Најдобар состав на првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Да и мене тоа ме копка,Лазаров ке си биде најдобар стрелец,али најдобриот состав ке го направат од финалистите и репрезентациите што се на 3 и 4 место,али ајде ке видиме ....

Па така направија во Хрватска, што поприлично ме изнервира. Човекот најдобат стрелец на светот и најдобар на своја позиција они финалистите само ги сметаат за тоа место. Глупости. А Кире пак ќе биде најдобар стрелец, ќе ги обедини титулите на европско и светско ниво и после здравје и на Олимпијада.:)
Туку не дека е наше, ама Столе заслужува да биде избран за најдобар пивотмен. Човекот растури на таа позиција.
 
Голман : Никлас Ландин (Данска)
Десно крило : Драган Гајич (Словенија)
Десен бек : Кире Лазаров (Македонија)
Среден бек : Домагој Дувњак (Шпанија)
Лев бек : Микел Хансен (Данска)
Лево крило : Мануел Штрлек (Хрватска)
Пикер : Жулен Агинагалде (Шпанија)
 
Барем после утрешниот ден ќе пишам финален состав...баш ме интересира голманскиот дуел утре Мирко-Дарко, многу ќе зависи од утрешниот меч.Освен десниот и левиот бек ништо не ми е сигурно.
 
сеа за сеа

Голман : Алиловиќ (Хрватска)
Десно крило : Чупич (Хрватска)
Десен бек : Кире Лазаров (Македонија)
Среден бек : Домагој Дувњак (Хрватска)
Лев бек : Микел Хансен (Данска),Икер Ромеро (Шпанија)
Лево крило : Мануел Штрлек (Хрватска),Сигурдсон (Исланд)
Пикер : Јуретцки (Полска),Стоилов (Македонија).
 
Столе заслужува да биде дел од најдобриот тим, реално немаше подобар пикер на првенството од него, многу позитивни коментари има насекаде, да не се повредеше јас мислам дека ќе беше втор стрелец на првенствово :) Инаку, Чешка беше осма на претходното ЕП па Филип Јиха беше MVP на првенството и во тимот на првенството. Ќе биде брука ако Кире не биде во тимот, беше брука и во Хрватска, најдобар стрелец на сите времиња, со +10 од вториот и да не биде во најдобриот тим... За другите не ме интересира, само Дарко Станиќ ќе кажам дека би требало да биде сигурен за голманската позиција. Се надевам дека од Металург ќе успеат да го задржат и за наредната сезона, па ако треба и 500.000 еура плата нека му дадат :)
 
ГОЛМАН: Станиќ (Србија), Алиловиќ (Хрватска)
ПИКЕР: Стоилив (Македонија)
ЛЕВО КРИЛО: Сигурдсон (Исланд), Штрлек (Хрватска)
ДЕСНО КРИЛО: Чупич (Хрватска) - сигурно овај ќе биди
ЛЕВ БЕК: Хансен (Данска)
ДЕСЕН БЕК: Лазаров (Македонија)
СРЕДЕН БЕК: Дувњак (Хрватска)

Запазете го овај пост :)
Сигурно ќе биди овај состав :)
 
Oд Шпанија немаш никој..ако догураат Шпанците до финале сигурно ќе има некој во првата седморка.
 
ГОЛМАН: Станиќ (Србија), Алиловиќ (Хрватска)
ПИКЕР: Стоилив (Македонија)
ЛЕВО КРИЛО: Сигурдсон (Исланд), Штрлек (Хрватска)
ДЕСНО КРИЛО: Чупич (Хрватска) - сигурно овај ќе биди
ЛЕВ БЕК: Хансен (Данска)
ДЕСЕН БЕК: Лазаров (Македонија)
СРЕДЕН БЕК: Дувњак (Хрватска)

Запазете го овај пост :)
Сигурно ќе биди овај состав :)

Горе-доле и јас до делам сличново мислење,само сигурно дека ќе има некој шпанец во тимот,а и можеби Копљар наместо Чупиќ како десно крило :)
 
Се надевам дека од Металург ќе успеат да го задржат и за наредната сезона, па ако треба и 500.000 еура плата нека му дадат :)

Мислам дека Станиќ за наредна сезона има потпишано договор со некој германски клуб.
Така да не знам како би успеале да го задржат, освен ако не успеат да издејствуваат некаков раскин на договорот со исплата на некоја соодветна оштета.
Ама после вакви прикажани перформанси на Станиќ, не знам дали ќе воопшто ќе наиде на согласност од тој клуб.
 
Копљар е бек и од финалистите сигурно ќе има некој играч што значи може да бидат играчи и од Шпанија и или Србија...
 
Има договор со Гепинген, мислам дека така се викаше екипата. Затоа и така пишав. :)
 
Копљар е бек и од финалистите сигурно ќе има некој играч што значи може да бидат играчи и од Шпанија и или Србија...

Моја грешка,помислив на Штрлек,а пак тој е лево крило.Не ни го прочитав постот како што треба.
Зафркнати презимиња имаат па затоа ги помешав лончињата.
 
Моја грешка,помислив на Штрлек,а пак тој е лево крило.Не ни го прочитав постот како што треба.
Зафркнати презимиња имаат па затоа ги помешав лончињата.

Инаку Чупич според мене не е за идеална постава откако ја имаше таа страшна повреда и откинување на прстот далеку е од формата во која се наоѓаше, мислам дека Гајич (втор стрелец после Кире) е идеален за таа позиција. А што се однесува до Копљар типот е во животна форма, како Дувњак за едно првенство прераснува во бек од светски калибар до пред некое време го држеа само за во одбрана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom