Ел Класико: Реал Мадрид vs Барселона |Камп Ноу, 25.01.2011, 22:00h | Copa del Rey 1/4 Final

Кој оди во 1/2 финалето?

  • Вкупно гласачи
    175
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Фала му на судијата што не му даде втор жолт на Лас и дозволи да гледаме убав фудбал.
Може ова 20 пати да го пишеш ама ја гледавме утакмицата јбга...
 
Прв пат да констатирам Барса да заслужи да загуби натпревар после некое време. Иако Барса оди во 1/2 финалето, браво за Реал Мадрид за ваквата игра со која машки на сред Камп Ноу не го дозволи фудбалското шоу на Барса. Со ова покажаа и двата тима дека се убедливо најдобри во моментов :)
 
Неможам да сватам како можеше Алвес цела утакмица да не доби жолт картон колку фаули напраи и како само глуми алал да му е. Исто така не ми е јасно како доби Касиљас жолт кога отиде да ги тргне играчите на Барса да не му вршат притисок на судијата а Пујол кој се врткаше ко мрднат не доби нишо
 
Кратко и јасно да си прашам нешто.
Таман при крајот најдов да чепкам во телефонот нешто и не видов еден момент. Во 93'последниот допир со топката на Пинто кога си ја дигна во раце-нели беше индиректен удар или па некој од Реал ја шутна од средина?!
Не успеав да видам а ни снимка не дадоа. Се надевам некој се сеќава и забелажал :)

П.С. Неутрален сум и не планирам да се распукувам на темава туку чисто ради радозналост. :sneaky:
 
И јас се чудам како Лас не доби црвен
 
Важно сега Мадридистите оваа реми ќе го рачунат за победа :D Ако бе ги разбирам им дава самодоверба!

Конечно го видовме Реал да игра похрабро и немаа среќа да ги реализираат шансите. Барса искористи максимално во првиот дел. Потоа се опуштија, Реал ја презеде играта и дадоа два гола.
Реално Реал Мадрид имаа повеќе шанси за победа вечерва.

Сега за судијата! Епа немојте бе да плачете, судијата беше катастрофален и за двете страни, направи многу грешки затоа сега немојте да ми се правите жртви!

Барселона оди понатаму, борбата во Примера продолжува. Подобро вториот натпревар од Ла Лига да се одигра во Мадрид таму полесно ги плескаме :D
 
А ќе пркнеме ние, ќе почнат да паѓаат, класика! :LOL:

Двобојот беше решен на Бернабе, но Реал никогаш не се откажува. Малку повеќе среќа фалеше за пресврт.

Честитки! :)
 
Кратко и јасно да си прашам нешто.
Таман при крајот најдов да чепкам во телефонот нешто и не видов еден момент. Во 93'последниот допир со топката на Пинто кога си ја дигна во раце-нели беше индиректен удар или па некој од Реал ја шутна од средина?!
Не успеав да видам а ни снимка не дадоа. Се надевам некој се сеќава и забелажал :)

П.С. Неутрален сум и не планирам да се распукувам на темава туку чисто ради радозналост. :sneaky:
Судијата свирна крај
 
Неможам да сватам како можеше Алвес цела утакмица да не доби жолт картон колку фаули напраи и како само глуми алал да му е. Исто така не ми е јасно како доби Касиљас жолт кога отиде да ги тргне играчите на Барса да не му вршат притисок на судијата а Пујол кој се врткаше ко мрднат не доби нишо
Bayern_fan ? Па јас колку шо видов од Реал Мадрид никој во темава не испадна "плачко" туку сите што коментираја досега за грешки на судија, заслужена победа на Реал итн. беа неутралци.
 
Ајде сега реално да ги согледаме работите..
Прво честитки за одличната игра,иако и барса со опуштањето дозволи реал да се врати во живот.
Второ: судијата беше катастрофа како за нас така и за вас,така да многу глупо е судијата да го обвинувате за овој пораз.
Како што вас не ви свирна пенал за раката на бускетс,така и нас не ни свирна на првиот старт на пепе над санчез.
Како што на Диара не му даде црвен,така во второ полувреме компензираше за неколку старта кои реално требаше да бидат жолти картони.
Си ја заебавте работата уште на првата утакмица и севкупно не заслуживте да одите понатаму.
 
Барса подобра на првата утакмица, Реал подобар на вторава утакмица.
Судијава вечерва неколку пати се изгуби, у прво старт на Диара за втор жут, му прогледа ептен низ прсти судијата у таа ситуација, али пак у второ немаше потреба да му дава втор жут на Рамос.
Сума сумару, можеби најреално ќе беше да заврши како првата утакмица, само сега обратно, односно победа од 1-2 на Реал и гледање продужетци а на крај и пенали..
 
Важно сега Мадридистите оваа реми ќе го рачунат за победа :D Ако бе ги разбирам им дава самодоверба!

Од кај знаете па сеа за што го рачунаме ремиво !? Е, чуден народ, самите си ваѓате теории самите ги потврдувате... :)
 
Што изигра реал генерално подобро изигра
Најмногу заради опуштањето на Барса и невообичаените грешки на средината
Сепак реал покажа дека сега е многу поблискѕ до Барса од порано.
За грешките на судиите, не знам само како може да ги гледате тие во корист на Барса.
Никој не кажа за пеналот од Пепе над Алексис (мислам беше), за црвениот на Лас, за wing chun ударот на пепе врз Фабрегас...така да...we are even
Барса заслужи и помина понатаму
 
Од кај знаете па сеа за што го рачунаме ремиво !? Е, чуден народ, самите си ваѓате теории самите ги потврдувате... :)

Па гледај коментарите на некои од вас. Ајде нема врска заебанција е....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom