http://zulu.mk/live/mtv-1Ima nekoj link za natprevarot?
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 14:17 ---
Dobro e najdov eden link.Sega neznam dali kasni ili ne ama sega e 2-2 na 6 min do kraj
Ај да пишам пред да идам да легнам. Колку време треба да чекаме за да се" изгради" репрезентацијата коа сите се за у пензија најстариот 1974, најмладиот 1982г роден. Оваа репрезентација се гради од поранешни репрезентативци на Србија, Ц.Гора, Хрватска итн, кои или отпаднале од селекцијата на својата земја поради недоволниот квалитет или старосната граница. Нашиве ќе им понудат договор за некоја солидна пара и дечките не гледам зашто да не играат за МКД. Вака не се гради репрезентација со готови производи кои и не се толку квалитетни. Напротив со тие пари што ги даваат за старциве можат да се вложат во младите деца, да се направи школа за ватерполо која би била база од која би се црпеле МАКЕДОНСКИ таленти, да се вложат во едукација на соодветни кадри кои ќе знаат како се прават вистински шампиони. Но секако тоа е еден многу долг процес кој бара многу вложување, и резултатот доаѓа после некое време 5-10 години. За да имаме добра репка прво ни треба македонска лига во која би имало натпревар секој викенд како играчите би дошле до таа натпреварувачка форма. Друго за базените и условите, нив воопшто не им претставува проблем базенот бидејќи сите се тренираат во своите клубови и се собираат 2-3 дена пред утакмица, така да нивниот тренажен процес не е оневозможен од факторот БАЗЕН И УСЛОВИ. Во спортот најпрво државата треба да вложува со средства од буџетот, што кај нас не е случај(зборам за индивидуалните спортови), кои вложени средства на крај би вродиле со плод и успешно претставување на некое големо натпреварување.Добро бе дечки, да се живи и здрави. Нареден пат подобро. Не се гради цврста репрезентација преку ноќ, треба уште време, посебно со фактот дека кај нас еден базен асален имаме како што треба. Со оглед на условите во кои тренираат, добри се. Ќе дојде време кога ќе се сменат работите на подобро, па ќе имаме и поголеми успеси. После битка сите сме генерали. Ама тие момци се дават во тоа базените. Ватерполо е многу зезнат спорт. Што се изначитав коментари деновиве по интернетов... Ако некој мисли дека може подобро, нека се пријави, преку интернет и јас можам да бидам најдобра во ватерполо, ама стави ме во базен да играм. Пола од тие што ги плукаат би се удавиле при првиот напад. Тоа е тоа. Да сме живи и здрави. До вчера што се вика, ватерполо во Македонија беше фиктивен поим, посебно па уште да учествуваме на првенства, тоа беше научна фантастика. Ете сега има чекори нанапред, тоа е најбитно. Со труд и со добри луѓе на правилни позиции, успехот нема да изостане.