Наше Маало

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
абе “тоа меШето Ушко“ у ист кош со јапанскиве створења, не оди :)
тоа ти е ко да го споредуваш САФ/Чиста Околина со Тони Зен :)

Затоа шиткаа слагалици, чипсови, смоки со покемони/дигимони и остали морони.... Комерцијала пријателе, исто ко Слаткар(иве) денес...
 
А зимско-рекреативна програма?! :D
-Се плашите ли од темнината?
И стандард Четврток Македонски народни приказни а во недела во 20часот - Др. Глобил!

Доволно! (y)

П.С
Офтопик: Принц оф персиа 1 на 386ка кога ќе ти дадат од дома да седнеш на ПЦ ;)

Ауу сум се посирал на серијата Се плашите ли од темнината, уште ми е во глава исечената глава од една сцена, а и Др. Глобил беше закон, ама поминаа тие одлични серии:unsure:
 
jas sega se navrakam na toa vreme zaedno so sin mi, mu gi pustam sekoj den na internet koga se ranime:).A najomilena nego mu e Vtora smena so deckite na letuvanje vo Ohrid( Biberce)
 
Абе, Мечето Ушко, Наше Мало, Големи и Мали, и нормално Македонски народни приказни со Колозов :love:
 
Беше интересно...мислам дека последните епизоди беа во 2003та, ако не се лажам. Имаше нови станари нешто така....
Мечето Ушко како што кажа Хип-Хоп го даваат секогаш како проф Балтазар...
Не се сеќавам баш на актерите како некој омилен во тоа време...интересна беше....со превод ова она......
 
Наше маало беше срање а и веќе не ни бевме мали кога ја даваа,како демек македончето,шиптарчето,циганчето.......си се другарчиња и си живееа среќно до крајот на животот.
Глупости. Гледам колку вродила со плод таа серија,ја гледале само македонци.

Се знае кои беа легендарни емисии од детството,Дајте музика,Во светот на бајките,Македонски народни приказни,БУШАВА АЗБУКА(НАЈЈАКОТО НЕШТО) и тоа е тоа.
 
71039_364594561584_567826_n.jpg
Денеска случајно се присетив што сум гледал како мал..
Одма на ум ми паднаа: Бушавата Азбука, Наше Маало, Мечето Ушко :P, Големи и Мали , Дигимон итн..
Сигурно и вие кога сте биле мали дечишта одвај сте чекале да почне Наше Маало..
Една од оние серии за деца која тогаш учеше на толеранција меѓу сите заедници кој живеат во Република Македонија и сите религии. Деца од различно етничко потекло и религија кој ги претопија малите разлики меѓу нив и формираа прекрасно другарство..​
Додека пак денес малишани што уште "носат пелени", се занесуваат со серии од тип на Долина на Волците (и ми иде сите да им мавнам по еден шамар)...​
Ај да не го дрвам многу дали се сеќавате на се ова? :)

Браво што ти текна за ова тема да направиш. Ниту една епизода немав пропуштено, Израснав со нив.
 
Браво што ти текна за ова тема да направиш. Ниту една епизода немав пропуштено, Израснав со нив.
-Колку да се потсетиме како било коа сме биле мали со оглед на тоа дека поголемиот број овде се родени 1993-1996. :D
-И колку да се види т.е. направи споредба со тоа како било порано и како е денес..
 
Темава ме врати во детството, кога имаше што да се гледа на ТВ, а не сега децата не знаат што е детска емисија :)
Освен на горенаведените, се сеќавам и на „Чудовиштата од нашиот град“ , „ Тасе и Васе“ , репризи на „Втората смена“ и „Девојките на Марко“ , „Палавковци“ , „Опстанок“ , „Кире - Бананамен“ , „Хипо и Чипо“ , „Шарам Барам“ , „Белото Циганче“ и имаше една емисија т.е. серија не ми текнува како се викаше знам дека Кирил Андоновски глумеше човек кој „не ги сака“ децата и не им дозволува да си играат.
 
а на 1000 зошто 1000 затоа ви текнува ??
или беше 1000 прашања и 1000 одговори со оние братот и сестрата на компјутер и оваа сестрата го праша нешто и тој цела емисија објаснува за тоа :LOL:
 
Колку само сум ја сакал серијата ко дете, а сега за жал ја заменија со долина на волците и таму уште некој турски срања:tapp:

P.S : Знае некој дали сеуште се имитува серијата?
 
-деца - а сто и една приказна во 19 часот и потоа
право во кревет, на радио во “60 години
телевизор имаше по еден во наше и во друго мало
исто така и тоа РТБ што ќе пушти тоа ти е.
Никола Автовски- Борис Мајсторот (така ли беше)
 
Гледам ја заборавивте Големи и Мали серијата.. :cool::cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom