па вечанците не само нив , на сите е сега тоа што според законот треба да се осуди нека се суди :sneaky:
Ама ти да ми делиш мене памет за соживот неможеш во никој случај , биди сигурен :tapp:
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
53
Поени од реакции
40
Зошто ги забораваш тобешите и турците или за нив неважат навредите (y)
Вевчанскиот карневал започал кога исламот уште ги удирал темелите , а не па да стигни до македонија имајте малце РЕСПЕКТ :pos:
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 23:00 ---

Па вечанците не само нив , на сите е сега тоа што според законот треба да се осуди нека се суди :sneaky:
Ама ти да ми делиш мене памет за соживот неможеш во никој случај , биди сигурен :tapp:
Кој ти дели памет за соживот ?
Смешен си што се радуваш дека Вевчанците му го спопикале некому. Па тоа што го направија сите секој може да го направи не е кој знае што. Не е некоја херојска работа. Смешно е да се фалиме со тоа и да се гордееме. Ама ај кога се нема со што друго со примитивноста и проститулокот да почнеме да се фалиме.
 
H

HITCH

Гостин
На моменти изгледате некоординирано, не знам дали е намерно или не е.

Прво, државно знаме, според закон, МОРА да има на секоја држвна институција, ех, ама пред општината во Струга баш тој ден немало знаме?! Имале само едно, а тоа едно било запалено, па сега порачале друго да им донесат... Замисли, општина да има само по еден примерок од знаме... Ма, дај те молам!
Потоа се развиори муслиманско знаме, на ден кога не е никаков верски празник, туку кога група граѓани протестираат и по не знам кој пат се борат за „човекови права.“ Тоа и не би било толку чудно, доколку протестот поминеше без кревање на муслиманското знаме, без навреди кон конститутивното мнозинство и без каменување на автобус, а уште повеќе ќе ви верував во наивниот и невиниот пристап доколку Мерко не беше вклучен во сето ова и доколку одма после карневалот имаше реакција, а не откако се врати „гулабицата“ од Атина.

Некои работи не се случуваат апансас. Во овој случај се` е испланирано! А, „патриотот“, како што го нарекоа протестирачите човекот што го запали македонското знаме, е уапсен исто како што беа уапсени и казнети дечките од Прилеп кога го запалија албанското знаме. Постои реципроцитет, но што се случи со оние кои го запалија македонското знаме во Косово? Или за таму не ви се зборува? Што се случи со дечките кои истакнаа дека: „Во 2012 нема да биде крај на светот, туку крај на Македонија“? Или оние дечки кои извикуваа: „Голема Албанија“? Што бидна со нив?

Види вака, хулигани има насекаде, за нив нема нација. Никој не може да рече дека нема по некој црна овца која ќе се јави кога не треба и ќе направи некој проблем. Но, кога претставник на државата, во случајов Мерко, градоначалникот на Струга, ќе се приклучи на протестирачите, веќе станува јасно дека нешто не е како што треба.

Крајно време е борците за „човекови права“ да одморат.
 
V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Кој ти дели памет за соживот ?
Смешен си што се радуваш дека Вевчанците му го спопикале некому. Па тоа што го направија сите секој може да го направи не е кој знае што. Не е некоја херојска работа. Смешно е да се фалиме со тоа и да се гордееме. Ама ај кога се нема со што друго со примитивноста и проститулокот да почнеме да се фалиме.
Незнам дали си во тек со предходните дискусии ... оти тоа за нив се однесуваше затоа што неверувам дека знаеш се околу регуларноста на протестот.
Не се замарам многу околу овие омрази кои се шират , чисто си уживам околу успехот на ракометарите али мора некако да се демантираат.
Јас нереков за никаков херојски чин туку имаат чиста самодоверба и слобода во она што сакаат да го изразуваат и исмејуваат .
Околу вехабистите свака им част на вевчанците , па самите муслимани ги исмејуваат и не ги сакаат по џамиите а не тука да ми организираат протести в ... туку кај нив се дига адреналинот и чувството на силен патриотизам како неопходност за да се докаже нивната сила оти на протестот се појавуваа покрај знамиња од муслиманската верска заедница и албанското што покажува уште еднаш дека незнаат како да се изразат на протест ... само кој ги знае е работата :свиркам:
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Тоа што го направиле во вевчани е ретардирана работа и не ја оправдувам, АМА,
За спуштање национален белег т.е државно знаме незнам кај се крие владава сега и зошто го носи името ВМРО тоа не ми е јасно, политичарот што најмногу го мразев излезе по достоен во ова прашање, e oва треба да се случува кога се спушта државно знаме еднаш се случи...:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.623
Деветто: Истакнуваме дека навредите кои произлегоа од Вевчанскиот карневал не се однесуваат само за муслиманите од Струга и околината, туку сите муслимани ширум земјава и надвор треба да го искажат својот револт и неговдување. А за пример нека ги земат општите исламски протести ширум свет по повод карикатурите на Мухаммед а.с. во данскиот весник „Јиланд Постен“.

Десетто: Однапред се оградуваме од секој настанат инциден кој се случи или ќе се случи во иднина како револт од страна на некои испровоцирани муслимани.
Тоа е убав пример, затоа што по тие протести се случија немири на „испровоцирани муслимани“ кои завршија со изгубени животи на невини луѓе. Исто како што вчера беше каменуван автобус со патници кои можеа да настрадаат, иако не згрешиле ништо никому. Вие може да се оградувате колку сакате, ама факт е дека и карикатурите во Данска и ова во Вевчани, самите го испромовиравте. Да не шетаа Вахабистите со карикатурите по истокот, никој жив немаше да знае за мочаниот весник во Данска. Да не го организиравте протестот, немаше да биде каменуван автобус со невини патници и ќе беа избегнати идни инциденти, од кои однапред „се оградувате“.

И заборави да спомнеш дека на протестот кој сте го организирале по сите правила и прописи, е прекршен законот со симнување државно знаме и поставување исламско знаме на јарбол на Општинска зграда.

Вие сте далеку полоши од оној што скокаше на пенисот. Тој е срам за мајка му и за татко му, ништо повеќе. Вие организирано и свесно распламтувате верска омраза, а после глумите лудило.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Вие сте далеку полоши од оној што скокаше на пенисот. Тој е срам за мајка му и за татко му, ништо повеќе. Вие организирано и свесно распламтувате верска омраза, а после глумите лудило.
А он да не скокаше на пенисот на татко му, па да биде срам само за мајка му и татко му. Тие присутните што се смееја на тој грд настан, по автоматизам значи дека и тие тоа го оправдале, не им пречело, сеа до утре може некој да ги оправда на сметка на знамето, или каменувањето, али тој настан се случило на ЈАВЕН СОБИР пред стотина граѓани, и тоа е срам за сите. Јас не видов на некого да му пречеше тоа. Се случи што се случи најдобро ќе биде сега да се фатат овие од Вевчани, и да се казнат ригорозно(затворска казна), како што предвидува законот, и да се затвори овој случај, бидејќи во спротивно овој случај нема да заврши тука.

И не разбирам зошто ова да се премолчи? Па ако се премолчи денеска утре ова пак ќе се случи, они пак ќе имаат храбост тоа да го сторат, можеби ќе потикнат и други тоа да го сторат(демек интересно). Можеби си атеист(твое право), но со верски чувства не се поигрува, пошто за момент можеш да бидеш ликвидиран, ова го кажувам најозбилно. Можеби за тебе звучи глупо, но повеќето граѓани(муслимани) можеш да ги пцуеш по нација, али религија никој нема да те толерира во тоа да бидеш сигурен. Сеа дали се вехабисти дали се алкаиднци е сосема ирелеванто.

Да не ме сватиш прогрешно, не ги оправдувам каменувањата, али знаеш како викаат акција-реакција. Ако има глупи македонци кои не размислуват со своја глава ќе најдеш и глупи албанци/турци и така натака, што ќе каменуват, ќе палат знамиња и така натака.

Јас убаво ги читам овие што постираат, и гледам што сакаат да постигнуват тука. Се обидуват овој настан (вевчанскиот) да го претстават како изолиран случај(тука спаѓаш и ти), и повеќе му давате на значење каменувањето на автобусот(најверејатно од деца)..., демек вехабисти ова она. Јас не сум вехабист, но реков и претходно да ги имам во моментот пред лице, има да ги скршам.

Ај сега ме мрзи да пишувам повеќе, чао.
 
Не хотмаил, не спаѓам јас во тие. Убаво што се сети дека сум атеист, не ме ставај во иста каша со вас запаленковците од двете страни. Ме заболе и за вас и за нив. По ред:

- Ако треба да се превземе нешто против сторителот, преземете бе луѓе, има судови, има тужби. Го тужиш и ја расчистуваш работата. Не му даваш непотребен публицитет на настанот.

- Она што не ти е јасно е дека живееш во секуларна држава во која секој има право на изразување, а ако прекршил некој закон при тоа, повторно, постои суд. Ако направил грешка, тој треба да плати за грешката, а не да се каменуваат патници во автобус.

- Вие верниците од една страна тврдите дека сте ненасилни, дека религиите ви се ненасилни, а од друга страна се заканувате со ликвидации и каменувате автобуси. Тоа е она што е жално во приказнава, вашето лицемерие. Вие сте насилни, вие се заканувате, вие правите проблеми, а после ни зборувате како сте морално над другите, безбожниците. Јас искрено верувам дека треба да си верувате во што сакате, да си ја живеете според верата, се што ве прави среќни... а кој се огрешил, да му оставите на Бог да расчисти со него, не е ваша работа. Сигурно вашата казна не е поголема од вечно страдање во пеколот, нели?
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Тоа е убав пример, затоа што по тие протести се случија немири на „испровоцирани муслимани“ кои завршија со изгубени животи на невини луѓе. Исто како што вчера беше каменуван автобус со патници кои можеа да настрадаат, иако не згрешиле ништо никому. Вие може да се оградувате колку сакате, ама факт е дека и карикатурите во Данска и ова во Вевчани, самите го испромовиравте. Да не шетаа Вахабистите со карикатурите по истокот, никој жив немаше да знае за мочаниот весник во Данска. Да не го организиравте протестот, немаше да биде каменуван автобус со невини патници и ќе беа избегнати идни инциденти, од кои однапред „се оградувате“.

И заборави да спомнеш дека на протестот кој сте го организирале по сите правила и прописи, е прекршен законот со симнување државно знаме и поставување исламско знаме на јарбол на Општинска зграда.

Вие сте далеку полоши од оној што скокаше на пенисот. Тој е срам за мајка му и за татко му, ништо повеќе. Вие организирано и свесно распламтувате верска омраза, а после глумите лудило.
Немаше да биде организиран никаков протест да не се случеше тоа што се случи во вевчани. Во која смисла ние сме полоши? Поради тоа што на најмирен начин организиравме протест? Нели тоа е мое уставно право? Вевчанецот кој го направи тоа беше причина за ширење на верска и национална нетрпеливост. Зошто не го осудуваш него? Зошто не бараш да одговара кривично? ЈАС барам сите тие кои каменуваа автобуси и паела македонски знамиња да одговараат. Меѓутоа да одговараат и тие кои правеа гнасни работи во вевчани.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.623
Немаше да биде организиран никаков протест да не се случеше тоа што се случи во вевчани. Во која смисла ние сме полоши? Поради тоа што на најмирен начин организиравме протест? Нели тоа е мое уставно право? Вевчанецот кој го направи тоа беше причина за ширење на верска и национална нетрпеливост. Зошто не го осудуваш него? Зошто не бараш да одговара кривично? ЈАС барам сите тие кои каменуваа автобуси и паела македонски знамиња да одговараат. Меѓутоа да одговараат и тие кои правеа гнасни работи во вевчани.
Зошто манипулираш? Во првиот пост на темава го осудив него. И те потсетив успат, еве уште еднаш. Го осудувам неговиот примитивен акт.

Тие што згрешиле во Вевчани можеа да одговараат ако некој покренеше тужба и фино лепо на суд. Тоа се вика држава. Протестот е ваше право, но протестот предизвика инциденти, а се плашам дека ќе предизвика и нови. Без протест немаше да има каменување.

И во иднина без лажење. Знаеш убаво што сум пишал а што не.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Зошто манипулираш? Во првиот пост на темава го осудив него. И те потсетив успат, еве уште еднаш. Го осудувам неговиот примитивен акт.

Тие што згрешиле во Вевчани можеа да одговараат ако некој покренеше тужба и фино лепо на суд. Тоа се вика држава. Протестот е ваше право, но протестот предизвика инциденти, а се плашам дека ќе предизвика и нови. Без протест немаше да има каменување.

И во иднина без лажење. Знаеш убаво што сум пишал а што не.
Не лажам пријателу. Тоа не ми е целта. Тука сум да се разјаснат сите факти околу тој фамозен протест после кој се дигна толку прашина. Бев на протестот и знам кој што рече. Верувај, не се спомна ниту `умрете каури`, ниту еден лош кон православието или немуслиманите. Мислам дека беше од Струга ако не се лажам, повели кажи ако сакаш и на кафе ќе ојме да ти разјаснам се, не сум од тие `или ти или јас`. Слободноумен сум, можам да ја разберам и другата страна.
Тоа што го болдирав погоре. Знам што сакаш да кажеш, ама ти велам и јас, во тој случај без провокација немаше да има ниту протест.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Тоа што го направиле во вевчани е ретардирана работа и не ја оправдувам, АМА,
За спуштање национален белег т.е државно знаме незнам кај се крие владава сега и зошто го носи името ВМРО тоа не ми е јасно, политичарот што најмногу го мразев излезе по достоен во ова прашање, e oва треба да се случува кога се спушта државно знаме еднаш се случи...:
За истиот тој бранко после 2001 да донесе закон со кој дозволи знамиња на туѓи држави да се веат во Македонија.
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Не хотмаил, не спаѓам јас во тие. Убаво што се сети дека сум атеист, не ме ставај во иста каша со вас запаленковците од двете страни. Ме заболе и за вас и за нив. По ред:

