Ајде малце подлабоко да ги поанализираме работите, дали навистина тогаш во тој систем се живеело навистина подобро од денеска ! Но секако без навреди, плукање и генерализирање !
Еве на пр. моите се доселиле во Скопјево во 1962год. за време на големата миграција на населението од селата во внатрешноста на Македонијава во главниот град Скопје, како и во другите поголеми гратски центри.
Кога дошле тука почнале од нула, прво купиле нива/плац, па потоа се по ред, малку по малку ....... дедо ми бил ѕидар, а баба ми покрај домаќинка, била и шивачка, шиела кондури во фабриката Газела ! Биле утепани сиромашни и татко ми честопати ми кажувал како за да си купи облека и книги за во школо, морал да оди да работи како наемен работник, да товара, истовара, ќумури и сл. за да земе некој денар и да го заврши образованието ........ па дури и завршил машински факултет(инженер) и тоа во тоа време, кога морало навистина да знаеш, ако сакаш да земеш диплома, не како сега по факултетиве, плати па клати !
Исто така сум слушал дека телевизор и радио биле сајенс-фикшн во тие времиња, во цело маало само две-три куќи имале ваква напредна апаратура(во тоа време), а дури подоцна почнале и другите да ја купуваат, значи зборам за првобитни телевизори(оние у дрвени кутии ко коцки, со огромен конвексен стаклен екран) и за најобично радио, незнам дали денеска сеуште некој ги чува по дома ваквите антиквитети од тоа време ... автомобилите биле исто така сајенс-фикшн, комшијата бил прв што на времето купил фиќо и бил главен цар у цело маало, па дури потоа почнале и другите да купуваат коли, но во тоа време на овие простори немало мерџовци, ауди, бмв-иња, туку само источно-европски коли: застава, лада, полонез, пезетка, пеглица и сл. и ретко по некоја западњачка кола: ренаулт4, фв.голф1, цитроен-ами(диана), фиат1300 и сл.
Иако оддалечени помалце од 10км од центарот на градот, на почетокот имале септички јами, кои доста подоцна биле заменети со канализација, на почетокот немале ни вода, па или копале бунари, а најчесто со пумпи ваделе вода од под земја, чувале прасиња, кокошки, саделе бавчи, се грееле на дрва, јаделе исклучиво домашна храна, незнаеле што е чоколадо и сл. Дедо ми никогаш не излегол надвор од границите на бивша С.Ф.Р.Ј., а татко ми ми има кажувано дека бил еднаш во ист.Берлин-Источна Германија и тоа да ја посети тетка ми(сестра му), која таму емигрирала, само еднашка, како помлад ! И ред други работи ......... Така да дали подобро живееме ние сега(младите), отколку нашите родители(кога они биле млади), баби и дедовци во тие времиња !!! Сакам да кажам дека постојат големи разлики, ние младите денеска живееме како рокфелери во споредба со нашите родители, кога они биле млади !!!