Аууууууу каков натпревар, ese es mi MADRID !
Изгинаа на терен, навистина. Не сме задоволни од резултатот но ќе се опростиме од ова натпреварување со кренати глави и ќе можиме да се чукаме во гради и гордо да кажиме: Е ова е вистинскиот РЕАЛ МАДРИД и јас сум горд што сум дел од него.
Се беше одлично имавме 4 прекрасни шанси за гол првото полувреме но за 5 минути примивме 2 голови. Меѓутоа нашите херои не се откажаа и покажаа дека Барселона може да биде надиграна (а и ја надигравме).
Озил мајсторе
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
најдобра утакмица во дресот на Реал, дефинитивно.
Роналдо,Озил,Бензема веќе играат без притисок против Барселона и можам да кажам дека играат одлично и ќе гледаме уште многу од нив.
И баш ме интересира што ќе кажат шпанцине после ова издание на Реал, дали ќе го исвиркуваат Мурињо, дали ќе сакаат да си замине ?
После ова треба да му го скандираат неговото име, заслужи.
Одлична утакмица изигравме и да ви кажам право јас уживав во играта на РЕАЛ МАДРИД. Мадридтскиот дух никогаш нема да го снема, заминаа Зидан,Феноменот,Раул,Гути,Фиго,Бекам но пристигнаа Роналдо,Озил,Бензема,Каљехон и да не ги спомнувам Касиљас,Рамос,Марсело и ПЕПЕ кој играат со срце за тимот. И не само овие споменативе, сигурен сум дека и останатите играчи играат со срце за тимот. Демонстрираа јак тимски дух и се надевам дека ќе продолжат со одличната игра.
Можевме повеќе но немавме среќа.
Сега можеме да се фокусираме целосно на Ла Лига и Лигата на шампионите.
Да не беше Игуаин себичен
во оваа ситуација можеби ќе славевме влез во полуфинале али нема сега да критикувам никого.
Да влезеше бомбата на Озил гарант ќе беше еден од најубавите голови сезонава.
Бензема, во стил на голем мајстор.
Можеби Пепе направи неспортски потег на Бернабе но дали видовте како реагираа сељацине после секој фаул над Пепе ? Се радуваа и му даваа овации на играчот што го направил фаулот врз Пепе како да постигнал 5 голови на утакмица. Сељаци невидени...
А да, според членот 35465768678 од законот можат само да му се фатат за муда на Пепе со тужбата.
п.с. Среќен Роденден Жозе, ти посакувам се најдобро и да освоиш многу титули со Реал Мадрид.