1. Ако треба да се превземе нешто против сторителот, преземете бе луѓе, има судови, има тужби. Го тужиш и ја расчистуваш работата. Не му даваш непотребен публицитет на настанот.

2. Она што не ти е јасно е дека живееш во секуларна држава во која секој има право на изразување, а ако прекршил некој закон при тоа, повторно, постои суд. Ако направил грешка, тој треба да плати за грешката, а не да се каменуваат патници во автобус.

3. Вие верниците од една страна тврдите дека сте ненасилни, дека религиите ви се ненасилни, а од друга страна се заканувате со ликвидации и каменувате автобуси. Тоа е она што е жално во приказнава, вашето лицемерие. Вие сте насилни, вие се заканувате, вие правите проблеми, а после ни зборувате како сте морално над другите, безбожниците. Јас искрено верувам дека треба да си верувате во што сакате, да си ја живеете според верата, се што ве прави среќни... а кој се огрешил, да му оставите на Бог да расчисти со него, не е ваша работа. Сигурно вашата казна не е поголема од вечно страдање во пеколот, нели?

1. Тоа е невозможно. Да ме пцуеше он мене лично персонално, можеби ќе се решеше на тој начин како што ти кашуваш на првиот параграф, и немаше да добие никаков публицитет. Они тој чин го сториле на ЈАВЕН СОБИР, чим е така веќе нема што некој лично персонално да поднесува тужби, тоа треба да го сторат надлежните за тоа работа во ова држава. Се надевам сега ти е појасно ова. Ова доаѓа исто ко сега јас тебе да ти викам, што се буниш против тие што запалиле македонското знаме, тужи ги лично и затвори уста, да не добие на публицитет тој настан(пример за атеист) ... Зарем има логика сето ова? Така да они не ги навредија само муслманите од Струга туку сите муслимани во државава, па и поопширно, пак ќе напоменам на ЈАВЕН СОБИР(Карневал) организиран од општината на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

2. Добро бе, тоа ти личеше на изразување. Ако тоа е изразување јас посакувам они никогаш да не се изразуват повеќе во животот. А дека прекршиле закон, не се ни дискутира тоа(секако дека прекшиле).

3. Грешка си ме разбрал. Јас се изразив што јас мислам. А ти кажав дека има и муслимани кои можат да те ликвидират за такво нешто(не сите), така да не се обидувај да ги ставаш сите на еден кош. И да јас верувам дека Господ ќе расчисти со нив, но мора да добие казна и тука на земјата, бидејќи ако одиме по тоа логика би требало да нема ниедна казна на земјата. Зарем ќе звучи логично некој да убие невин човек и да оставиме само на тоа Господ да го казни???, и да го пуштиме да шета на слобода.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.623
Не лажам пријателу. Тоа не ми е целта. Тука сум да се разјаснат сите факти околу тој фамозен протест после кој се дигна толку прашина. Бев на протестот и знам кој што рече. Верувај, не се спомна ниту `умрете каури`, ниту еден лош кон православието или немуслиманите. Мислам дека беше од Струга ако не се лажам, повели кажи ако сакаш и на кафе ќе ојме да ти разјаснам се, не сум од тие `или ти или јас`. Слободноумен сум, можам да ја разберам и другата страна.
Тоа што го болдирав погоре. Знам што сакаш да кажеш, ама ти велам и јас, во тој случај без провокација немаше да има ниту протест.
Верувам дека не ти е ама барем фокусирај се. Многу луѓе го осудија чинот а ти упорно повторуваш дека никој не го осудил. Јас не заземам страна во ова, подеднакво ве осудувам. Не го оспорувам правото на протест, ама го осудувам во случајов затоа што предизвика инциденти и лесно можеше да настрадаат невини. Се надевам дека ќе заврши на тоа. Кафето ќе го прескокнам, фала на поканата во секој случај.
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Џабе....штрајк со глад или не ви го земам здраво за готово протестов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom